Препорачајте интересна серија со кратка рецензија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Sonce, 8 ноември 2009.

  1. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    p16606938_b_v8_aa.jpg

    The Order

    Интересна серија на Нетфликс со магии.

    За да ја одмазди смртта на неговата мајка, студентот на колеџот се залага за таен ред и се соочува со војна меѓу врколаците и практичарите на темната магија.
     
    На eminik му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyC

    LadyC Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    34.548
    Пол:
    Женски
    На mileystar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Покрај "Chernobyl" за која си дадов мислење у посебната тема, многу многу многу ја препорачувам "Catch-22". Мини серија адаптирана на книгата напишана од Џосеф Хелер, книга која ми е на листа за читање добри 5 години. Дејствието се одвива во време на Втората светска војна и пратиме група млади авијатичари бомбардери кои се обидуваат да останат живи, но и ментално нормални, за време на нивните задачи во кампот. Работите ги доживуваме претежно преку очите на еден од авијатичарите, Јосариан, кој уплашен од сето она што се случува, на почетокот постојано лаже и бара здраствена причина за да не мора да се врати назад во авионот наредниот ден. Серијава иако е доста трогателна и драматична, има и хумористичен елемент, или барем не многу тензична атмосфера, иако се соочуваме со хорорите од војната. Јосариан го глуми Christopher Abbott (кој јас го знам најмногу од првата сезона на "The Sinner") и е одличен, а други попознати актери се George Clooney и Hugh Laurie кои глумат поручник и мајор.
     
    На theowndemon, Ginger^, smooch и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    p15523414_b_v8_ab.jpg

    Whiskey Cavalier

    Добра и интересна криминална серија. Добра екипа на глумци.

    Агент на ФБИ и неговиот нов партнер, оперативен директор на ЦИА, се зафаќаат со мисии за да го спасат светот, но прво треба да се сложуваат едни со други.
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    3.793
    Допаѓања:
    22.149
    Јас имам две серии што ми се допаднаа па да ги споделам со вас,
    1. Russian Doll
    [​IMG]
    8/10
    Првата сезона заврши со 8 епизоди по 20 минути, ќе има и втора али мислам дека нема да биде убава како првата, Главна улога е Наташа каде што ќе умре и ќе се врати во живот и секој пат кога умира се враќа во исто време на исто место, и тука е целата мистерија што како се дешава све, интересна серија со мала доза хумор.

    2. Chernobyl
    [​IMG]
    9/10

    Одлична серија, по детален опис за настаните кои се случувале за време на несреќата. кратка серија од 5 епизоди.
     
    На WildMk, mileystar, carver91 и 5 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    5.473
    Допаѓања:
    84.084
    Пол:
    Женски
    И јас баш дојдов да пишам за Чернобил, гледам Јипи ја предложил. Многу добра приказна која е супер прераскажана и топло ви препорачувам да ја ѕирнете. Од првиот момент кога упорно се трудат да ја игнорираат катастрофата, до моментот кога се обидуваат да решат нешто кое никогаш претходно не се случило. Па и пожртвуваноста на луѓето..пожарникари, рудари....., уф. Одлични три ликови...двајца научници од кои една жена и генералот.
     
    На Yipman2 и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    p9694098_b_v8_af.jpg

    Graceland

    Многу добра серија, не е нова има 3 сезони.

    ФБИ агент е испратен во куќа за тајни агенти во Јужна Калифорнија, каде што е обучен од поранешен агент на ФБИ.
     
    На Zimone му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.585
    Допаѓања:
    6.723
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Dead to me
    Сопругот на Џен ќе го удри некој со кола и ќе избега, ќе го остави да умре. Жената која го удри ќе и стане најдобра пријателка... Има една сезона со 10 епизоди, а по крајот на последната епизода изгледа ќе има и друга сезона. Во еден ден ја изгледав, интересна е и непредвидлива.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.239
    Допаѓања:
    41.823
    [​IMG]
    Не знам како не сум наишла досега на серијава, ама одамна барав ваква комедија, право освежување. Има крајно смешни моменти, има четири сезони излезено.
    Америка Ферера е во главна улога, кастингот во целост е одличен и имаат супер хемија.
    Создадена е од продуцентот на The Office, верувам дека ќе им се допадне на фановите на серијата.
    Јас сум моментално на втора сезона и се повеќе се навлекувам.
    https://www.imdb.com/title/tt4477976/
     
    На do-re-mi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  10. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    small_original.jpg

    Sleepy Hollow

    Одлична серија со чудовишта со натприродни моќи. Има 4 сезони.

    Во 1781 година, Ichabod Crane кој работел за Џорџ Вашингтон како двоен агент тој се враќа од мртвите и се буди во 2013 година за да ја разоткрие мистеријата која датира уште од основоположниците.
     
  11. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    When They See Us
    0NDQ1MD.jpg
    Нова мини серија од Нетфликс со само 4 епизоди.
    Снимана е по вистински настан кој се случил пред 30 год. Полна е со неправди и стереотипи, што на моменти ја прави многу тешка за гледање. Не ми се верува дека нешто така ужасно се случило.
    Ликовите се феноменални, музиката предобра, ја препорачувам.
     
    На WildMk, SofiMar_, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    2.852
    Допаѓања:
    12.559
    Good Omens

    good omens.jpg

    https://www.imdb.com/title/tt1869454/?ref_=tt_urv

    Екстремно шармантна британска серија.
    10/ 10, плус огромна пофалба за музиката на Queen.
    Базирана е истоимената книга на Тери Пратчет.

    Ангелот Азирофел (Мајкл Шин) и демонот Краули (Дејвид Тенант) се добри пријатели веќе 6 000 години. И двајцата преферираат своето време да го поминуваат на Земјата, отколку меѓу својот „вид“ во Рајот и Пеколот. Работите се усложнуваат со раѓањето на Антихристот, кој треба да ја предизвика Апокалипсата. Ако сакаат да продолжат да уживаат во животот на кој се имаат навикнато, ангелот и демонот ќе треба заедно да работат за да го спречат крајот на светот.

    [​IMG]

    Забавна, смешна, позитивна серија, составена од шест епизоди. Во останатите улоги се појавуаат Франсис МекДорманд, Миранда Ричардсон и Џон Хам.

    good-omens.jpg

    Good Omens е одличен избор за сите кои бараат нешто симпатично и пријатно, а особено би им ја препорачала на оние кои сакаат британски хумор, и на оние кои уживаат во натприродни приказни.
     
    Последна измена: 3 јуни 2019
    На Someonespecial, do-re-mi, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  13. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    The_Night_Shift.jpg

    The Night Shift

    Интересна медицинска серија, има 4 сезони.

    Група лекари од војска се враќаат на работа во ноќната смена во болницата во Сан Антонио.
     
  14. MissChievous

    MissChievous Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    "When They See Us" е мини серија од 4 епизоди за вистински криминален случај (Central Park Five) од 1989 година. Во Сентрал Парк најдена е брутално истепана и силувана девојка на работ на смртта. Истата вечер, во дел од паркот група млади црнци се понашаат како багабонди, трчаат наоколу и малтретираат белци, викаат по нив, ги маваат со камења и слично. Но, не сите кои се присутни го прават истото. Полиција почнува да ги брка, апсат кого ќе успеат да фатат. Меѓу нив 4 црни момци со 14 и 15 години. И еден 16 годишен пријател на едното дете. За да се реши случајот со девојката, ги испрашуваат 40 саати без нивните родители или адвокти, ги тепаат, им врискаат, не им даваат храна и паузи до тоалет. Им ветуваат дека ако потпишат дека учествувале во злосторството, ќе им дозволат да си одат дома. Дечките потпишуваат бидејќи се млади, уплашени и неискусни и сакаат да си одат дома. Завршуваат на суд, каде што без никакви докази, без дна, без очевидци, само со тоа што под притисок го имаат кажано и потпишано, се осудени дека се виновни. Четворица завршуваат во juvie, а оној со 16 години во вистински затвор. Четорицата отслужуваат 6 години, а овој петтиов 13. Во 2002 година, вистинскиот криминалец признава за стореното дело и на момците им е избришано криминалното досие и платено оштета. Колку прекрасно, а толку толку жално е прикажано низ што поминуваат. Поготово 16 годишниот. Сум плачела. Иако срцето ќе ви се скрши неколку пати низ 4-те епизоди, вреди да се изгледа. Совршена улога од прв до последен момент, од сите актери. Поготово од Jharrel Jerome, типот што го глуми 16 годишниот Korey Wise.
     
    Последна измена: 18 јуни 2019
    На Lolipop23 и Elenpelen им се допаѓа ова.
  15. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    thatSAJT-LARGE.jpg

    That 70s Show

    Најомилена серија до сега и пресмешна.

    Комедија која се врти околу група тинејџери, кои живеат во Висконсин во 1970-тите.
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.393
    Допаѓања:
    82.165
    Good omens

    Думај се јас думај се од кај ми е познат насловот. А многу луѓе ми ја предложија серијава без да ми кажат содржина и јас онака, ја шуткам за после оти имам запоставени.

    Ама некој да му текнеше да речи:
    гледана ќе ми беше барем два пати.

    Ако не утре, задутре ќе ја бинџнам, или нема сезона да видам уште сабајле да можам да ја изгледам? Баш ќе проверам сега.
     
    На Someonespecial, Nausicaa и 1209 им се допаѓа ова.
  17. LitttleRNBPrincess

    LitttleRNBPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Rosewood_cover.jpg

    Rosewood

    Интересна криминална серија, има само две сезони.

    Мајами патологот д-р Бомонт Розвуд, Џуниор, наоѓа тајни во човечките тела користејќи ја својата најсовремена лабораториска опрема.
     
  18. pianogirl

    pianogirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2018
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Дајте предлог за серија во стилот на Riverdale i Pretty little liars