1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препорака за добар психолог

Дискусија во 'Психологија' започната од Blue.Butterfly, 8 декември 2010.

  1. FightaminC

    FightaminC Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, дали некој бил на психотерапија кај Ана Стојановска од Sense of self? Сакав да појдам кај неа и ми треба некоја информација во врска со цените за една сеанса како и пристапот кон клиентот..Да се обратам на самиот инстаграм профил некако не ми е соодветно, а не гледам мејл на самата страница и би ми биле од помош ако имате некоја информација плус
     
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Немам искуство.
    Искрено, некако ми нема некое искуство, поќе ми е како за бизнис психологија.

    Според ова на линкд ин.
    Screenshot_20231026_141727.jpg
     
    На FightaminC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Искуства со Ѓурѓица Нечева?
    Јас сум Ѓурѓица Нечева лиценциран психолог, советник и консултант. Сертифициран Ефт Практичар, докторант по психологија во Италија, енергетски исцелител, практикант на медитација. Моето академско образование го започнав како посветен студент по психологија. По завршувањето на додипломските студии, одлучив да продолжам со мојата едукација па така успешно завршив и магистерски студии по психологија каде се стекнав со титула магистер по психолошки науки. Моето работно искуство започна како стажант во Клиничка Болница “ Жан Митрев” – Скопје каде под супервизија на врвни доктори по психологија бев практично воведувана во психологијата. Потоа продолжив да се надоградувам и започнав со работа во основното училиште „Димче Ангелов Габерот” како училишен психолог. Потоа во 2016 година добив понуда за работа во Хангџоу прекрасен град во Кина. Покрај работа во наредните две години колку што останав во Кина, мојата едукација продолжи во насока на енергетската и модерната психологија, алтернативната медицина и медитацијата. По две годишен престој во Кина, образованието – докторските студии и работата како психолог ги продолжив во Италија. Долгогодишните истражувања за енергија, чакри, медитација, алтернативна медицина, модерна психологија ме доведоа до една од најефикаснити техники на денешницата, техниката на тапфирмација позната како техника на емоционална слобода – ефт. Сите овие години јас и моите клиенти успеваме секојдневно да се бориме заедно и да создаваме царство на емоционална слобода.
     
  4. Sopro

    Sopro Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2021
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ве молам ако имате искуство со психолог, и доколку имате позитивни резултати од посетата, препорачајте ми некој кој си ја знае добро работата. и која специјализира у средношколски љубовта и како се разочарува у љубовта.
    добро би било да е од Скопје.
    Молам за совет.;(;(
     
  5. Ivblue

    Ivblue Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Пиши ми приватна порака ќе ти дадам број. Супер е Ана нема врска дека е за бизнис и дека нема искуство, баш е профи.
     
  6. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.832
    Допаѓања:
    15.714
    Пол:
    Женски
    Дај пиши искуства тука.
     
  7. Ivblue

    Ivblue Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2023
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
     
  8. Boginja123

    Boginja123 Нов член

    Се зачлени на:
    20 септември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Знам дека има за неа негативни коментари, ама сум прочитала и многу позитивни. Ќерка ми еве, има 15 години и е многу задоволна. А исто и јас. После секоја сесија кога завршува со ќерка ми, разговара со мене и имаме резултат. А и јас на форумов видов дека сите негативни коментари се од една-две членки. И плус мислам дека кога ќе се пушти муабет за некој дека е лош или добар, тој муабет онака станува општо социјално мислење. На мене Дора ми беше препорака, исто така од друг задоволен клиент.

    Исто, да кажам дека се уште држи сосема нормална цена. 1500 денари е сесија. И многу е флексибилна за тоа како ги закажуваме термините.

    Сега коментирав на друг пост. Во скоро време не планирам да ја откажам. Кај нас има супер резултати.
     
    Последна измена од модератор: 30 октомври 2023
    На Irenasirena му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ani23

    ani23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    775
    Пол:
    Женски
    Izvini ti se zacleni ovde samo za DORA da ni kazuvas kolku e dobra vo rabotata ?Znam kolku naplaka,ja imam videno..
     
    На Just.do.it и LuckyCharm им се допаѓа ова.
  10. Boginja123

    Boginja123 Нов член

    Се зачлени на:
    20 септември 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Не ве разбирам. Споделив само искуство и ви вратив на коментарите кои вие ги имавте пишано. Секако, секој си има своја различна препорака.
     
  11. Maryy.

    Maryy. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2022
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Преку матична може да се закаже за психолог? Дали е тоа паметен потег?
    Ако некој има информации за некој психолог посебно, за цена и искуство би ве замолила да споделите.
     
  12. Sakamdaznam.1

    Sakamdaznam.1 Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ве молам препорачајте ми психолог.
    Конктетно, ми психолошка помош за да излезам од токсична врска, така што предложете некој што навистина е стручен и пријатен. Имам едно претходно искуство во себесложувалка (затоа не ми ја препорачувајте) каде што со девојката со која што зборував имав многу неубаво искуство - се осетив осудувано, се осетив засрамено и неможев да зборувам отворено, се закочив, едноставно не ми беше пријатно и не се осеќав сигурно.
     
    На vamutamu2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Препорака за добар психолог на државно што работи? Од амбулантиве во Скопје, ми го спонаа оној од Железничар, Павел мислам се викаше
     
  14. WorkOnYou

    WorkOnYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2019
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Побарај ја Јасмина Јонуз, само не знам на која клиника е. Пребарај овде некој има пишано точно.
     
    На The.E.T. му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The.E.T.

    The.E.T. Активен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2023
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Бев кај неа ама се пресели во Германија
     
  16. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.243
    Пол:
    Женски
    Можеш да кажеш за кого станува збор?
     
  17. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.078
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со Марија Стефанова психолог? Повеќе луѓе ми ја пофалија па ме интересира од тука дали одел некој кај неа. Ако не ве молам препорачајте ми некоја што е добра, приватно. :)
     
  18. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.300
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми стварно добар психолог по можност онлајн да биде ....забите нема да ги врати барем психата да ми ја врати.
     
    Последна измена: 11 ноември 2023
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Elena Evet

    Elena Evet Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Искуство со психолог од Себесложувалка и Когниција? И нормално како се со цените
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anettta

    Anettta Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2022
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Искуство со Милка Ололошка?
    И дали знаете дали може да работи онлајн?