Нагласив што е професорот зашто ти имаше напишано дека по сите тие предмети биле професори од мед факултет, што не е точно. Нормално дека психотерапија е посебна наука и гранка и за тоа треба едукација или во некои земји ја викаат специјализација за одредена конкретна психотерапија. За тоа дека НЕ се учат најнови истражувања и се учи нешто најосновни, на ниво на средно, да. За мене срамота е професорот да нема напишано книга за предметот кој го одржува. Исто така за да бидеш универзитетски професор мораш да правиш истражувања. Никој од проф на УКИМ нема нови истражувања. Студентите шо психологија не се стекнуваат со доволно знаење за да може да зборат за анксиозност и депресија и слични состојби. Хм, за да полагаш не мораш да идеш да работиш со пациенти. Кога веќе сме кај психотерапија не се пациенти, туку клиенти.
Ама јас не можам да трошам време и да се објаснувам за мислење кое само ја прикажа реалната состојба, барем од едната страна. Не реков дека нема сиромаштија, не реков луѓево да се затворат дома и да штедат исфорсирано, не реков дека социјализацијата е вишок па да се укине целосно. Значи Џизс. Цената е таа. Јас не сум ја назначила. Јас не сум Ивана. Јас не одлучувам. Не ми одговара најмногу, ама јас лично можам да се преорганизирам и да идам. И ќе идам дур можам и дур чувствувам дека ми треба разговор со постручно лице. Некој ако му е многу, нека не оди. Некој ако не осеќа потреба нека не оди. Некој ако не му е приоритет, нека не си крати од ништо. Не знам како се најдов на клада искрено.
Е само да кажам за од прееска мислење. Како најмлад овде во дискусијава можам да кажам да куп деца секој ден одат на некакво кафе кое чини најмалку 100 ден а родителите не им работат не знам што исто знам дека родители земаат кредити за да им купат најнов телефон, злато,матура(што е ранење душмани), кола итд итд. Јас штедев и родителите треба да ги навикнат на штедење а и точно е дека па и да штедат нема пак да можат да им приуштат толку скапо лечење. И без карање
За жал немаме функционална контакт линија за итна психолошка помош, некој во моментот да те сослуша барем. Не сестра, туку мислам другиот психолог што работи таму, ги закажува термините. Види, итно тешко се наоѓа термин, барем кај овие. Ама почни од негде. Ако ти речат за 1 месец има термин, закажи го. Брзо ќе пројде времето а и ќе имаш нешто "to look forward to". Па после фати си ред и иди си редовно. Во меѓувреме, извади и приоритетен. Само, не се откажувај така брзо.
Мене ми бараат пракса, може на други не им бараат не знам. Ама знам дека психодијагностика конкретно не можев да полагам "од прва" затоа што не можев од работа да излезам да одам во Пролече. И кога работиш со човек со шизофренија, пациент е. "Не можат да зборуваат" и "не можат да лекуваат" се многу различни работи, да, студентите и дипломираните психолози можат да зборуваат за било која психичка болест или состојба, не можат да лекуваат, суштински е различно. Професорот за да биде реизбран мора да има трудови, континуирано низ цела кариера, не е како во средно баш. И ова ти го кажувам од искуство со професори на медицински, професори од еден природни науки факултет и филозофски. Е, за одредени предмети не знам навистина, ниту знам дали денес како такви постојат, јас ги имав полагано (пример историја на психологија), дали тој има потреба за научни трудови во мера на клиничка или психодијагностика и сродни. Не чини да омаловажуваш како да сме неписмена раја што поима нема, пошто не сме
Дали случајно би можела малку да ги појасниш пристапите кога би имала време? Имам читано за Гешталт и КБТ, ама само дефиниции, а реално не разбирам многу која е разликата. Во меѓувреме, видов и ЕМДР и НЛП термини и тие уште толку ме збунија. Можеби во иднина ќе сфатам дека сосема друг пристап ми треба. Фала ти!
Е па си била според стара програма. Психодијагностика не постои, се е во клиничка психологија во која патем се учи "што е упат". Сигурна сум дека овие се високостручни знаења кои никој не ги знае, туку само психолозите ги знаат. Ниту психотерапевти не лекуваат. Лекува само психијатар. Не се доволно стручни да зборуваат, бидејќи како што кажав учат што е упат, што е пациент, клиент. Па баш дека мора да има трудови го спомнав. Овие од филозофски 90% немаат, а се знае во Македонија како се прави реизборот. Јас никого не омаловажив.
Психолозите во школите се невидена утка. Генерации израснаа со уверувањето дека кај школскиот психолог идеш само ако направиш некоја "беља", па да може укор да ти пишат. И ти раснеш со таа потсвесна мисла дека психолог = беља. Огромен пропуст има тука. Особено со новиве генерации, социјални медиуми, притисоци од секоја страна, булинг и те како треба вистински стручно лице да има во секое школо што ќе биде таму навистина да те сослуша и пример, да организира работилници еднаш во месецот, во спортската сала да се разработуваат некои теми. Тука ќе ги спомнам и самите професори, кои забораваат дека имаат и психолошко влијание. Ако видиш дека некое дете е поагресивно или поповлечено малку треба нешто да преземеш во врска со тоа. Или ти направи муабет, или викни ги родителите, или пренеси на школскиот психолог. Овие работи се превентива.
Психолозите во школо само кафе пијат. А за менталното здравје на децата, неважно. Па тие се деца, така си играат само.
Е, ова е лошо. Пола саат? Па пола саат нема ни да навлезам да зборувам за тоа што ме мачи. Од старт, ради пристапов не би идела тука, искрено. Исто, не е ок да не ви дадат цена, па да идеш на "слепо" или воопшто да не отидеш поради немањето информации основни. Тоа е основна информација, па врз тоа гледаш кога има термин и дали ти одговара тогаш, па гледаш дали ќе ти се погоди. Исто, можеби ќе треба некој на повеќе места да отиде дур убаво да кликне со некој, ама ако ниедно не му одговара тогаш мислам дека проблемот е во личноста која бара помош. Нека се и 70 лоши, ама не може сите 100 да се лоши. Прво, да видиме кои се нашите очекувања, потреби, па да пресечеме еднаш и да останеме упорни и посветени. Резултатите од овие процеси покасно доаѓаат, ама СИГУРНО доаѓаат, се дур ние вистински работиме на нашиот дел.
Леле тоа не спомнувај да не почнам и тие да ги брукам, буквално се занимаваат со некаква документација така беше 2019 во средно тоа видов. Не работат за тоа што се дојдени. Ама тука и системот греши страшно, треба да им се дадат одредени обврски и на нив и на професорите или пак класните раководители,одење на психолог мора да се разбие како стереотип. Државата не работи им дозволила да си уживаат и они си го користат тоа, оди во рудник или на скеле така дреми си во канцеларија... Еве што се случи во Србија, тука не е крив само оној што пукаше и психологот и професорите се... Најлесно им дојде да го направат некаков лудак Џокер не знам што а и самите родители на тие деца потфрлиле многу..
Ама не, мене на клада ме ставија овде затоа што од свој џеб следен месец ќе платам одредена сума. Како другарка што рече, дај ми ги парите мене, јас ќе те слушам и климам со главата, пошо it's that simple за луѓе од страна кои не тргнале по патот на длабока работа на себе - одвнатре кон нанадвор.
Па не не сакам така а и немам баш на страна за да плаќам ќе треба оброк да почекам или да зимам скришно а и тоа веќе не ми се прави... Плус не ни знам некој од таму. А и имав упат ми важи за кај Јасмина Јонуз во МВР амбуланта фина е знам дека нема ни 10% да ми реши ама сепак ќе појдам а можеби и не бидејќи некој ми го препорачуваат некој Павел во Железничар а пак тешко ми е се одново и така за никаде сум
Знам и ја сакам да одам да пробам мислам ќе се малтретирам но уште потешки ќе е на мајка ми која е болна. Бев 2018та кај Каролина Костадиноска од Синерџи задоволен сум ми намали тогаш цена ама сега и пишав и зафатена била па два месеци на одмор ќе одела и така мислам дека на клиника ќе заглавам и тоа ќе биде тешко за мајка ми ама пак не знам многу е за мене...
Ооо знаеш колку би сакал да работам и да плаќам ама не го можам ни тоа нешто ме спречува. Еве утеши се од мени речи си барем ја вложив, ја не можам ни да работам
Мислам дека цените се доста поевтини, сите се лиценцирани, можеш да си анонимен и имаш и опција за некој да ти даде совет бесплатно за нешто, па да видиш дали ќе продолжиш понатаму со него. Ти не си истраен. Премногу опции само те кочат, одбери една и држи се до неа. За Јасмина имам читано ок искуства тука, појди кај неа и биди истраен до крај. Фати го патот и терај го целосно. Нема ни 10% да ти реши никој ако очекуваш нешто некој магично да ти реши, а ти не го работиш својот дел и не идеш до крај. Тоа е мојот совет, одбери една, еве Јасмина е на државно плус, фати ред со термини и толку. Не прашувај за други искуства. И дај си време, тоа е битно, уште побитно ти твојот дел да си го сработуваш од сесија до сесија. Ако има акција од твоја страна - мора да има и реакција.
Охх сакав сакав многу ама за атер на мајка ми прекинав одамна сега сум лабилен и немам сила ни волја, се разочарав исто од овие термини,знам дека се лиценцирани ок е тоа ајде да избришам некоја апликација да разгледам баш