Тоа е така поради круговите каде се движат тие што ги диктираат цените.. Ако се види ќе стане јасно дека денес здравјето стана бизнис иако е ова друга тема. Реално се зборува за цени и политика во медицината отколку за самата медицина. А психологијата директно не спаѓа само во здравје па така уште полесно се мами.
Здраво, има еден куп добри психолози кои ги нема по телевизии или бар не така често, не се гламурозни и гласни но се многу квалитетни. Со сите од нив сум имала искуство индивидуално, во група или под супервизија и топло ги препорачувам. Ана Стојановска- Гешталт и поливагален терапевт. Инста профил-anastojanovska.senseofself, работи онлјан и во живо, индивидуално и во група Павлина Михајловска- Лица -Гешталт терапевт, веб страницата и се вика Esencija (мислам дека сега почна и во живо) Весна Блажевска - Амигдала. Психодрама терапевт, во живо и онлјан а веб страната и е paihoterapevt.mk Мирјана Јовановска Стојановска- Психодрама и Гешталт терапевт во Амигдала, работи во група и индивидуално. Веб страна Амигдала Ивана Станковска-Гешталт терапевт а на фб може да ја најдете како Психолошко катче. Со среќа!
Сите психолози работат со енормни цени и приватно? Има ли некој кој работи со фондот за здравство? Одењето на психолог трае подолго (доколку сакаме ефект) па за да си дозволиме повеќе сеанси реално би било да има некој што има договор со фондот
Јас кај Диана имам идено пред едно 7-8 години, средно бев тогаш. Од оваа гледна точка, од сега, јас не би да си однесам дете таму. Јас отидов за еден сосема друг проблем, таа ме наведуваше на тоа дека треба сексуално да се истражам. Не е секој спремен за тоа на 15 години, може и помлада бев... а заклучокот го доби по тоа што имав марама преку врат дека слабоко ми беше деколтето кога идев последниот пат. Јас марамата ја ставив дека ми беше непријатно од една постара жена, надвор не ми е. За тоа било кој човек да го стори, пред се му треба друг човек на кој му има потполна доверба, ама да не одолговлекувам. Се на се, лошо искуство, иако отидов таму баш по препорака дека е најдобра за млади. Мислеше проблемот е строги родители, а воопшто не е така, моите родители буквално се ми дозволуваат, никогаш лоша реакција, само разбирање и топол совет дека некои работи и не е океј да се прават, ама ете во тој период, луди години, се случува, треба многу работи да се пројдат. Навистина се сеќавам дека лошо искуство имав со неа, само одамна беше и малку ми е останато во сеќавање што се се работеше со неа.
Досега не сум одела на психолог. А имам доста тежок период, ги читам знаците на депресија, скоро сите ги имам. Молам за препорака каде да се обратам и помогне да излезам од оваа фаза. Многу сум лошо!! П.с. Може и во лп да ми пишете
Со Радмила сум работела на работилници неколку пати, имам праќано многу родители кај неа и ептен беа задоволни.
Девојки, имам едно прашање. Од неодамна одам на психолог, никогаш претходно не сум била. (Во моментов не ми е комотно да споделам кај кого одам, се надевам ќе ме разберете) Она што ме интересира е ваше искуство - Дали вашиот терапевт фаќа белешки кога зборувате. Мојот терапевт не запишува кога споделувам, па не ми е јасно дали тоа е правилно...и како би го следел мојот случај доколку не ги запишува битните моменти за кои зборувам, сепак многу клиенти сме, не сум само јас па да може да запомни. Многу ми е безвеза и лошо се чувствувам што го поставувам прашањето, испаѓа како да немам доверба, ама морав да прашам.
Од мое искуство. Кај едната што одев, на првата средба запишуваше. Кај втората, ништо. Не запишуваше. Искрено, не знам ни јас како оди тоа. Но, сакав сепак да го споделам моето искуство.
Не ми е јасно дали треба он на секоја сесија да има увид во моето минато и трауми, или е битно само тоа да излезе од мене. Во секој случај фала ти на споделеното искуство
Искрено и јас се прашувам истото. Ајде, ваљда некој ќе ни открие. Хехехе. Поздрав женска и секое добро.
Јас кога одев, на повеќето сесии барем малку одвреме навреме запишуваше, како кажував нови работи, така ги запишуваше тие што најверојатно психологот сметаше дека се битни да влезат во "досието". Меѓутоа, имав приметено дека навистина многу работи памти од сесија до сесија (еднаш месечно), работи кои не сум приметила во моментот да ги запише. Така да, мислам дека они си имаат некој систем на водење евиденција, ама сепак не мислам дека е во ред ниту еднаш ништо да не запише, некој баланс мора. А, можеш и лично да прашаш, па отприлика да ти каже, така ќе ти влее доверба мислам. Плаќаш за таа услуга, слободно прашувај лично се што те интересира.
Ти благодарам на споделеното. Следниот пат ќе го прашам. Веројатно ќе најдам начин како да ја отворам темата без да го навредам...стварно ме интересира како на секоја сесија би имал увид во мојот случај... не сме еден или двајца клиенти и не сме со по една или две трауми. Уште еднаш ти благодарам на советот.