Здраво до сите членови. Имам специфично и конкретно прашање. Дали некој познава и има препорака за психолог/психотерапевт кој работи со деца CBT (Cognitive Behavior Therapy) со ERP (Exposure and Response Prevention). Се работи за терапија со разговор која се спроведува кај деца со OCD (Obsessive Compulsive Disorder). Во случајов се работи за 10 годишно дете кое го измачуваат мисли кои му создаваат непотребна грижа и страв, а во одредени ситуации има и компулсивни елементи… Доколку имате и препорака за детски психијатар кој е добар дијагностичар и би можел понатаму да работи со детето, секако е добредојдена. Однапред благодарам!