Ја отварам оваа тема со цел на едно место да ги кажеме конкретните доктори (и здравствената установа) од кои сме или не сме задоволни кои работат и во државното и во приватното здравство во Македонија. Една од целите на темата е да не трошиме скапоцено време и пари особено кога закажуваме термини кај доктори за чија експертиза не знаеме апсолутно ништо а сепак сме принудени да отидеме на било каков преглед. Друга цел е да добиеме одредена позитивна информација врзана со добар доктор или здравствена институција во која сте добиле солиден/врвен третман. Доколку се чувствувате слободни можете да споделите и конкретна преживеана ситуација. Ќе ја спомнам (во случајов како негативно искуство) др Соња Видиниќ од Клиника за ревматологија во Скопје. Млакост, незаинтересираност и неспособност за поставување дијагноза (при имање на опсежна документација и анализи) и обид да се отараси од пациентот што е можно побрзо.
Nemam iskustvo so doktori na klinika na revmatologija, slusnav ima dobar doktor revmatolog vo vojna bolnica Dr. Besim Aliu poz
Итно ми треба мислења. Добри или лоши искуства дечки, се е добредојдено да споделите... Се работи за операција на абдомен може ли да препорачате хирурзи ? Дали некој знае да сподели искуства со д-ри Зоран Караџов, Александар Шунковски од Државна се мислам и двајцата и д-р Владо Димов од Систина? Секое мислење ќе ми значи.. Фала Ви
Препорака за добар хирург. Систина или Ремедика?? Итна ми е работата, а не сум од Ск, немам блиски за искуство да ми споделат. Секое мислење е добредојдено
Од областа на ортопедија и трауматологија работат со ревматски проблеми, барем мислам дека е тоа што бараш. Илиев во Систина види, мислам дека таму беше, порано знам дека беше во Ремедика.
Препорака за добар ендокринолог на клиника? Се работи за хормони. Покрај Адамова искуства и мислења за следниве Тоше Плашески, Пемовска Гордана, Марковиќ Снежана?
Здраво, Ве молам искуства со матични лекари од Млин Балкан односно Идадија. Од кои сте задоволни и дали има таму добар специјалист за уво, нос и грло?
Здраво, дали може да ми препорача некој невролог? Мајка ми е со дијагноза миастенија гравис, ми треба некој предлог за добар невролог.
не видов одговор на ова прашање, а и мене многу ме интересира. Посебно за др. Димов татко ми мора итно да прави операција на желудник, има во понеделник термин со него и си мислам дали да пробаме и кај Др. Караџов да закажеме? каде е во целост подобро по ваше? фала многу
Дали има некој искуство со DR. SALIAMET EMINI, трауматолог на клинички? Се работи за малку комплицирана операција на рамо.
Многу сум се разочарала во нашите доктори. Ќерката на вујко ми треба да се оперира поради камења во мочните патишта, ама докторот не сака да оперира додека не прими ПОТКУП. Два дена ја држеле гладна бидејќи ја одовлекувале операцијата заради докторот. Инаку ДОКТОРОТ е од ГРАДСКА БОЛНИЦА во СКОПЈЕ .