1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психолог

Дискусија во 'Психологија' започната од Blue.Butterfly, 8 декември 2010.

  1. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Дали има некој искуство со Радмила Живановиќ од Психотерапика? (Ако знаете колку е сеанса и тоа пишете бидејќи не можам никој да добијам)
     
  2. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека има многу нестручни, кои за пусти пари, за жал, полошо ќе направат. Имав посочено погоре баш таков пример. И да, проблемот можеби го прават "новите" што од старт почнуваат со висока цена, а не се на исто ниво со другите, затоа овие сепак мора да се дистанцираат од нив, за жал, така што и нивната цена иде нагоре. Ама сепак мислам подлежат на некоја одговорност од повисоко ниво, не може баш од ракав да тресат цени, односно, се надевам дека не е така. Битно има избор за тие што решиле да одат, сигурно за секого ќе се најде некој што му одговара лично нему, па е ок.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  3. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    И колку ти намали за цената? Јас имам мешано анксиозно и депресивно растројство и окп не знам дали ќе вреди да појдам. Колку време се чека за термин?
     
  4. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Павел во Железничар
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Дали за брзо време наоѓаш термин дали е услужлива? Се обидов да прашам денес на некои места ама никој не добив не знам како ќе ми е утре бидејќи многу ми се влоши состојбата имам суицидни мисли, нагони за самоповредување и сакам од некој да добијам насока
     
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Женски
    Речиси се' останато што напиша од овој цитат е на место. Ама ова во никој случај не е. Да споредуваш дека некој има толку пари за да остави во дискотеки со тоа што некому му е потребно советување за ментално здравје е во најмала рака невкусно.
    Ова е многу сериозно, а оние кои можат да си дозволат такви излегувања се толку малку што не вреди ни да се споменуваат, во споредба со останатите кои не можат да си дозволат. Па да вклучиме луѓе кои немаат можност да посетат стручно лице во сопственото место и мора да патуваат, кога ќе ставиш вкупно - многу повеќе е.

    Нека си држи кој сака цена. Негов избор, секако.
    Не знам дали ти или некој друг спомна дека било капитализам. Да, е, ама уште живееме (ЗА СРЕЌА) во социјалистичко уредување, преку кое всушност може да си дозволиме (каква-таква) медицинска посета. Само некако многу лесно почнавме да оправдуваме високи цени и приватно здравство, наместо да се бунтуваме против истото. Ама за жал ни пандемијата не не' научи на тоа.
     
    На Mumoftwo30, Гладиоли и BlackNight им се допаѓа ова.
  7. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Кај Ивана конкретно отприлика се чека 2 месеца, мислам толку и кај другиве што ги спомнав. Услужлива е многу. Јави им се, кажи дека ти е многу итно, побарај дали имаат побрз термин или барем ако можат нека те упатат на друго место, да ти дадат број од негде.

    Барав сега, не најдов контакт линија, ама можеш да се јавиш на 112, тоа е функционална кризна линија тука.

    Што и да мислиш, ќе помине. Наштетување на себеси не е решение во никој случај! Знам дека е тешко, знам дека мислиш дека си сам, ама не си. Сите поминуваме низ најразлични тешкотии, ама се поминува ова. Успехот после тешка борба е уште поголем и посладок. Самото тоа што пишуваш тука и бараш помош, доволно кажува за волјата за живот што ја имаш, држи се до неа, сите други мисли исклучувај ги една по една. Животот знае да биде тежок, ама е и прекрасен и премногу вреден.

    ТВОИТЕ НАЈДОБРИ ДЕНОВИ И НАЈСРЕЌНИ МОМЕНТИ ДОПРВА ТЕ ЧЕКААТ! ДРЖИ СЕ ЗА НИВ!
     
    На Akapulka, GirlLove и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Ама дипломиран психолог, ни психијатар не е психотерапевт.
    Посебна школа е за психотерапевт, посебна лиценца си е.

    Мојата психијатарка не е психотерапевт, ниту навлага премногу во тие води со мене и си ја брка својата работа.

    Знајте дали одите кај психолог, психијатар или психотерапевт, оти првите двајца за да работат советодавно си е башка.
     
    На Akapulka, Smiley92, MarijaMi90 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Smiley92

    Smiley92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2021
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Низ народов владее веќе апатија и не можам баш да кажам дека е неоправдана. Од што сите се потиштени колективно, нема кој да се побуни. Нашиве ќе се бунат? Тие кои им зависи работата од штаб ќе се бунат? Или младите што веќе си отидоа?

    Мене ако ме прашуваш, одвај чекам да ни се случи онаа сцената од Бетмен, кога Бејн почна да ги вади сите од фотелјите надвор, на мразот, осудени да пропаднат во него. Дур не се случи тоа, џабе е се друго.

    Не ме сфаќај толку буквално. Имам многу примери такви што ми се жалат не им стигнува платата за основни работи, ама секој викенд се по дискотекиве и кафаниве. Нека не е Мош, нека е друго искачање, нека е нова кошула, нека е јадење секој ден надвор. Од нешто ќе мора да се скрати за жал, за да се исполнат приоритетите. Пак ќе кажам, за жал. Затоа што знам и јас колку кратам на се друго кога ќе решам дека ми треба сесија пак. И досега ми беше скапо и овие +500 ден ми значат многу. Ете ми ја сметката за интернет буквално. Не оправдувам, не ми е по ќејф ама ич, ми се стегаат можностите уште повеќе, ама тоа е.
     
    На The.E.T. му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    2.276
    Пол:
    Женски
    Тогаш тие што се во државата да престанат со се' и да чекаат крај? Што ли прочитав... Можеби не е тоа она што сакаш да го кажеш ама уште полошо излезе. Да, јас, ти, сите ќе се буниме, а не да го оправдуваме.

    Мислам дека не го сфаќаш опсегот на луѓе кои го прават ова што го наброја. Имајќи ја во предвид целата држава, пак ќе повторам, овие што ги пишуваш се премал процент, сметајќи дека најголем дел не можат да си дозволат ниту на страна кафе да пијат, дури и при кратење и би жртвување најмногу што можат.

    Ти имаш сметка за телефон, некој не ни има телефон со претплата зошто и тоа му е „луксуз“. Сега стави советување, потенцијално лекување и пари и за тоа.
    Да, секако дека има луѓе кои живеат на кредити и онакви какви што ги опишуваш ама примеров се сведува на лекување. Не смееме да мислиме дека е ок затоа што е капитализам (да, знам дека не се изрази баш вака но суштината е таа).
     
    На Гладиоли му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Тоа секако дека се посебни едукации.
    За тоа што кажав дека си зема право да збори за овие состојби кои може да се и дијагнози, се однесуваше на тоа колку психолозите кои се само дипломирани несериозно ја сфаќаат сериозноста на овие состојби.
    Прво и со само факултет не знаеш буквално ништо, ни што е анксиозност, можни причинители, не па да си земаш за право да збориш како да си некој стручен за тоа.
    Инаку во Македонија во однос на консултации и психотерапија се премногу измешани работите.
    Пример, за консултација некој да извршува не мора да ја има дозавршено школата за психотерапија.
    Друго, на школа за психотерапија може да се запишат и непсихолози. Дали ова е во ред? Според мене не, иако се работи за различни професии, кои се многу поврзани една со друга.
    Трето, кога идам кај психолог/психотерапевт треба да има соодветен план и структура на работа, не тоа да изгледа како да сум отишла на кафе со најдобрата другарка.
     
    На Smiley92, The.E.T., BlackNight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.265
    Допаѓања:
    5.506
    Пол:
    Женски
    Зборуваш од аспект на претпоставувам млада личност, но замисли еве да си родител на дете кое има потреба од психолошка поддршка или психијатриска, а мноогу често и од едно и од друго, бидејќи овде и на дефектолог и на психолог да одите со дете ве препраќаат на психијатар откако неколку сеанси ќе ги потрошат со вас. Потоа, замисли и самиот родител, неретко и двајцата поради тешкотиите кои се соочуваат да имаат потреба од вакви услуги, па тоа би биле во некои случаи најмалку 100 евра месечно, а неретко и повеќе.Каде се сметки за струја, вода, облека, школување??? Каде е тука Мош или Трибека во сликава? И зарем треба да кубуриме, додека тие баш си ги полнат џебовите, а замисли некои од нас смртнициве работат далеку потешки работи со потенцијална опасност од инкриминација од било каква грешка во работењето, додека не чув еден од нив материјално или кривично да одговара? За семинарите, обуките и работилниците, како што гледам за секого им се наменети, кој стигне си организира, сигурна сум топла вода не измислуваат.На крајот од денот, нека не е Мош, ама па за млада личност социјализација, излегување, дружба со врсници и запознавање нови лица и тоа како е корисна за психичкото и менталното здравје.
     
    На The.E.T. и Гладиоли им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Маќе психолог знае што е анксизност, депресија и сите останати болести. Ги учиме на факултет.
    Не можеме да ги лекуваме без да одиме во психотерапевтска школа или да специјализираме клиничка психологија.
    А дека знаеме и ги учиме, ги знаеме и ги учиме. Но со само дипломирање не сме психотерапевти.

    Инаку знам дека во психотерапевтски школи и луѓе што не се психолози/психијатри може да се запишат, јас не се согласувам со тоа, но така е секаде, и по странство.
     
    На MarijaMi90, nextredstyle, The.E.T. и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Советникот е наша девојка? Мислам дека знам за кого збориш....spill the tea, може и во лп. :D

    Инаку, за приватно цените се тие. Не знам па зошто мора на приватно да се оди, ете има и државно, и тие се исто психолози. Секоја услуга е скапа на приватно, не може да стават цена 200 денари. Со инфлацијата се сразмерно зголемени, тоа е.
     
    Последна измена: 21 јуни 2023
    На Smiley92 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.563
    Допаѓања:
    38.645
    Пол:
    Женски
    Да, затоа секој викенд нема место игла да се фрли по кафани, дискотеки и барови, затоа што луѓето немаат пари.
    Не ме сфаќај погрешно, не мислам дека сиромаштијата е лажна. Само мислам дека огромна улога играат и приоритетите, ако не и примарна.
     
    На Smiley92 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Не.
    Не знам на кој универзитет учиш, но на филозофски во Скопје буквално НИШТО не се учи подетално за анксиозност и депресија.
    Е сега очигледно различни критериуми имаме за тоа што е знаење. За мене психолог само да знае да дефинира анксиозност, без најнови истражувања, искрено не е доволно знање. Со истражувања од 1950 година, да го збори сега, нормално дека не е правилно.
    И да, во странство не може да се запишеш на психотерапија ако не си психолог/психијатар.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.713
    Допаѓања:
    266.242
    Дефинитивно може, во ЕУ земја, дипломец и магистер на економски е веќе 3 или 4 година во школа. По закон ќе добие лиценца кога ќе заврши школа.

    Не знам зошто мислиш дека од 1950та дефиниции се учат ама ок, мислам очигледно се учат постулати и како е до нешто стигнато, ама фокусот на предавања, презентации е денес.

    Пример само, учебникот хумана генетика во 1 семестар на УКИМ е 2018та, таман си е со "времето".

    Кешки само дефиниции да учевме, изи бизи факс ќе беше, ама не е.

    Не само психологија, на секој факултет се учат и постулатите и сегашноста, мислам замисли медицински да учат само 1950та што било. Се учи во контекст на историја и како од тоа тогаш е ова денес, буквално имаш паралели итн. Во 1950та пример не ни постоела дијагноза анксиозност.
     
    На Smiley92, MarijaMi90, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.461
    Допаѓања:
    7.834
    Пол:
    Женски
    Во ЕУ можеш да бидеш психотерапевт со завршен факултет психологија или СРОДНИ НАУКИ.
    Значи не може некој со завршен факс историја да биде психотерапевт. И во пракса обично ова го нема.
    Не мислам дека се учат дефиниции и работи од 1950 година, знам дека е така.
    Јас не реков дека не треба да се учат. Но НИКАДЕ во програмата по психологија, во НИТУ еден испит не се вклучени најнови истражувања. Уште се дискутира за истражувања од минатиот век.
    Не знам каде прочита во моето мислење да не се учат работи од 1950. Но проблемот е само што тие се учат, НИШТО друго.
    И да, програмата по психологија на УКИМ е многу назад во времето наспрема странство.
     
    На Smiley92, The.E.T. и Trexane им се допаѓа ова.
  19. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Нишо и од Ивана се јавив многу се чека за термин, не замолував пошто се јави сестра ми се чини а и онака не верувам да дадат потенцијален клиент туку така, не ми ни текна не е битно и кај Радмила и кај Катерина од Синерџи прашав сите се зафатени. На 112 сум се јавувал за мајка ми нема некоја линија посебна мислам од психијатрија а и од тоа минато искуство што го имам е никакво, и вени да исечам не им звонам ниту брза помош ќе барам, знам дека им фалат и возила и персонал ама и од таму се никакви. Инаку фала ти за поддршката ништо не остана освен приоритетен за клиника да барам
     
  20. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    29.263
    Пол:
    Женски
    Не знам од кај ти е оваа информација ама врска нема:D Да факт е дека има помалку предмети клиничка психологија, ама дека не се учи подетално не е точно. Башка што во трета година имаш предмет психопатологија кој што го предаваа професори од медицински факс, што работеа на клиниката за психијатрија и се оди таму, во Бардовци и во домот кај пролече каде што се работи со најразлични пациенти.

    Извинете за офф топик.

    А on topic:
    Веројатно и претходно имам пишувано, ама за мене од се срце препорака за Тина во Когниција, мене жената ми го смени животот. Ама факт е дека треба да се пробаат неколку различни психолози/терапевти додека не кликнеш со некој, многу е битно да си погоден со психологот и да се чувствуваш комфорно да споделуваш.

    Исто кога бирате психолог/психотерапевт битно е да видите кој правец го работи. Пример мој психолог Бојана ми се чини се вика, работи семејна психологија. Ивана што ја препорачувате ми се чини работи гешталт, Тиана исто. Во Когниција работат со когнитивно-бихевиорална психологија. Сите имаат различен пристап.
     
    На Akapulka, crimson, Smiley92 и 2 други им се допаѓа ова.