1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психолог

Дискусија во 'Психологија' започната од Blue.Butterfly, 8 декември 2010.

  1. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Годините немаат врска.
    Има врска стручноста и искуството.
    ПРЕСКАПО и навистина е лудост толкави високи цени да имаат.
    После ќе се чудат зашто луѓето не идат на психолог.
     
    На Гладиоли и MakeDamnSure им се допаѓа ова.
  2. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Машки
    Епа тое е безобразие...Од една страна се декларираш да помагаш за заздравување на ментално здравје, а го минираш тоа со превисоки цени...не е ваљда дека ви ја кажува мудроста на цар Соломон па до толку да е успешна да ви предизвика позитивна преобразба од корен и дебело да го наплати тоа да ве изгори со цената...
     
    На sj *O*, MakeDamnSure, noteforself и 2 други им се допаѓа ова.
  3. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Како немаат врска те молам знаеш што значи општо во медицина да имаш искуство, да умее да препознае да видела повеќе случаи, различни случаи итд итд. Ајде да е психијатар ла да речеш помлада, понови антидепресиви знае. Плус не верувам дека толку млада ги завршила сите школи и курсеви што постојат па као "врвна" е ...
    А има многу гледам советувалишта и психолози што дерат пари а ништо не знам вау не прават.
     
    На GirlLove и BlackNight им се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Збориме за психолог, не за психијатар.
    Многу важно е искуството.
    Иначе да, се согласувам дека се прескапи.
    Нови отворени советувалишта, со цени над 1500. Нема смисла.
    Реално и немаат трошоци големи па да ставаат толку високи цени.
    Наместо да се поевтини за да може секој да си дозволи, овие ставаат цели за само 10% од луѓето да можат да идат.
     
    На Dreamsdocometrue, sj *O*, MakeDamnSure и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Ајде вака.

    Дали е прескапо - да, дали она е виновна за тоа - не. Буквално се е поскапено, се. Во нормална земја досега Владата ќе беше запалена, затоа што се е поскапено, а на нив тоа им одговара, они повеќе се збогатуваат.

    Има поскапени работи што немаат смисла да бидат поскапени, туку само да се искористи профитот и има луѓе што ги поскапуваат своите услуги затоа што си ја знаат вредноста и си го ценат трудот.

    Ивана поскапе откако сите други претходно ја кренаа цената и нејзината цена дојде на исто ниво со некои што го немаат нејзиното искуство. Има 38 години инаку, не е рандом девојка штотуку излезена од некоја академија. Видете и ја биографијата, буквално она прави надзор над сите други терапевти и проценка на пилотите во АРМ, не е баш дека не ја бива. Скапо е, ама искрено не ми е она крива за тоа, криво ми е што и стандардот не расте пропорционално, а за тоа криви се тие у блиндирани мерцедеси што се возат.

    Не ги открива тајните на цар Соломон ниту Ивана, ниту било кој друг. Ама и те како те носи на едно повисоко, посвесно ниво, секако ако ти си ја работиш работата што се бара од тебе. Искрено, денарче не жалам од париве што ги давам на сесии, затоа што вистинската работа на себе е внатрешна, не надворешна и материјална.

    Имам искуство со блиска личност што со години веќе ја дава оваа сума на советник, наша девојка што живее во Лондон а и го уназади животот, затоа што битно и е само да цица пари. Викам советник, пошо не е лиценциран психолог и не смее така да се најавува. Ама наиде на емотивно нестабилна личност, па успешно успеа да ја цеди со години веќе, а не само што не и помогна на личноста, туку и ја уназади.

    Затоа, многу е битно да проверите убаво кај ги давате парите. Не викам дека тоа треба да биде Ивана, само велам дека работата на себе е најважна и треба да си направите истражување, да видите кој има лиценца и да пробате со кој ќе "кликнете",затоа што вреди секое денарче ако се погодите, иако цените се скапи за наш стандард.

    Ама, па повеќето 1500-2500 ги даваат у една вечер во Мош, Интермецо, Трибека и сл. само за да бидат видени таму, така да, се е и до приоритетите.
     
    На CameliaMiller и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  6. Mr. Scratch

    Mr. Scratch Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2020
    Пораки:
    502
    Допаѓања:
    3.968
    Вие стварно се трудите да најдете оправдување дека е во ред да се наплаќа 2500 денари од сесија??
    И згора на сѐ термин после два месеци.

    [​IMG]
     
    На Dreamsdocometrue, sj *O*, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  7. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    МНОГУ СЕ дури и 1800 како што беше 2018та па и 800(минимум што ми намали една) се многу и беа многу и ќе бидат, дома едвај сметките ги плаќаме, социјалното ни денар не се покачи и да дадам 2500 за што? Дали има 60 минути воопшто, за некој да ми клима со глава или да си фаќа некакви забелешки? 30/38 пак за мене се недоволно. И пред 5 години сигурен сум дека околу 40.000 земаа месечно камо ли сега... Или ко Софијанова кредити имаат а? А АРМ и нашата влада не се мерило за ништо за рѓа и пропаст се мерило. И да ова не е само за таа Ивана па само денес прочитав куп психијатри секако на приватно што прво лажат, не може секој психијатар да лечи се, постојат супспецијалности а овде сите лечат све, сите се некои магионичари, после уништуваат животи не помагаат воопшто немаат никаква емпатија ( тоа им е и дел од "тренингот" ) итд итд. Они си дерат пари а ние додека не си направиме нешто за себе ќе продолжат да нѐ молзат.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    На кратко ГИ ПРЕЗИРАМ СИТЕ ТИЕ
    ( Секако овде спаѓаат и тие што се криви за овие цени и тие што ги напишале и тие што секој ебан ден нѐ крадат и уништуваат)
     
    На sj *O*, Гладиоли, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Идете на државно пример кој е во Скопје и кој е на почеток на овие кризи имате Јасмина Јонуз во МВР амбуланта, мислам околу 400 денари е неколку пати имате право во месецот да дојдете истото е и кај еден Павел во Железничар тоа се психолози бтв... А психијатари знам една ама таа е за малолетни, на Клиника ако сте млади или адолесценти имате Мариј Ралева, некој ми ја препорача и Ана Филипче.
     
  10. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Пред 5 години појдов на приватно кај психијатар, кај Славица Гајдазис тоа ви е позади Капитол и дете од 16 години немав појма гледав надеж и кажувам кажувам и жената ми зема 2.000 за буквално да ми рече на крај " дали сум сакал да завршам како брат ми" а брат ми тогаш почина а беше дете со посебни потреби и моите се грижеа за него цел живот. И ми рече исто така на момент сум звучел ко да имам 7 а на друг момент 77 години а јас цел исплашен дека ќе заболам од шизофренија или друго тешко растројство, цел врат ми беше укочен ме болеше имав панични напади 3 месеци веќе и брат ми само што беше починат. Еве само да кажам СЛАВИЦА ГАЈДАЗИС НИКАКО!
     
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Ајде вака
    Пред да формираш цена за нешто треба да видиш дали луѓето можат да си го дозволат тоа особено ако се занимаваш со некој здравствен аспект, како што во случајот е менталното здравје.
    Немаат никакви други трошоци, за толку да ги зголемуваат цените.
    Второ, нека се споредат со психолози во странство, одма ќе видат каде се. Искрено нема споредба психолог во странство и во Македонија. Далеку постучни и попрофесионални.
    Мене мо нема никаква логика да ставиш цена која моме само 10% од луѓето да си ја дозволи и да се чудиш зашто луѓето не идат на психолог, притоа наметнувајќи едно уназадено мислење дека населението има стигма и само на психолог идат ненормални луѓе.
    Значи ако некој зима минимална плата, прво и најважно е да се прехрани себе и семејството и нормално дека нема ни да помислува да иде на психолог.
    Затоа тие психолозите, за кои повеќе од половина знам дека се продавање ветер во магла, треба да се преиспитаат пред да ги стават цените високи до небото.
     
    На Dreamsdocometrue, BlackNight, The.E.T. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.981
    Допаѓања:
    123.882
    Пол:
    Женски
    Две илјади во државава е претеризам кој само богатите можат да си го дозволат.
     
    На The.E.T., Mrs. right, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.713
    Пол:
    Женски
    Дур сме кај цениве.

    Па, нека напраат, не знам, програма за лојалност, пример после 3та сесија влегуваш во Програмата за лојалност.
    3х2500=7 500.

    Имаш, нека биде прво 10% ПОПУСТ за наредни 3 сесии, после нека даде 20%, ако одеш повеќе сесии.

    Ако се сака, се може.

    И немојте да ка споредувате Македонија со другите држави.
     
    На Mumoftwo30, Гладиоли, NoirSerpentine и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    12.188
    Пол:
    Женски
    Ауу, па ваљда самиот си проценил уше тогаш кој е за на психијатар, не за на психолог. Ментална лудача, се кажува ли на дете такви работи, плус во осетливи години, а поготово траумите кои си ги преживеал...(wtf):envy:
    Не бе не, тоа све забегано е кај нас, профитери алчни, само џебот полн да им е, друго не се замараат.
    За вакви идиоти само одземање лиценца, не заслужуваат ваква помагателна професија да работат.
    Колку само алчни, бесчувствителни и гнасни створења работат како лекари, психијатри, психолози што немаат ни ч од човечност.(facepalm):x
    И после се чудиме зашо луѓето избегаваат да идат кај нив и се праат поголеми професионалци, препуштени сме сами на себе, тоа е и принудени сме самите да си го бараме чарето како знаеме и умееме.
    Тие што се асални на прсти се бројат за жал.
     
    На The.E.T. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Ја види, би идел да знам дека ТОА Е ТОА, онака магично да ми каже некој во сон, ќе ги фрлам сите пари што се заштеда не е битно ако знам дека ќе се "спасам". Ама најчесто човек ќе отиде неколку пати ќе фрлиш еве 100 евра и на крај ништо нема да биде... И после си фрлил пари за глупости, кога таа особа нема да ти одговара прво...
     
  16. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Ова е супер идеја ама ништо од тоа овде... Има мислам попуштаат малку со цените кога човек нема да си дозволи ама сепак многу е ...
     
    На Гладиоли и GirlLove им се допаѓа ова.
  17. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Абе дечки, јас ПРВА реков дека цените се претерани, не само за ова, туку за се стана лудило. Имаме повисока инфлација од Шведска. Не е нормално ова. Ама ако не се буниме таму кајшто треба, можеме само побрзо да прифатиме дека цениве ќе останат и никогаш нема да биде како порано.

    Секој си има приоритети. Можеби не е се за на психолог, ама таму кајшто треба, ако е добар изборот и ако го работиш твојот дел - помага и за тие пари јас не жалам. Другото е буџетирање. Ако чувствувам дека имам потреба од сесија следен месец, овој месец нема да искачам секој ден по кафани или Мош. Пошо, за мене ништо не е побитно од здравјето, а за жал, игнорираме дека треба и на менталното здравје малку фокус да му фрлиме.

    И ова е капитализам, не социјализам. Секој си го наплаќа својот труд и најчесто според регулативи, комисии, анализи, просек. Само политичарите и уставните судии можат од ракав да си ги зголемат своите плати за 78% и тоа за три дена да се заборави.

    И не е се во странство розево, од искуство ти кажувам дека ние имаме многу поквалификувани кадри во многу области, ама други околности влијаат тука.

    И ко што реков, баталете ја Ивана скроз. Најдете било кој што вам ви одговара и финансиски и карактерно да кликнете, грижата за себе, нема цена.

    И да, некогаш ми кажува работи за кои и самата сум свесна, ама не можам да негирам дека сепак за многу работи ми помогнало идењето на психолог, мене лично. На сите ни треба минимум муабет, на некои и повеќе и терапија и сл. Ама на сите ни треба екстра помош за психичка стабилност покрај се што се случува околу нас, во семејството, во овој луд Балкан, секое можно поле е ужас тука, само стресови, фрустрации.. Да не се лажеме дека ништо не ни е..
     
    На CameliaMiller и GirlLove им се допаѓа ова.
  18. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Ти со кои психотерапевти имаш искуство? Имаше ли фајде од некој?
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Прво ја побарав Елена Џебр, ми се чинеше дека ќе кликнеме ок, ама тој период беше на трудничко она, па забаталив малку. После, ми се изнадесија куп ствари и осетив дека сепак ќе ми треба помош од страна малку, затоа што осетив дека не можам и со ова пак да се справувам сама, па најмногу препораки добив за Неокортекс. Отидов таму без очекувања, ама искрено ми се погоди Ивана доста мене. Некогаш поддршка, некогаш tough love и не сакав да менувам друга, па пак од почеток запознавање со некој нов, ама само затоа што ми се допадна дека одма ме сфати. Да не ми се погодеше лично, ќе морав да барам друг, затоа што решена бев со психолог да ги истерам работиве.

    Други кои ми ги имаа пофалено од блиски искуства мислам беа Ивана од Мандала и Тијана од Себесложувалка, можеш да ги провериш и нив.

    Ама на крај, магично стапче они немаат, контролата за се е само во тебе, они само ти помагаат да го сфатиш тоа и да набилдаш самодоверба за да почнеш да работиш на себе. Процесот е тежок, напорен, скап. Многу работи кои си мислел дека функционираат, сфаќаш дека не се ок, од многу луѓе ќе се дистанцираш кога ќе сфатиш дека ти повеќе вложуваш во тој однос, ама на крај ќе бидеш здрав, среќен, исполнет сам со себе.

    Јас немам деца моментално и си викам добро што почнав да си средувам некои лични работи уште сега, за утре да пазам децата да не ги повторуваат моите патерни, да бидам посвесна малку. Затоа, да, ПРЕСКАПО Е, ама на крај некои работи немаат цена. :)
     
    На Mumoftwo30, Akapulka и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Од искуство кажувам психолозите од Македонија не се ни блиску стручни до оние во странство.
    Во Македонија секој што завршил само факултет за психологија си зема за право да збори за анксиозност о депресија, а само со факултетот не си стручен за збориш за овие проблеми кои може да се и страшни дијагнози.
    И да, не може некој со 0 искуство, новоотворено советувалиште, цени да става превисоки.
    Е после луѓето не идат на психолог, е па не идат. Кога треба да одлучат меѓу јадење и идење на сеанса, многу јасен е одговорот.
     
    На Mumoftwo30, Гладиоли и The.E.T. им се допаѓа ова.