Не секој сака да пие дијазепами, хелекси, но и не секој може да си приушти 2000 денари. Во месецот неретко требаат и повеќе од една сеанса, па со тоа и трошоците се зголемуваат. Можеби од тие причини пациентите бараат седативи, антидепресиви... Можеби немаат можност да се посетуваат често психолог/психијатар, па терапијата би било единствено подолгорочно решение (но не и трајно). Има добри психолози/психијатри што работат и со фондот, обично се плаќа околу 100-150 денари. Јас имам не добро, туку одлично искуство со психијатар што работи со фондот, но во помал град. Ми треба некој таков во Скопје.
Немој да ја мешаш докторската работа со психологијата. Психологијата иако индиректно поврзана сепак не е медицина. А лекови за хронични проблеми исто како за крвен притисок може и со години и доживотно да се земаат.
Тука е спомната Ивана Хаџиванова еве нова информација сега освен во својот центар работи и во Систина како психолог што значи секако полесно да се дојде до термин меѓутоа претпоставувам и сигурен сум за многу висока цена
Јас не би се ни обидувала да закажам термин кај Хаџиванова, едноставно одамна прима само клиенти кои она си ги знае, нејзин круг на луѓе и пријатели кои се на тие луѓе и се препорачуваат меѓусебно. Јас пред неколку години закажав термин кај неа, чекав 2-3 месеци со душа, за неколку дена пред тоа да ми откажат и наместо да ми надоместат термин, ми закажаа кај друг психолог во нивниот центар.
Препорака за психијатар за тешкотии во помнењето, не можам да се фокусирам (мозочна магла, случајни мисли), не можам лесно да заспиам и социјална анксиозност? Отсекогаш сум ги имал овие и одлучив да направам нешто…
Некој добар матичен лекар? Не сум задоволен со мојот. И психијатар може и приватен да биде не е проблем
Треба да одиш повеќе пати да те следат со терапијата и дијагнозата што ќе ти ја дадат и да ти менуваат доза или да додадат плус затоа во клиника се одлични инаку приватни има еден куп не можам да кажам затоа што од клиника ги знам дека се навистина добри доктори. Инаку многу од приватните работат со упат ги има на мојтермин и може кај нив на матичен да закажеш
Јас лично сум бил кај 3 психолози преку фондот и сите 3-ца ми рекле: “Ако сакаш подетално да го разработиме проблемот/проблемите дојди на приватно”. Патем ти даваат некој смешен попуст/промоција за 1 сеанса или сл.
Здраво на ситее! Да прашам дали некој има искуство да сподели со Андромахи Наумовска, дали работи приватно, каде, цена, контакт… било што? Благодарам однапред!
Пишувам тука бидејќи темава е поактивна. Ако може да ми препорачате детски психолог во Охрид или Струга. Се работи за анксиозност на тинејџер
Prasaj za ova vo grupite na fb, imas i posebna grupa za ohriganki. Anonimno sekako mozes da objavis. Tamu ke dobies sekako odgovor.
Ристана Николовска, има нов профил на Инстаграм @present_self_ps Сеансите и се on-line Знам многу задоволни се од неа. 1500 ден наплаќа неделно мислам, најдобро прашај