Да овде подобро да се смени или додаде темата или пак нова да си пишеме Препорака за психотерапевт, а психолог веќе мислам ми изгледа како сите од филозофски да сакаат да работата како сите да сакаат како терапевти да работат ретко кој останува за по школи или слични само на психолог а и одма рипаат да лечат анксиозност депресија итд мислам тие млади некои што завршуваат или во близо време завршиле. И веќе психолог само му треба на дете до 15 години најкасно, све после тоа треба психотерапевт и психијатар да се бави јас сум бил во средно пример и ми кажа директно дека не може до толку ништо да направи само вака чисто како поддршка да ми биде и мене еве одамна ми се разјаснети тие "видови"
Чекај јас мислев само со завршена општа медицина може некој да е клинички психолог, сега прочитав кај многу дека биле клинички психолози ова не знам мислам ново нешто е?
Државно нема психотерапевти мислам ретки се, т.е. некој како пример Јасмина Јонуз во МВР мислам дека има и некоја плус школа за терапевт ама на државно нема ова. Ама извини и пред короната и пред војната овие цени беа големи еве приватно психијатар со не знам колку искуство,општа медицина и специјализација за психијатар плус има некои земаат школи за советници па околу 1000 денари а терапевтите се над 1500 сите
Да да, психопатологија, ги знам и психијатрите кои предаваат. Тоа ни на предавање не личи. И после полагате испит со дадени прашања. Баш на психопатологија НИШТО не се учи.
Прво, како може со општа медицина да биде психолог? Инаку, има специјализација медицинска психологија на мед факултет. Со завршено тоа си мед психолог. Ниту си психијатар, ниту психотерапевт.
Кај Бојана исто имам секако еднаш отидено 2018та и финтата им е тука минимум 1000 да ти извлечат кога човек не знае кај кого ТРЕБА И МОРА да оди него онака си бира а секако на нив им се добродојдени и 100 камо ли 1000ден. Ова треба психијатар фа одреди ама секако овде кај нас и психијатрите лекуваат све поготово тие во пензија а колку што знам постојат супспецијализации паваљда секој психијатар може да си избере или шизофренија или анксиозност си има оддели на клиника. Се јавив денес баш кај таа Зора Митиќ и сестрата или секретарка што и да е ми рече за пола саат 1000 ден за 1 саат, 2.000ден мислам страшно смешно ми дојде како да плаќаш проститутка Безобразни се, лажат и крадат толку...
Па лесно како што може во странство да си терапевт Ја мислев дека тие се тие клинички психолози не знам овде ваљда све можеш да бидеш само ако имаш пари
Имам отидено еднаш кај Бојана и искрено бев премногу незадоволна. Никаков план за работа, никаков професионализам, буквално како на кафе да бев искочена. Инаку не е исто клинички, медицински психолог со психотерапевт. Различни едукации се потребни.
Инаку во средно медицинско Скопје се учи од книга микробиологија од 1980, на факултет божемски катедрата ја составиле колку е адаптирана со најновите сознанија не знам. За други книги сигурен сум дека вака прават. Еве пример имаме нов правопис од 2016та колку е вметнато тоа во учебници мислам 0%
Искрено пред 5 години се занимавав со ова кој што како каква школа сега веќе некако немам доверба во ниеден и не гледам многу надеж, кога па ќе слушнам за цениве... Подобро да лежам на клиника. Таму еве немам појма дали има мислам би требало да има психотерапевти
Инаку еве да споделам некој ми пиша за психијатар што се бавел со психоаналитика као официјално, Соња Алексиќ направила страница на фб ставила број, се јавив прво ми вика од кај ви е бројот и после кажа веќе не работела..
А да не знаеш што е ова читам кај оваа Искра, терапија базирана на сочуство, што би требало да значи тоа?
Која Искра? Може подетални информации да дадеш? Терапија базирана на сочувство?! Првпат слушам, а и чудно звучи.
На фб страната имаат како кратки биографии пишано кој кај работел и која година, таму ја најдов не знам пишуваше Искра некоја можеби е нов член таму
Не знам што е работава ниту онаа Радмила ми кажа ниту сега од Когниција за цена на сеанси, колку те чинеше тебе и колку време трае? Директна особа е, се обидува да го најде коренот на проблемот или? Мислам на Тина
Сега видов. Вид на психотерапија е. Ги зема предвид чувствата и рационално, значи когнитивно работи на проблемот. Мој предлог е да работиш со Тина.