Марија Конеска, работи со деца и млади, цена 1.000 до 1.500 денари и се сеансите. Работи многу посветено. Во новата зграда кај Мајчин дом е
Ако станува збор за истата Диана, комплетно исто. Дури и наместо како професионалец да и објасни на мајка ми што како, таа и нафрли безброј информации. И поради тоа до ден денес не можам да се разберам со мајка ми. Ми залепи две етикети уште од првата сесија, а втората не се ни одржа затоа што два пати ми откажа и тоа за да иде на свадба.
Zdravo Dali moze da mi preporacate dobar psiholog ili psihijatar koi imaat iskustvo i rabotat so tinejdzeri koi primaat hemoterapija
zdravo dami, sakav da prasam samo dokolku nekoj ima znaenje vo ova kolku iznesyva cenata na edna sesija kaj psiholog od prilika
Сакам да ве прашам дали знаете добар психолог во Скопје? Бев кај една ама немаше големо влијание кај мене. Ми кажуваше работи што веќе ги знам и работи од книги кои ги имам читано. Па ми треба некоја што има искуство. Ако има некоја таква пишете ми или лп или тука ако сакате. Благодарам однапред.
Што е работава со цениве на психолозиве и психотерапевтиве. Па пред неколку години ги имаше на групер по цена од 500 денари. Сега се некои нови и нови дијагнози и цената расте.
@izabela.nik имаш на разговор.мк опција пишување/аудио за поевтино. Моментално само тоа ти е нешто пристапно, евентуално државно е драстично поевтино. Ама не ти препорачувам да отидеш кај било кој (било државно, било приватно).
Пандемии, војни, економски пореметувања, скок на цени како резултат на олигополии, „друштва“, „здруженија“ што си го „бранат интересот“, несразмерно покачување на основа на трошоците, ако можело да имаат ќар со 30 посто зголемување, ставиле цена од 100 посто повеќе ... Немаш премногу опции. И жал ми е за сите што им треба психотерапевт, а им е премногу да платат. Тажно е всушност. Брутално. Сметај дека е од 1500 денари нагоре, сесија, горе-долу. Фала @eliesaab, конструктивна информација. Не знаев.
@Vikktorr негативно на пишување е што доста си ограничен, не можеш целосно да се искажеш со една средба. Но сепак е доволен начин за кратко да увидеш дали пристапот е во ред. Само не знам како им е апликацијата, еден период имаше проблем и исфрлуваше од средбата. И не нудеше опција да се вратиш назад. Ама би требало да им е средено.
Аха другар, не си арен ако мислиш дека 1500 е страшна цена, мојана ми наплаќаше 1300 пред пандемијата, сега пост-пандемиски е 3....
Види, за некого можеби и да е предност, некој што му е тешко да се изрази, му е срам, нема навика да зборува за своите проблеми, чувства, или е голем интроверт. Но, секако бара повеќе време, зашто „во живо“, комуникацијата е понеспосредна, докторот има други показатели за твојата состојба, и не мора да си добар во текстуално изразување. И јас се надевам дека тој проблем го средиле. Не сум ја користел апликацијава, инаку, никогаш. Но, веројатно е добра алтернатива во одредени случаи.
За среќа сум арен другар, и ти посакувам и ти да си! Знам дека надвор од Скопје (но, и во Скопје), има приватни психотерапевти кои наплаќаат и помалку, нѐ има овде од секаде.И затоа напишав од 1500 денари (нагоре). Но, ете, и твојот случај кажува дека цените се МНОГУ покачени. Жал ми е за тоа.
Ќути, ако идев со старото темпо што идев, ќе требаше сега да работам две работи, една за мене, другата за нејзе да и плаќам. Мене само не ми е јасно, како до толку немаат осет, мислам, разбирам дека и тие работат за пари и сето тоа, ама ко да забораваат дека живеат во Македонија. Треба асоцијацијата да направи некои правила за маржи и ценовници, јасно ми е дека е приватен бизнис, ама би било во ред доколку постои некоја ценовна политика која би била заедничка за сите, еве да речеме дека повисоки квалификации како клинички психолози и години искуство дека би биле +х сума пари на основицата. Мене ми е многу некоректно да ти градиш однос со пациент 5 години и оп у 2 години да качиш цена од 1300 на 3000, пошто на секој нов психолог ќе му треба месец-два па и три дури ти влезе у колосек за да те оправа. Не е ова пиљара па ти сега сакаш или не сакаш да дадеш 150 за патлиџаните. Биди ми поздравен, малце избегав од темата ко по обичај.
Не ми пречи што избега од темата, Појасни други работи. И јас се нервирам за тоа, инаку. И мене ми е несфатливо, но, еве, ако некој од нив чита, нека ја објасни нивната страна, па да видиме. Поздрав и до тебе другар. Убав викенд.