Утре јави се и прашај. Како може да не кажуваат колку е? Јас бев многу одамна и сум сигурна дека цената не е иста.
Бев па закажав пак она на одмор си отишла и сега треба дури следна недела да идам немам сила да идам кај друг све одново да мелам
Клиничка психологија е втор циклус на студии, т.е. постдипломски за психолози (не знам дали можат други). Психијатрија е специјализација за тие што завршиле општа медицина. За психотерапија постојат правци/школи, башка си е тоа од факултет.
Ама сеа закон ли да ти извадам дека не си во право? Освен ако не студираш на психологија, не знаеш, башка многу скоро споредував наша програма со државен универзитет во Загреб конкретно, малтене идентична беше програмата. И да, за психотерапија, државјанка на ЕУ, магистер на економски, со средно гимназија, за 2 или 3 години ако успешно ја помине обуката ќе стане психотерапевт. Економија ич не е сродна наука. Така си е, ни јас не мислам дека е исправно, мислам дека со психотерапија можат да се бават само психолози, психијатри, дефектолози и евентуално педагози со деца да работат психотерапија. Исто. Клиничка, психодијагностика, психопатологија, психологија на лица со посебни потреби имам полагано како редовен студент, за сите од медицински ми беа професори и + морав да одам на пракса за да можам воопшто да полагам.
Не знам како е во Хрватска. Досега немам сретнато некој да одржува психотерапија со економски. Може во Хрватска има, во другите ЕУ земји немам сретнато. За ова клиничка, психодијагностика, психопатологија, психологија на лица со посебни потреби, ако збориш на УКИМ, само за психопатологија беа психијатри. За другите предмети се психолози.
Лани во јуни во Когниција беше 1800 денари сеанса, а овој јуни не знам. Тогаш во мај се јавив и побарав термин за кај Тина, ама дури во септември ми рекоа.
Автоматски не идам таму а и да закажам сега нема да се појавам тогаш. Што терапевт ќе беше она бре...
Знам знам пишав знам 4 години е специјализација овде знам Гешталт институт сум бил кај Каролина. Ама чекај како втор циклус на студии и покрај тоа можеш магистар да упишеш?
Епа или магистрираш или си клинички психолог така? Бидејќи еве кај оваа Тина прочитав м-р, или тоа ви доаѓа како магистер само бираш насока?
Неважно е што е професорот, него што е предметот. Психотерапија не е медицинска наука, не се студира. Психијатрија си е специјализација, се мешаат поими. Само што едно ти викам, не е вистина дека дипломците "немаат поима". Имаат, не учиме само дефиниции, не учиме ни од 1950 книги, плус професорите на сите 3 факултети кај што има психологија свој материјал имаат, плус и како вонредна сега (3 редовна, 4 вонредна) пак имам истражувања и презентирам релевантен сегашен материјал. Нема "бегање" од тоа. Исто за да полагаш, мора да одиш на пракса, со сегашни пациенти и професионалци кои работат со нив. Нормално, не е доволна диплома за да се бавиш со советодавна психологија (ни психолог, ни психијатар), затоа си е башка тоа за тие што сакаат да се занимаваат со психотерапија (а мал дел е искрено - еве јас лично никогаш немав и немам намера да се занимавам со тоа). Добрите психотерапевти не можат да бидат "ефтини" затоа што премногу имаат вложено во своето образование, башка е потребно постојано надградување и одење на конференции, семинари итн. Тука решение е државата да ги вработува, ама и да ги плаќа како што треба. Затоа речиси и нема психотерапевт државен. Не се исплати. А за да останеш во таа струка доживотно се образуваш итн. Самиот факултет никој не го прави преспособен, праксата го прави, зависно што учи нормално. Затоа на медицински конкретно, последната година им е цела пракса, а специјализацијата им е 6 години реална пракса. Едит: јас имав прекин во студиите, кога почнав, пример, се учеше двосеместрално физиологија, еден семестар генетика. Како чисто биолошки науки. Знам дека сега се стрпани во еден предмет, хумана генетика и физиологија, а баш е убаво (ич не е лесно, него полезно) подетално учење на биолошкиот аспект.
Магистратурата ти е смер "клиничка психологија". Да, ако магистрирала клиничка психологија, клинички психолог е.
Не, апсолутно не реков да престане се и луѓево да си го чекаат крајот, туку само констатирав каква е фактичката состојба и еден од корените на проблемите. Не викам дека нема сиромаштија овде, НАПРОТИВ, ама барем изгледа дека нема. Ние, Балканов сме единствено место кајшто сите кафичи се полни во тек на работно време и сите кафани се полни секој ден од неделата; кајшто 17 годишни возат џипови, кајшто на инста нема оброк без авокадо, шери домати, аспарагус, тартуфи, кајшто полуматури се слават како свадби.. Мене ми е јасно дека сме сиромашна држава и тоа не само економски, ама и да не се правиме наудрени на другата страна од паричката. Едноставно постојат двете страни, средината станува потенка. Ама некогаш како се извртуваат муабетите овде, не знам ни дали ќе има поента да се дообјаснуваме. Ова, јас имам интернет, некој нема ни телефон, мислам, у реду е. Крајности само се нафрлаат по форумиве. Кој ме разбра, разбра.