Препораки за стоматолог, орален хирург, ортодонт...

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од BoaVista, 9 ноември 2011.

  1. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Искуства со Карадент за коронки?
     
  2. La.RagazzaMisteriosa

    La.RagazzaMisteriosa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    10.844
    Пол:
    Женски
    Препорака за добар стоматолог Карпош или Ѓорче?
     
  3. avefemına

    avefemına Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2022
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    би ја препорачале ли ординацијата Др Ковачевска кај клинички центар?
     
  4. Eurika

    Eurika Активен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2022
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.Дали знај некој како можам да закажам термин кај максилохирург Илиев на Державна без осигурување?Дали има некој телефонски број?
     
  5. Kokica22

    Kokica22 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Потребна ми е информација за добар орален хирург кој става импланти во Велес, контакт и име на неговата ординација.
     
  6. Nate- princeza

    Nate- princeza Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Edinstven oralen hirurg vo Veles e Zvezda Kochova , valjda samo ona e I jas baram oralen hirurg drug ama ke da nema , jas sum od Veles
     
  7. Kokica22

    Kokica22 Нов член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2023
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Има еден добар млад орален хирург: Панче Зафиров
     
    На Nate- princeza му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nate- princeza

    Nate- princeza Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2023
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    Go znam, Ali neznaev deka bil oralen hirurg .! Super .
     
  9. iskra.mya

    iskra.mya Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Zabelezuvam deka nikoj ne dade odgovor dali bil kaj dr. Milena od PZU Ignjatovski.I mene me interesirase bilo koj dali bil, iskustvo za koronki i laminati, na instagram nonstop ja gledam so prekrasni sliki ama nikako ne mozam da najdam nekoj sto bil kaj nea dali e zadovolen,zar nikoj od tuka ne bil?
     
  10. iskra.mya

    iskra.mya Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    I dali nekoj ima iskustvo so Vesna Nikolova od Dracevo?za koronki,mostovi,laminati?
     
  11. Saba08

    Saba08 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2017
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    И мене исто ме интересира, гледам @moni.poni изгледа оди кај неа.
     
  12. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Јас сум презадоволна.
    Имам ставано коронки и ламинати
    Уметник е жената, прави чуда
     
    На Saba08 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    А од санирање заби како си задоволна од неа?
    И какви коронки ставаше цирконија или метал керамика?
     
  14. moni.poni

    moni.poni Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2016
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    85
    Метал керамика ставав
    Имам и правено заби топ е жената
    Позитивна е многу
     
  15. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Здраво, што направи, како помина? Сеуште се двоумам за доктори па ова ми е едно од изборите
     
  16. Gossipgirl31

    Gossipgirl31 Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Каде ги оправи забите? И јас го имам истиот проблем...
     
  17. CatL4dy

    CatL4dy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2017
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Препорака за добар оротодонт? Сакам да ставам фиксна протеза (по можност од тие проѕирните) а имам 30+ години
     
  18. Моргана Пендраг#

    Моргана Пендраг# Активен член

    Се зачлени на:
    21 април 2023
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Дали во поликлиниката во ѓорче петров има стоматолог? И доколку има предложете кој е подобар (за матичен )
     
  19. barbequmaci345

    barbequmaci345 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2023
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Ti preporacuvam da odis vo eendomak
     
  20. АндрејМ

    АндрејМ Активен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Се надевам дека темава е добро место за луѓе коишто сакаат да стават фиксни протези и можеби бараат решение доколку имаат истовремено проблем со виличните зглобови.

    Чувствувам дека ми е морална одговорност да ги предупредам сите коишто сакаат да стават фиксни протези или имаат проблем со зглобовите НИКАКО да не одат во ДентаЕС во Кисела Вода кај др. Елена Василевска Ѓеоргиева. Да го раскажам моето искуство.

    Во ДентаЕс дојдов поради проблем со десниот виличен зглоб. При отварање зглобот прескокнуваше и пукаше при нагло отворање. Имав огромни главоболки, болки во ушите и носот и трнење во рацете. Дојдов кај д-р. Елена и ми дијагностицираше дисфункција на дискот во зглобот. Почнав третман со вежби со пластични стапчиња и воден сплинт Аквалајзер после коишто движењето на зглобот значително се подобри. Потoa ми зема отпечатоци од новата позиција на вилицата (со прилично произволно мрдање на вилицата од нејзина страна на лево) и по неколку дена ми даде тврд сплинт и со него ми направија мерење на џвакалните мускули и движењето на вилицата (електромиографија и кондилографија).

    После првата ноќ носејќи го сплинтот, утредента се разбудив првпат после 2 месеци без главоболки. Но тоа траеше само 4-5 дена. Следните 4 месеци следеше хорор и агонија. После неколку последователни состружувања на сплинтот, состојбата не само што не се подобри,туку и се влоши. Имав огромни главоболки, жештина во лицето,болки во слепоочниците, образите, болка во носот, болки при џвакање храна, болка во двата вилични зглоба што ја немаше претходно и неколку пати неделно ненадејно зуење во ушите, што беше застрашувачко. Исто така станав чувствителен на пискави, високофреквентни звуци. Секој ден се будев со огромни болки во лицето, квалитетот на живот ми се сведе на нула, се претворив во зомби. Почнав да пијам диазепам, хелекс, ибупрофен за барем малку да си ја смирам болката. Секој ден беше борба. Очигледно нешто не беше во ред со сплинтот, но продолжив со третманот уверуван од докторите дека се е во ред со сплинтот и дека ќе се подобри состојбата.

    За тие 4 месеци докторката Елена ниту еднаш не ја видов, ниту најде за сходно лично да ме прегледа, секогаш ме препушташе на помладите доктори. На еден преглед беше присутна во ординацијата на само 3 метри од мене во другата соба, но реши да го користи помладиот доктор како курир и преку него да ми даде инструкции да правам пак вежби со стапчиња, што немаше никаков смисол. Не ѝ беше гајле да стане од стол и да ме види. При крајот на 4-тиот месец одлучив да не го носам повеќе сплинтот и состојбата некако како да ми се подобри. После 4 месеци конечно ја видов пак, за да утврди дека умниците што не биле покриени со сплинтот еруптирале, или пак останатите отишле подоле во коската, умникот удирал во горната седмица бидејќи горе немало умници (утврдува после 4 месеци!) и тоа создавало (или не) проблем и уште многу други работи. Кажа дека сега знае зошто ми е подобро кога не го носам сплинтот. Како да треба дури да ѝ бидам благодарен што сам сум одлучил да не го носам?! За тие 4 месеци агонија што ги преживував, требаше да ја следи мојата состојба и да ме прегледува регуларно, така ќе забележеше било какви промени на полошо, и (веројатно) нешто ќе превземеше. Консултирајќи се со други 3 ортодонти, добив мислење дека сплинтот е сосема погрешно направен и ги држел зглобовите и мускулите во неприродна положба.

    Исто така во третманот за којшто платив влегуваше контролна електромиографија и кондилографија, коишто не ми ги направија иако им побарав неколку пати. Значи она за што чесно сум платил не го исполнија и се правеа наудрени. А сумата не беше мала. Севкупно ми земаа со прегледи над 35000 денари.

    Краен резултат: кликањето, прескокнувањето престанаа, вилицата сега се движи глатко, болката во ушите престана, но останав со болка во слепоочниците, образите и позади носот веќе цела година, секој ден. Загризот ми остана целосно исчашен и немам стабилна платформа за гризење што ми создава болка во мускулите на лицето. Дури после една година успеав барем малку да ја смирам состојбата со користење ласер и со носење функционален апарат од друг ортодонт. Докторката во мојот случај покажа тотална негрижа за мене како пациент и ми создаде огромни дополнителни проблеми коишто бев принуден да ги решавам на друго место. Хроничната болка со месеци којашто сѐ уште трае драстично ми го намали квалитетот на живот и ме доведе во состојба на тешка депресија (за која земам антидепресиви) и добивам повремени панични напади. Изгубени години и месеци од мојот живот заради нејзината целосна неспособност. Не сакам никој да ја преживува агонијата што ја преживував јас. Избегнувајте ја оваа таканаречена докторка по секоја цена!