За на државно преку матичен. Неодамна кога барав имаше често термин кај неа, мислам нема да биде проблем да најдете.
Како оди процедурата со упатот? Дали се зема еднаш или повеќе пати и дали здравственото ги покрива сите сесии?
Ќе кажам колку што знам од лично искуство. Земав упат од матичен за секоја сесија. Може да провериш на Мој термин кога има слободен термин и да се јавиш кај матичниот да ти закажат, па кога ќе можеш да наминеш да го земиш упатот. Е сега 2-3 пати се случи итно да ми треба и се јавував кај докторката да прашам кога може да одам, а од матичниот земав приоритетен упат. Околу плаќањето, здравството покрива голем дел од сумата. Плаќаш само партиципација (околу 100 денари). Јас одев еднаш во месецот, потоа на 3 месеци, па на 6 итн. Не знам дали може и почесто, пример секоја недела.
Здраво девојки, нова сум на форумов и би сакала да прашам дали некој има контакт од др. Ангелина Илиевска, работеше до пред 2 3 години во ПЗУ Калинка. Кога ми се појавија агорафобија и панични напади одев кај нејзе скоро цела година и бев презадоволна. Сега пак се враќам на старо и пробав да ја исконтактирам, но веќе не работи таму и не сакаа да споделуваат други информации во врска со тоа каде работи сега. Исто така добредојдена е и препорака за добар психолог или психотерапевт, за во случај да не ја најдам
Здраво луѓе.Цела година се мачам со анксиозност,но во последно време ми е премногу лошо,постојано се гушам,се тресам,се плашам.Целосно сум деконцентрирана,движејки се по пат,не знам кај одам,заборавам,не можам ниту да учам ниту да спијам,јадам. Ве молам препорачајте некој баш добар психолог,психотерапевт.
Зависи во колку сериозна состојба се наоѓаш и нормално како се чувствуваш. Една сесија неделно или на две недели е сосема океј. Оставај си време измеѓу да испроцесираш што сте разговарале, да можеш да примениш тоа што ти го препорачале, или едноставно да согледаш во вистински живот каде ги повторуваш нештата на кои сакаш да поработиш. Може ќе ти текне некое прашање кое во моментот не ти текнало да го прашаш. Не значи дека ако почесто одиш дека прогресот ќе е побрз или поголем, работата на себе е најчесто долг и бавен процес, дај си време
Здраво женски, дали некој има искуство со психолози/психотерапевти од ЈЗО Јавна Здравствена Станица на УКИМ? Како студент имам бесплатно советување ама не знам колку се добри
Здраво девојки, Јас имам прва сеанса закажано кај Ивана Хаџиванова следниот месец, дали можете да ми кажете искуство со неа, дали сте задоволни од нејзиниот пристап и сл. Исто, на инстаграм има две онлајн програми што ми фаќаат око како дополнителна "мотивациона" програма покрај психотерапијата, тоа се програмот 'Асертивна' на Елена Џебр и 'Алхемија на душата' на Ведрана Стојановска. Дали имате искуство со програмот на Елена досега затоа што не е нов или и вие сте заинтересирани за програмата на Ведрана, како прва нејзина од овој тип, па што би ми препорачале? *Доколку има посоодветна тема за прашањево, ве молам посочете ми. Ви благодарам многу!
Препорака за психолози или психотерапевти кои работат со лица со здравстени дијагнози како рак? Фала однапред!
Предложете ми психолог кој што би ми закажал за брзо. Прашав кај Ивана Станковска но многу чекање ми е. Пожелно да не е над 1500 од сеанса. Ми треба за областа партнерски, семејни односи.