Има многу несовесни ортопеди пази кај кого одиш. Некои нема да го пратат пациентот на снимање кога треба или ќе оперираат нешто што може и без операција.
Имиња нема да спомнувам имам лични случаи од блиски што беа и на клиника и не ги испратија на бања а снимките отпосле покажаа дека морало. Други два случаи на приватни ортопеди што нудеа операција за проблеми што се решија со физикална. Ова секако не е само за тебе туку за сите да си припазат каде одат и ако треба операција да се бара обавезно второ мислење.
Пази кај кого одиш, зависи за што се работи има многу злобни доктори што сакаат непотребни операции и нема да те прати на физикална на друго место. Има и одлични хирурзи меѓутоа знам лично и за такви и за такви примери од многу страни.
Маја Каличанин ја фалат многу, само зависи и најмногу конкретно за каков проблем се работи, дали си сигурна дека е за ортопед.
Работи и со деца, има сертификат од др.Граф за ултрасонографија на детски колкови, тоа и е додатно, инаку е специјалист ортопед. Јави се прашај ако сакаш конкретно во Систина ама сигурно прегледува и возрасни.