Универзитетски професор во Македонија е наследна титула. Е па ете види побарај на интернет дали имаат некаде објавено истражувања. Отвори на Research Gate и ќе видиш дека некои од професорите од 2015 немаат објавено. А за реизбор треба секоја година да има трудови.
Како бе немаат трудови? Еве одма ми текна на професор што знам дека секоја година објавува, има предавано и во Америка и е ептен ценет професор. Повели. Не е ни единствен на катедрата по психологија, ако сакаш ќе ти пратам и од другите, ретко кој не објавува, ако е евентуално од новите. Има многу мани катедрата не викам не, прва јавно имам зборено за тоа, ама овие работи што ти ги кажуваш не се така. Да најдам малку повеќе време и ќе напишам подолг пост со објаснување, не ми е проблем.
Кога веќе гледаш, види и за другите професори. Овој е во тие 10% коишто ги кажав. Види и за другите. Многу добро ги знам работите на катедрата по психологија. Не зборам од памет.
Тука е проблемот. Ако нема нека не оди, кој му е крив, или нека си ја стави куќата под хипотека за психолог да плаќа или децата нека гладуваат. Здравството што е прескапо и што некому му е дозволено до плафон да пука цени е голем проблем и за осуда. И не си ти во прашање, проблем е што квалитетна психолошка помош ако навистина е таква им е достапна само на одредени лица. И да има разлика од државно до приватно, ако ништо друго во времетраењето.И да, истите тие од државното надвор од работни саати даваат услуги приватно. И да, овие појави вклучително и обуките нивни треба сериозно да се преиспитаат и конечно стават под контрола. И проблем е се што од квалитетна здравствена услуга е прескапо. За што побогу плаќаме здравствено осигурување? За сппоредба пломба кај приватен стоматолог која е трајна и квалитетна, кој за разлика од овие троши струја и материјали и кој се кичми и кој мора да биде прецизен, кој работи со крв и ризик од зараза, со плачливи, нервозни и бесни деца не наплаќа толку многу. Што трошок имаат овие, освен евентуално закупнина и светло навечер? Ништо друго.
Со ова Си го објасни ова Затоа што луѓе немаат пари да отидат на еден обичен одмор, па единствена разонода им се кафулиња. Преку ден кафулињата преполни, ама навечер е како хорор филм, особено во помалите градови. Шери, аспарагус и слично ти се мерило? Храна ти е мерило? Сериозно ова? Па секој втор што го знам си одгледува дома шери, дел знам што си одгледуваат и аспарагус. Тартуф - малку слабо дека имало ама ај да речеме дека верувам. Тие 17 годишните се толку ситна бројка наспроти оние кои ја немаат привилегијата да бидат деца на функционери. Навистина не сфаќаш дека до толку е лоша ситуацијата. И ова не е претерување или крајност. Мислиш затоа што не ги гледаш дека овие луѓе се ретки. Не се. Секој треба да може да си дозволи лекување од било каков тип. Не сакам да навлегувам повеќе во офтопик. Едит: штотуку одговорив на ова, во истиов пост само погоре Навистина не ја гледате целосната слика. Дополнително тоа што родители двојат од нив за да им обезбедат на децата да не се чувствуваат зад нивните врсници, така да, тоа пак не е мерило. Секако дека има приоритети. Ако немаше, немаше сега да си ги уништуваме очите пред екран наместо да ги зачуваме и слични вакви мали примери. Малку е потешко да се откажеме од нив кога е вака срочено?
Ај, во ред нека е. Еве, немам осет, не знам што зборувам, срам да ми е што имам интернет и сум го искористила да дадам свое мислење, дур некој нема телефон, еве моја вина е тоа, ама немам енергија за 5 страни напор да ми го променат мислењето.
Која цена би била прифатлива тогаш? Се согласувам, над 2000 е веќе многу. Ама еве за колку треба да работат?
Зависи од искуството. Но мислам дека најприфатлива за најголем број од луѓето би била околу 1000 денари.
Прашувам тука бидејќи е поактивна темата. Искуство со психолог за деца Наташа Бекирова од Битола да не има некоја членка? Или препорака за добар психолог за деца?
1000-1500 максимум и тоа да зависи од стручноста, искуството. Не може некој што штотуку сега го завршил своето образование и обука, одма да се занесува и преценува, па да лупа астрономски суми. Стварно е смешно но истовремено и тажно. Прво нека стекнат искуство, знаење, а не одма да се лакомат. Ок, знаеме дека секој сака да зима многу парии треба да си го вреднува својот труд и знаење ама нели треба малце усул да се има или не?
Има ли психолог во Скопје што работи со Фондот? Ми треба психолог, а не можам да одам на приватно пошо многу сеанси ќе ми требаат, а не можам да си дозволам. И како да знам дека нема некаде да каже? Имам сериозни проблеми за кои сакам да зборам, ама не смее никој да знае.
МВР и Железничар амбулантите има мислам и на уште некои се ама можеш на Мој термин да видиш барај дипл.психолог пишува све тоа е преку фонд мислам до 200денари или 300 се плаќа за неколку посети во месецот
На Мој Термин не сум се најавила никогаш. Треба акаунт да правам? И тоа МВР не сфатив? Каде се наоѓа?
Нее, не моеш ти да се најавиш хаха, тоа само за докторите е не за пациентите. Само да пронајдеш дали има слободен термин ти кажува, пребарај на мој термин. Ја само за ова ти пишувам, за психологот у Мвр неам искуство. https://mojtermin.mk/map/specijalist?specialty=psihijatrija&location=grad_skopje Чекај грешка, ти психолог бараш сори https://mojtermin.mk/map/specijalist?specialty=dipl_psiholog&location=grad_skopje Еве ти, се испомешав.