Не бе, преку матична пак, ќе си земеш упат. Ова мој термин ти е само чисто информативно, да знаеме дали има слободни термини.
Инаку не смее никаде ништо да каже за тебе, хипократова заклетва нели даваат за тајност, освен ако не се заканиш пример дека планираш да убиеш или повредиш некого тогаш мора да те пријави во полиција. Е сега дали функционира така во Македонија е друго, бидејќи тука те оговараат и на гинеколог и на заболекар и на матичен. Ама не верувам дека некој ќе се дрзне со име и презиме да те прераскажува.
За Мој термин е мал милион пати пишувано оти е од информативен карактер односно се гледаат термините кај сите доктори во реално време ама за жал секогаш има некој што не знае како сето тоа функционира. Затоа патем и такво ни е здравството од незнаење сме на тоа ниво дојдени.
Нене Не такви работи да кажувам Ама да не биде ,,еј оваа знаеш вака така” И да ме знае после пола болница шо ми се десило Имам зафркнати работи шо никад на никој не сум ги кажала баш од недоверба Не дека сум убила некого. Ама има некои работи кои не се за прекажување. Или не можам со фејк име да одам?
Не замарај бе тролче Фала му на Господ не ми требало до денес да знам. Ти се најде паметен да ме учиш овде
Зар и на оваа тема има потреба да се тупи бе чоече? Шо ако не знаела, не е срамота да не знаеш, затоа фино лепо си прашуваш, патем за тоа и форумов служи нели. Не бидете толку негативни аман луѓе, сеа за ваква банална работа ли ќе си замеруваме...
Кога веќе спомнавте за чување тајни, они мора да чуваат професионална тајна, не да те прераскажува и оговара по луѓе ама ова е Македонија и Балкан така што се се праи тука, посебно па ако налеташ на некој идиот непрофесионален кој у гз треба да си ја стаи незаслужената диплома. Ало бе, па за тоа треба да одговараат кривично, кој се они да јадат бубрези за туѓ живот ко селски муабети на чешма, срамота и брука. Не знам кај читав некоја се жалеше дали од психолог или од психијатар, жената била тема на муабет низ градот, се што си кажала што ја мачи гнасата го споделила со сите. Затоа не се иде кај секој, се чита и се бараат препораки.
Секако дека можеш да си видиш само кликни слободни термини не можеш да закажеш а нормално можеш да видиш кога има слободни термини МВР позади оноа Кјуби, ако си била во Фондот за здравство по таа споредна уличка право на крај е амбулантата Кој се прави паметен?
Ааа да не знам што е со ликот на многу теми изиграва паметноќа не знам шо демек е експерт за све тоа боже сачувај свашта има Да за психолог може преку матична кажи им дека може мене мојата не ми веруваше ама пак немаат некое искуство и знаење ако си работиш дај ги парите приватно, секако психијатар треба да ти одлучи за кој психотерапевт си ама можеш еве како Јасмина Јонуз во МВР она е психолог ама не е таква проста верувам дека ќе ти каже,овде пиши пребарај ќе видиш има некои терапевти ги препорачуваат некои не, морам фа те разочарам ја прашав на 4 места сите на одмор се
@The.E.T. кој не верувал? Матичната или психологот? За психијатар треба нели интернист да ти закаже, а психолог слободно матичен може.
Неќам на психијатар бидејќи лекови не пијам, па ако треба ќе се самоубијам Мене ми треба разговор и да ме сфати некој, да се сочувствува со мене Нешто што не го добивам од никој
Каков психијатар бе девојко, бегај подалеку од нив, само со лекови не трујат тие. За разговор само да си најдеш некој асален кој ќе те сослуша и ќе ти помогне преку психотерапија. Аха, не знаев. Еднаш бев ама на приватно, на државно мислев интернист дека закажува.