Јас имав анксиозност и депресивна состојба. И веднаш уште по 1 недела од ко заклучив дека со мене нешто не е во ред отидов на психолог. Луѓе никогаш нема да можам да ви опишам колку ми помогна. Одев 6 месеци. Некои недели одев секој ден од што ми беше тешко.. Некогаш одев по еднаш.. Зависи како ми требаше. Сигурна сум дека жената никогаш нема да знае колку сум му благодарна! Сега сум ок на тоа поле, ама сакам пак да одам пример еднаш неделно онака. Оти ретко кој признава ама ова време е невреме! Посебно во оваа држава само маки, мизерија, проблеми. Ни здравство имаме салам, ни живот салам. Мислам дека треба да се воведи закон за задолжителен матичен психолог уште од најмала возраст. И точка. Ако му треба на некој психолог во Битола- ЛП.
И јас сум за тоа задолжиелен матичен психолог Мислам дека во денешно време повеќе имаме потреба од него Исто и јас сум презадоволна од мојот психолог,искрено ми е жал што повеќе не работи,и што не можам да го препорачам затоа што животот ми го смени за 360 степени.Мислам дека и мојата терапија да ја наречам траеше 4-5 месеци,два пати неделно,по 45 мин.И не беше скапо 200 ден.од сеанса.Жално е што луѓето имаат поинакви сваќања за нив,а толку многу можат да ни помогнат да се промениме ние и нашиот живот на позитивно.
Аман де феминки, па темава е препорака за добар психолог. Зошто не кажувате јавно? Сепак е анонимен форум и поим немаме кои сте. Помогнете и на некои кои само ве читаат.
I jas nekolku pati go imam postavuvano prasanjeto za preporaka ama nikoj nisto ne kazuva.. ne znam od koi pricini ama sepak neli sme tuka za da si pomogneme
Треба да се споделуваат вакви информации. Ете Giovanna пиша јавно за психологот и јас ја прашав дополнителни работи во ЛП, па и јас отидов кај него и споделив. А предходно цела година барав и скоро никаква информација не добив.
сакав да прашам за еден психолог или психијатар кој пред неколку дена го гледав на канал 5 во Визита мислам дека се викаше Антони Новотни..зборуваше за депресијата и анксиозноста и многу добро ги опиша симптомите на оваа болест и како да се лечи.дали некој знае каде му е ординацијата и дали работи со плави картони.
Zdravo,dali ke moze da mi kaze nekoj dali ima iskustvo so lekuvanje na aksioznost, mi treba dobar psihijatar sto raboti preku fond ili po pristapna cena.Dosega imav iskustvo so D-r Miodrag Milutinovik, soliden psihijatar, no se razocarav bidejki privatnata terapija od 30eura traese 45min, a onaa so upat samo 5 min
Да не дојде до забуна,човеков покра тоа што е психијатар е и професор на клиниката за психолохгија. Имав можност да разговарам со него за едно истражување што го правев. Човекот има знаење и знае да опише убаво и сликовито. И начитан е. И може да те натера несвесно да почниш да зборуваш за нешто што во моментов не мислиш дека ти е проблем. Но премногу е зафатен.Ова го кажувам затоа што го видов брзо,може има недела дена. ВО случај некоја феминка да прочитаи да пребара. Колку и е од помош,премногу луѓе го бараат,и вработениве во клиниката и новинари а и студенти,зашо мислам дека предава на 2 или 3 факултети. Затоа мој совет да побарате друг,кој е само психијатар/психолог кој ќе може повеќе време да ви посвети.
девојки,веќе 3-4 години имам проблем со говорот,ни јас незнам што ми се случува,како да се гушам ,ми се стега грлово а за усниве испити незнам кај ќе го најдам крајот..ќе помогне ли некој добар психолог| психијатар ?
jas sum nova imam 43 god ama i jas mnogu maka macam so psihata noknite saati mi se najteski,imam custvo kako da celiot svet se srusil vrz mene.Sedam skoro po cela nok i si palcam se boram so custvata kako vo filmovite koga gjavolot i angelot se borat.Neznam kako da ja opisam sostojbta na dusata doma na nikogo za da me razbere,ovde na ovoj sajt najodv mnogu lugje koi se so isti custva kako mene.se gusam sekogas mie vo glava deka ke padnam nema koj da me vidi i ke si umram imam dva sina sakam da im bidam hrabra majka a jas sum kukavica koja samo se krie i place koja se plasi i od sopstvenata senka.Seto ova mi se provlekuva so godini no sega mi e najteskiot moment.Se ubiv od pienje tableti no sve e samo tolku kratko smiruvanje sto isto kako i da ne se slucil toj mig.Najtesko mi e sto ne rabotam postojano sum doma vo eden ist krug .Ima li nekoj sto ke mi dade ideja sto vo memntite da mislam za da se malku samo nadminam i ja preziveam nokta i koj imamiskustvo so ,,asentra,,bidejki mi ja preporacuvaat ama nesam dodeka ne dobijam preporaka od strucno lice ne mi se zema nisto.ama sepak mi treba nekoja ubedliva misla koja bi mozela da ja vklucam vo takviot moment .Se nadevam deka nekoj ke saka da mi izleze vo presret na sajtov zatoa i se zacleniv.
Тоа што постојано си дома може е цел проблем.Човек лесно запага во депресивни моменти кога не излегува,не се дружи,нема никаква цел.Монотонијата знае да убие.Дали имаш друштво,хоби било што? Мислите треба да ги преокупираш со нешто.Да се посветиш малце на себе.Со оглед на тоа дека се дома си верувам животот ти се состои од готвење,раб низ дома и слично.Колкави се децата,каков ви е односот со сопругот? Направи си листа за 2015 за се што би сакала да промениш во животот.И почни чекор по чекор.Почни да излегуваш,почни со некои ситници кои те прават срекна.Читање книги,салон за убавина,прошетка на планина било што.Верувај има мн опции
Zdravo forumki, baram dobar psihijatar vo Bitola koj raboti i vo privatna ordinacija, naidov na Psihomedika, dali nekoj ima iskustvo so nekoj od psihijatrite tamu? Dali bi ja preporacale?
Zdravo jas imam iskustvo so psihijatar vo rumunska bolnica Ljubica se vika zenata ok e so kartoni ja posetiv najblisku mi beshe i bev epten depresivna vo momentot .No od lekarstvata mi se pojavi alergija prekinav da gi pijam a dobro se osekjav.Dobri i pofalni zborovi imam cueno za Momo Petkovski vo Voena so kartoni isto rabotel no za zakazuvanje se cekalo mnogu .
Форумов бил јак! Се мислев дали да пишам и во овој подфорум, откако го пишав првото мислење се раскликав по форумов и видов јаки теми. Ваква ми е ситуацијата: I've been bullied. That's how it all started. Пред да ме тормозат (или како и да е терминот на македонски за bullying), немав некои потешкотии, не бев затворен, бев срамежлив малку, се зафркавав, се смеев. Ќе прашате па како така си бил така слободен, а после толку си се повлекол после тормозењето? Мислам дека беше така затоа што другарите со кои што се дружев не беа злонамерни и беа фини луѓе, сите бевме ОК, рамноправни. Fast forward, одитов на одмор со стар другар (кој го немав видено 3-4 години, човекот се изменил, не беше каков што го памтев) и со неговата екипа која ја гледав првпат и завршив со тормозење од тип да ме дават во вода, да ме разбудуваат 4-5 души одеднаш со викање на сред сон во 4 сабајле и такви слични работи. Не ми изгледаше тоа другарско зафркавање, беше злобно некако. Кога си заминав дома сфатив дека не сум истиот некако. Се затворив, прекинав да излегувам, почнав да се плашам од групи луѓе, од гужва, од непознати. Фатив девојка дури по неколку години оттогаш, да не речам по 6 години после некакво какво-такво заздравување, испадна дека е лажлива, неискрена, се трудев максимално околу врската, дури и фатив бронхит за да и' угодам и на крај пак проба да ме излаже и да е неискрена, ја фатив жива во лага, не знаеше кај да гледа. Ја баталив за навек, не сакам да ја видам на пат. И така сега уште повеќе сум затворен, уште повеќе не верувам на никој, ме фаќа депресија, не гледам причина да излезам, не излегувам и по 6-7 месеци, понекогаш и цела година, сестра ми ми алармира дека треба да барам некаква помош, моите исто така. Се оддалечив од сите луѓе, само со еден другар од детството со кој што заедно израснавме се дружам по малку, тој исто ми вика дека му е чудно што не сум ко порано, (му немам кажано ништо - овде е полесно, анонимен сум). Почнувам да правам напори за да се средам - сакам да земам куче, златен ретривер, мислам дека тоа ќе ми помогне некако, плус се заплашив и од кучиња, ме имаат каснато неколку пати и сакам да земам едно за да се опуштам покрај него. Ама мислам дека психијатар ќе ми помогне нај, иако не знам како ќе кажам дека таква навидум банална работа ме мачи. Познавате некој ОК психијатар кој може да се справи со вакви работи?
Ах бре друже ти траума си закачил, пробај прво со психолог немора одма психијатар, ако небива тогаш втората опција. За ова најдобро те сваќам пошто и јас влечам со мене гадни спомени и трауми уште од дете.