1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препораки за доктори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од agios, 23 февруари 2019.

  1. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Дали може да ми предложите добар матичен лекар(општ лекар) од кои сте задоволни?Сакам да ја сменам моменталната ..па ако може препорака:)
     
    На Ne znam koj, Снегулк@23 и resenska им се допаѓа ова.
  2. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    14.238
    Пол:
    Женски
    Pzu Ena medical vo Cair doktor Medina Palamar fantasticna e!
     
  3. Sophitas

    Sophitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2020
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.259
    Оооо,далеку многу...
    Нешто центар,карпош? Можеби кисела вода...?:?:
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Emi888

    Emi888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакав да одберам општ матичен доктор во Неуромедика ама некако многу лоши мислења се изначитав дека Неуромедика не е тоа што била, па дали имате некое позитивно искуство да ми споделите за избор на матичен во некоја приватна болница?
     
  5. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.450
    Допаѓања:
    8.993
    Пол:
    Женски
    Тие што имате пптреба од добар интернист др.алексансар манолев. Далеку од центар ама добар специјалист.
     
  6. irenana

    irenana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Здраво, дали некој знае/имал искуство, да предложи добар доктор од клиниката за онкологија во Скопје?
     
  7. Luna88

    Luna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2018
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Мене ми е супер д-,р Александра Трајановска од Промедика. Вредна, посветена, добар дијагностичар. Одлична
     
    На Снегулк@23 и irenana им се допаѓа ова.
  8. tari

    tari Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    1.273
    Пол:
    Женски
    Ve molam predlozi za dobar nevrohirurg i za drzavno i za privatno
    Se raboti za operacija na 5 prslen kan 40 godisen covek
     
  9. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам дали на онкологија има некаков доктор за тоа што не се луѓе а камоли доктори. Се извинувам однапред ако некој има исклучок од ова што ќе го напишам. Се лечевме кај доктор Ненад Митревски (не сум сигурна дали презимето е сосем точно) за малигни заболувања на гастроинтестинален тракт - КАТАСТРОФА од човек, без никаков човечки пристап, како доктор по шаблон и без никаков пристап кон пациентот. Иако се работеше за 50 год млад човек, не одговараше на пораките кога се влоши состојбата, на клиниката кога го носевме имаше сосем ладен и нечовечен пристап, тврдејќи дека мора да прима пациентот хемо а после откога го ослабнаа со терапиите толку многу што изгуби околу 70кг да ни каже дека не е во состојба да прима хемо а дека на пет скенот се покажало дека ниту една од тие циклуси терапии не делувала ни малку на подобрување на состојбата (по завршената наводно успешна операција на дигестивна хир од доктор Александар Шумковски) а Ненад даваше терапии различни се додека пациентот не можеше да се движи ни со помош а претходно самиот си одеше на терапија, возеше до Клиниката за онкологија, јадеше после терапиите, пешачевме, шетавме за на крај да ни каже дека не му делувале терапиите и последно на закажана контрола во негов термин - ни кажаа дека бил на одмор а никој да не се јави од Клиниката претходните денови и да помести термин со оглед дека пациентите не се сите од Ск и патувавме со него во лоша состојба а немаше наводно лекар кој го менува “почитуваниот” доктор Ненад и за на крај да ми уклучат некаква инфузија која пред Клиника му се слоши и да не кажам скроз падна па едвај таму во првата просторијка му уклучија инфузија за да малку му ги смират болките и мачнината и да можеме да си го вратиме дома пак патувајќи. Никаков пристап на заинтересираност од ниту еден доктор не видовме додела млад човек се бореше пред нивни очи, со најголема храброст, цврсто верувајќи дека ќе му помогне некој од нив. Жално! Срамно! Болно!
    П.С. Додека примаше хемо сестрите (жал ми е што не ги знам нивните имиња) беа со убав збор кон нив и покажуваа барем некаква човечност и грижа кон тие невини луѓе кои примаа терапии надевајќи се дека ќе успеат. Извинете на долгиот пост. Морам да напоменам дека и после неколку месеци искрено не знам како ги затвараат тие досиеа на пацинтите - кога никој не се јави од Клиника да праша како е пациентот, преживеал/умрел после таа последна хемо која всушност била само комбинација на некакви “лекови” или отрови кои експериментално пробуваат на млади пациенти…
    Се надевам и искрено посакувам вашите искуства да бидат многу поразлични од нашите и да сте во добро здравје уште долги години.
    Моето искуство е дека таму нема луѓе а камоли доктори! Болно!
    Моја препорака е дека ако нешто делува колку толку позитивно, барем кај нас е маслото од канабис, за кое искрено бевме најскептични.
    Извинете уште еднаш на долгиот пост.
     
    На Vio_let, Cicko Cacko, Aenarion и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. irenana

    irenana Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2014
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Ти благодарам @Dreamsdocometrue на искрениот пост и жал ми е што сте имале такво искуство. Мајка ми треба да почне со хемо за две денели, после завршена операција на града, па баш и поради вакви искуства како вашето се распрашувавме за доктори. Закажано е кај некоја докторка Даниела, не се сеќавам на презимето, па ќе видиме...никој не смее да биде третиран на таков начин! Фала ти и на советот за маслото од канабис!
     
    Последна измена: 28 мај 2022
    На Vio_let и Dreamsdocometrue им се допаѓа ова.
  11. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Мој совет е убаво распрашајте се дали “мора” да прима хемо, во меѓувреме преврнете по други држави по маил испратете ги нејзините резултати па чисто побарајте мислење и од странски лекари, многу од нив одговараат. Не залетувајте по хемо, уништува и се што е здраво, кај нас го уништи до последен грам буквално физички јак човек од 140 кг и тоа за само неколку месеци, не знаете со која брзина го доведоа тие “терапии” на мала душа - буквално и до која брзина се случи тоа се, што веќе кога ќе се свестите е мноогу многу касно. Толку го уништија што се друго во телото му беше здраво и здраво срце, крвна слика без никакви отстапки во ниту еден параметар, ја изгуби силата и тежината и оддењето што на крај не можеше да прозбори, немаше сила а се трудеше да ни ги каже последните зборови а не можеше. До последно викаше ова е само лош период и ќе го пребродиме. Го уништија! Ве молам пазете се сите од тие терапии и од нашите доктори што те лечат се додека во вистинска смисла на зборот не те доведат до смртна постела па да кажат до организмот е не реагирал. А вие лечите по дијагноза инфивидуално или сите по шаблон за да не делуваат вашите терапии ни малку. Стварно се бездушни, внимавајте! Распрашајте се за маслото и почнете што побрзо за да не ве боли душата колку мене денес….
    Посакувам да што побрз
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    @Dreamsdocometrue за жал хемотеарпијата вака делува кај 90% од пациентите(разорувачки).Гадење,повраќање,губење апетит и килажа,влошување на крвната слика се само дел од нуспојивите.Од др страна сега за сега е единствен ‘лек’ кај оваа болест(сем операција во ретки случаи и трансплатација).

    Сама кажуваш дека имал добра крвна слика и здравствена состојба.Поради тоа и лекарот проценил дека е адекватен за да прими терапија.Кој како од после ке реагира никој унапред неможе да знае.

    Мајка ми без хемо беше па умре за 21 ден од денот ког дознавме дека има рак.И она не јадеше ништо,неможеше да стане за до купатило,беше како билка буквално.Ама не од хемо туку од што губеше крв внатрешно(рак на желудник).Така кога ке видиш нема правила тука.

    Мн е битно за време на хемо да се јакне организамот.Да се прочисти од сите отрови.Не знам дали сте пробале со бројсова терапија(диета),сок од спелта,детокс на јетрата,сок од свеж целер?

    И за крај..не очекувај од клиника да се јавуваат и прашуваат како е.Звучи сурово ама реалноста е таа ,сем ако немате врски.За нив сме/сте само статистика и бројка,ништо повеќе.
     
    На Tanjat78 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dreamsdocometrue

    Dreamsdocometrue Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Јас се те разбирам меѓутоа кај вас може била откриена касно па поради тоа немало можност за терапија и операција. Кај нас беше откриено “рано” што дури ни викаа како сте го виделе ова, во најчести случаеви се открива касно оти ова не се ни приметува на ехо…Имаше операција која траеше цели 11 часа. Па одма хемото ја земавме зашто “докторот” тврдеше дека без хемо одите на многу голем ризик, вака само може да му помогнете, кај него дури викаа дека терапиите се превентивни, за во иднина да не се појави. За врски нема да спомнам какви врски имавме и што се не направивме само ќе кажам дека операцијата ја закажуваа првично за после 3 месеци од кога го видовме на ехо а со врските кои те уверувам дека поголеми не можеше да ги има никој, операцијата ја закажаа за после две недели и со тие истите врски теравме и на онкологија кога немаше кој да го погледне додека му беше страшно лошо, со огромни болки. Со истите врски оддеднаш како што немаше никој, од кога ќе се јавевме после не цели 2/3минути дојдоа не еден ами тројца од нив а ние баравме еден доктор (кои пак ќе кажам не се интересираат ама ни малку за состојбата туку дека ќе им се јават па си собираат поени таму кај што ним им треба).
    Жално е што и кога условите за лечење на човек од 50 години, без никакви претходни здравствени проблеми, со негови 2м висина и 100 и кусур кг, откриен во рана фаза барем така викаа они, со сите врски што може да се имаат, успеаја да го умрат човекот за неколку месеци, лечејќи го со превентивни хемотерапии.
    И не е крива државата, криви се баш овие што не се свесни дека они се државата и они се доктори кои полагале заклетва а они се имаат само никаква човечност. За пациентот во вакви моменти нивниот збор - живот значи а нивниот пристап е се.
    Искрено жалам за твојата мајка и за сите невини луѓе кои си одат најчесто од нивната неангажираност, незнаење…
     
    Последна измена: 30 мај 2022
  14. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    Препорачајте ми добар приватен општ лекар.
    Од друг град сум, немам матичен во Скопје и денес имам проблем поради кој не отидов на работа, морам итно извештај од лекар да доставам, а и секако да се проверам.
    И цена на преглед ако знаете да ми кажете
     
  15. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Здраво, ве молам препорака за солиден ревматолог. Благодарам за секој совет.
     
  16. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.556
    Допаѓања:
    7.473
    Пол:
    Женски
    Препорака за асален пулмолог-алерголог? Ако знае некој на приватно би било идеално. Многу ми е лошо со астмава и алергииве деновиве.
     
  17. Snezna

    Snezna Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Дали најдовте? Мене во Систина ми го препорачаа Грличков, но преглед е 4800 плус испитувања и снимања е премногу.
     
  18. Aenarion

    Aenarion Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Машки
    Грличков е одличен ревматолог според мене. Исто така тој ја има и пишувано книгата за ревматологија од која се учи на македонските медицински факултети (барем само неговото име стои на неа). Е сега во однос за цената тоа не можам да ти кажам, ти си ги знаеш твоите финансии најдобро.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Baby Girl 3

    Baby Girl 3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2020
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Не најдов саглам ревматолог (не бев на приватно и многу ми е скап преглед од 4.800 ден), а сега малку надвор од темава имав баба, живееше 90 години, половина од животот боледуваше од реума и велеше дека нема лек за реума (не знам и до ден денес дали има ефикасен лек за реума, освен бањско лечење).
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Искуства со кардиолог Марјан Димитровски во Систина?