Здраво дали некој бил на групна психотерапија? Да ми препорачате некој кој работи во група а воедно и добар психолог во Скопје.
Здраво! Дали знаете кај нас дали има некој обучен за couples therapy т.е. психотерапија за врска? Ако да, слободно споделете ми инфо и број! Фалааа
Дечки, Понудете ми психолог меѓутоа да е некој што стварно се интересира и е посветен. Или ако е добар и психијатар може само да не е колку да помине саат
Не е работата и само дека претераа и си ги бираат богатите клиенти помалце и ради престиж. Проблемот е што тие таквите толку се напунија со пари што сега веќе не можат ни да се стават во „чевлите“ на обичните граѓани кои доаѓаат кај нив заради некој проблем. Ниту пак имаат разбирање за состојбата на луѓе кои едвај врзуваат крај со крај во месецот. А сепак и самата материјална состојба односно немаштија итекако има влијание врз менталното и емотивното здравје на луѓето. Предизивкува анксиозности, депесии, социјална исклучености и разно разни други состојби. Јас имав ситуација да на некоја од тие со надуените цени кога одам на психотерапија да ми раскажува за проблемите на нејзините богати клиенти... Иако се работи за врвен професионалец во нејзината свера, ова ми беше одбивно. И уште неколку други пат кога сум била се гледа дека е само заинтересирана на секаков начин да го шири „бизнисот“. И уште на неколку други сесии сум приметила да на секој проблем што го имам јас или некој друг пробува она да ми „протне“ некој од нејзините соработници или некои институции со кои она соработува... Друга тема е и што тие што се напунија со многу пари веќе ја губат и емпатијата и сочуството за останатите кои немаат. На некој начин мене со секое одење на сесија се повеќе ми станува одбивна...
Некој од клупа излезен ќе најдеш за таа цена... После зошто пациентите барале рецепти за дијазепами, хелекси. Место да го решаваме проблемот од корен.
Дали некој сега скоро бил кај Надица од Мозаик , ако може да ми каже колку чини една сеанса ? Благодарам однапред
Не секој сака да пие дијазепами, хелекси, но и не секој може да си приушти 2000 денари. Во месецот неретко требаат и повеќе од една сеанса, па со тоа и трошоците се зголемуваат. Можеби од тие причини пациентите бараат седативи, антидепресиви... Можеби немаат можност да се посетуваат често психолог/психијатар, па терапијата би било единствено подолгорочно решение (но не и трајно). Има добри психолози/психијатри што работат и со фондот, обично се плаќа околу 100-150 денари. Јас имам не добро, туку одлично искуство со психијатар што работи со фондот, но во помал град. Ми треба некој таков во Скопје.