Дали имате некоја препорака за добар невролог? Зборувам пред се за добар дијагностичар, а и некој ќе те ислуша, испраша, ќе те гледа во очи додека му објаснуваш наместо да куца извештај или барем откако ќе го искуца ќе ти се посвети и нема да те испрати за 7 минути? И за крај, уште поважно, некој кој е докажан во дијагноза и третман за мигрена и невралгија?
Doktor Arben Taravari so prioriten upat od maticen treba sekoja sreda e vo ambulanta odlicen doktor pozz
Препорачајте ми женски гинеколог од Скопје, пожелно и помлада, ради природата на прашањето. Што стварно знае и ја бива. Пошто иам чудно прашање
Оти помлада? Иначе ако ти е за приватно, ќе препорачам една постара, Катерина Станкова, Д-р Ина ординација. Многу стручна и фина.
Жени Нека поминат вирусиве јас ке почнам со годишните рутински контроли. Ми треба препорака за интернист и кардиолог каде да одам? Повеќе би сакала на државно да одам , отколку на приватно. Но ако неможеш да најдеш термин ќе одиш приватно.
Барам препорака за добар систематски преглед, сум правела во 2 клиники но некако ни на едно ни на другото место не ми беше тоа тоа, како на трчање, како за потпис. Може да споделите од каде сте задоволни, тнх
Возрасно лице се соочува со проблеми од типот на нервоза агресија... едноставно се смени човекот на полошо и свесен е дека му се случува нешто и бара помош, дали е за психолог или психијатар и препорака за доктор ве молам
Ве молам за препорака з адигестивен хирург, многу е итно се работи за канцер. Или за мислење за Арсенков од градска
Doktor Ljuben Arsenkov odlicen, prijatel na naši kukjni prijateli i licen doktor predobar sekoja preporaka bez razmisluvanje so lesno pozz