Не знам зошто толку голема стигма за антидепресиви. Имам пишувано повеќе пати на форумов, да не беа антидепресивите не знам дали уште ќе бев жива. Ги пиев 7 години, и ми беше супер со нив, никогаш подобро не сум била. Еве веќе речиси една година сум без лекови и сум окау. Значи се во свое време. Зошто да се мачите ако има потреба од лек и ако тој лек ви помогне. Утре ако треба да пиете терапија за притисок, масти нема да ја пиете? Не сум за антидепресиви по секоја цена, ама ако има потреба тогаш да. Не знам зошто толку аверзија спрема нив.
Ќе ти каже психолог мислам ќе ти даде негово мислење дали си за психијатар и дали си за лекови мада и он може да згреши, нема потреба да даваш отпор ако не се поднесува проблемот тогаш земи лекови
Па и за било шо друго, пример преглед кај ендокринолог, кардиолог не може директно матична да закаже преглед туку те праќа на интернист прво па он те препраќа кај специјалист. Не, во ред е да се пијат но ако стварно има потреба, не при некој тежок период и одма ај лупај терапија, а може и реално да не е до тој степен работата. Тоа ми беше зборот, дека одма те ставаат на Ад. Немав ни 18 год. и ми препишаа ад, а минував низ тежок период и трауми си влечев и уште си ги осеќам последиците но не бев едноставно за терапија, се си мислев ако ги почнев полошо ќе ми беше. Затоа разговорот го ставам на прво место, после ако не помага ни тоа во зависност од тежината на проблемот почнуваш и терапија. Баш ми е мило што ти е подобро, уште подобро да бидеш.
Така е ама некогаш лошо делуваат или не помагаат ја ќе цркнев од флуоксетин ко робот се осеќав мислам непријатно, една година бев на 20мг зепира и при крај почнав депресивно да се осеќам требаше пауза ама психијатарот толку знаел после тоа беше најтешкиот период едвај антипсихотик ме смири. Некогаш помагаат ама треба внимателно со искусен и заинтересиран лекар што обрнува внимание а не така за 15 минути ништо со тоа.... Ау не се сеќавам февруари бев на ендокринологија мислам можеше да се издава упат од матичен
Не се играчка ад, мора внимателно со нив. Ја мислам дека разговор ќе и заврши работа и ќе си ги среди мислите и чувствата, ќе биде ко нова. Да, ама и тие се интернисти не се ендокринолози.
Разговор е првиот чекор. Понатаму секој ќе си види што ќе му одговара. И јас прво сакам да се обидам кај психолог.
Може и за нив. Сите термини што се означени со зелено на мојтермин може да ги закаже матичен. Со жолто специјалист.
Ахам, значи тоа значело ако е обележано со зелено, не знаев. Дека поранo знам за све праќаа на интернист прво. А и зашо коа сум идела на ендокринолог и кардиолог, на извештајот не им стои специјалист ендокринолог/кардиолог туку специјалист интернист само? Тоа не ми е јасно.
Да ти кажам вака искрено, дека ќе најдеш некој со сочуство во живо, дали пријател, дали доктор малку потешко. Повеќе можеш да се ослониш на форум, некој YT подкаст итн. Полесно ќе ти стане кога ќе видиш колку многу луѓе има со исти проблеми, ама кои искрено за тоа разговараат само виртуелно.
Зашто биле специјалисти по интерна медицина или имале и субспецијализација во таа област. Инаку, не ми се јасни муабетиве дека докторите трујат со лекови. Секако дека тој психијатар прво ќе направи проценка дали е минлив период или не. Ако се занимавате сто години со истото значи не, не е период.
Има специјализација за ендо ехее на клиника си бев јас, карши детско е во барака пола од тоа џамија ги направиле сега Секој психијатар одма дава лекови проценки не прават тоа приказни за мали деца се ПРЕТОЧНО!!! Има еден форум за ментално здравје во Британија овде е измешано
@Feminka22 чим можиш да видиш дека имаш проблем и ти треба помош - е супер прв чекор. Разговарај со матичен доктор и види како можи да ти закажи на психолог. Штета шо дел од психијатрите дават вајб дека само лекој препишват, ама има психијатри кои се терапевти. Но, ако треба и медикаментозна терапија - не е крај на свет. Most of us have been there. Важно да врви. Со среќа.
Ја знам онаа Вера Типко е терпавет некои психијатри зимаат школа као за некакви советници тоа две години е мислам, оној Марцикиќ знам психодрама нешо глупости е друго не знам кај нас да се и психијатри и психотерапевт. Искрено подобро да идат во некоја школа за психоаналитичари... Дали има некој овде што е член во онаа група за анксиозност на фб?
Да. Терапевтските правци на две години е со звање советник по тој тер. праец и со четири терапевт. Психијатри, психолози имат непречена шанса да завршат сите четири години. Психијатарот шо беше во моја група продолжва трета година. Ама не сум комотна да дам име во име на приватност.
За жал повеќето не се замараат ни да те слушнат, баш им е гајле за тебе, него одма еве ти рецепт за терапија и тоа е тоа. Ова од искуство ти кажувам.
Никој не се родил учен. Не ни треба секој да знае се'. Само општи работи, а ако немал потреба и тоа општо не се знае. Не се обидувајте да засрамите некој што не знае, а се интересира. И тебе да те праша некој да објасниш што е сметководство или солфеж, нема да знаеш освен ако немаш соодветно образование од областа или претходно не ти затребало.
Не, он и таквите ко него ќе гуглаат и ќе напраат копи пест на поимот и ете ги стручњаци за све, од сите можни области. Аман значи од ваквите, ги има сегде и на социјални мрежи и по форуми. Не дај Боже човек да не знае нешто ете ти ги, партал те праат. Па поише треба да се поштува искрено коа човек вика дека не знае и си бара помош, него ли да се праиш паметен дека све знаеш, а уствари ништо не знаеш. Ама кој да разбере. Кое ли е задоволството да понижиш некој не сфаќам или само да се најдат у муабет.. Да му е страв на чоек да праша.