Years and Years Серијата е научно фантастична дистопија, ама е сосема блиску до реалноста. Малку е само far-fetched ради форма, па да спаѓа во sci-fi Дејството се одвива во Велика Британија и ја обработува политичката ситуација таму, како и глобалната политика. На моменти ме потеќаше на 1984та. И најбитното... многу тажна приказна... плачев ко кишна година. Оцена 11/10
Препорачајте ми некоја германска серија што ви оставила добар впечаток. Ја гледав Дарк, меѓутоа не успеав да ја сфатам и ја баталив.
Generation war https://m.imdb.com/title/tt1883092/ Мини серија е, за 2 светска војна, ги следи животите на 4 личности, пријатели кои животот им е нарушен со почнување на војната, каде секој има различна улога. Убава серија каде ја прикажува и германската страна во ww2.
Го прочитав мислењево пред месец и нешто, а во моментот немав ништо друго за гледање па си почнав да ја гледам онака секојдневно casual... Да, супер серија, сосема различна од се друго што сум гледала. Фала за препораката...
Никогаш нема да ги заменам The Vampire Diaries и The Originals,плус глумците се екстра И сакав да прашам,на која апликација ги гледате сериите?Јас досега ги гледав на Tea Tv но нешто почна да кочи и да не ги отвара.Ако знаете некоја слична апликација ве молам пишете.
zoey's extraordinary playlist https://www.imdb.com/title/tt10314462/?ref_=nv_sr_srsg_3 Лесна, интересна, музичка серија. Сплет на околности ќе доведе до тоа Зои да почне да ги слуша луѓето околу себе, како пеат песни за емоциите, случувањата или проблемите што ги имаат, без тие да се свесни за тоа. Ако сте љубител на мјузикли, па и да не сте, а сакате лабави серии, со многу допадливи карактери, дис ванс фор ју.
@Nausicaa зомбиња и The walking dead, ми е омилена серија. Врати се на гледање. 9та сезона е БРУ ТАЛ НА! 10та ја ставија на Нетфликс и ја тргнаа следниот ден. Само 3 епизоди изгледав. Вчера прочитав дека ќе ја вратат назад во Февруари. Кој знае... Ја меркав Marriane ама не доволно за да ја гледам.. Чим велиш добра е, ќе и дадам шанса деновиве.
Ќе напраам и посебни теми за нив бидејќи мислам ќе ги биде. The Boys. 8/10 Суперхерои кои се популарни и обожавани од народот, нешто како естрада само по секси и све, само што можат да прават што сакаат, и некои од нив прават што сакаат. Група луѓе смртници, сакаат да им го спуштат егото и да им го покажат местото. Во кратки црти, инаку има доста акцент ставено на актерите, нивните животи, не е све Марвел суперхерои пукање и тепање, има прича. Мислам дека ќе ви се допадне, нема цензура, плус покажува како лесно се контролира општеството со реклами медии и доста тешки политики имаат. The Umbrella Academy 8/10 Базирана врз стрипови како погоре The boys, слична но тука суперхероите не се шупаци и его манијаци, него се шупаци ама на смешен начин, еден ден се раѓаат куп деца од никаде, еден билионер успева да собере 7 од нив и да ги научи да го бранат светот. Секој од нив има посебна моќ, сите се сјебани во мозокот на некој начин, али успеваат да тераат даље. Треба да го спасат светот да не се утепа, иако они се криви што светот ќе се утепа... Серијава е мистерија, комедија, акција, драма, све по нешто, има убава приказна која мислам дека ќе ви се допадне. Особено малоно дете што треба да глуми 80 годишен старец е можеби најдобриот глумец што сум го видел до сега на некоја серија. Јас се заљубив во серијава реално, особено 2ра сезона е топ.
Barbarians 7.5/10 Во римско време по некоја си вистинита прича, кога ќе бидат поразени римјаните во некоја си битка во Германските шуми. Убава серија со неколку сезони, трае по саат време епизода, има од све по малце, мене лично ми се допадна и не ми беше досадна. препорачувам да се погледне. To the lake 7/10 Кратки црти, вирус во Русија, група од две фамилии се обидуваат да избегаат до некое езеро а притоа да ги преживеат вирусите, лошите луѓе и владата која убива све што е заразено, доста драма, нешто акција, убава серија по саат време епизода 8 епизоди мислам се. Не е лоша за гледање
You си ја гледала? Ја има на нетфликс. Многу ми беше интересна. Серијата го опфаќа животот на еден убиец, со меко срце, ако може да го наречам. Имено, дечкото се заљубува во девојка, но истовремено ја следи, знае се што прави и после некое време и таа се заљубува во него. Но, после почнува интересното. Едвај чекам 3та сезона.
Мини серија “ The Undoing” Серии не гледам зошто обично немам трпение за повеќе од 3, ама серијава ја изгледав во еден здив. Има дури 6 епизоди. Има и одличен актерски тим во овој психолошки трилер. Nikole Kidman ја игра Grace Fraser успешен терапист која е мажена со детскиот онколог Јonathan (го игра Hugh Grant), а имаат заедно син кој посетува престижно училиште во Њујорк. Навидум идилично, типично елитно семејство во Њујорк, но наеднаш амбис ќе се отвори пред Grace по насилната смрт на Elena Alves и цела една серија на поврзани ужасни откритија.
предобара кратка серија, те држи во неизвесност до последен момент, додека ја гледав серијата 10пати го променив мислењето кој го извршил убиството..
Лани пишав огромна листа на серии шо имам гледано и што ги препорачувам, цитирам за да не испадни дека не се споменати прекрасни серии, ама годинава ќе одам од то шо гледав за прв пат шо би предложила, а шо не. Лани исто така не ме собра во едно мислење оти праев резиме на поќе години од добри серии, па ако цитирам мислењата да ги видите, нема пак да ме собери во три мислења овој пат, така да линк и линк до двете листи. И сега одиме со листа 2020 The Witcher - би се колнела дека серијава беше од лани, а отворам темата за гледани серии и оп гледам прва со 10/10 оцена. Океј серијава можам да ја продам ептен добро. Хенри, топлес, во вода, со раширени раце, гледа провокативно. Демек сакате да ви кажавам за шо е? Серија базирана на игра, Хенр-- ова Вичер е ептен секси и тепа чудовишта. Има секси женска. Уба ќерка. Прејак пејач. Да. Серијата ја гледам низ призма на секси луѓе. Извинете ако очекувавте нешто сериозно од моите ривјус. Впрочем, ги видовте тие од лани. Риврдејл е на листата. 10/10 Harley Quinn - не би да рекла дека е guilty pleasure серија зошто е сериозно добра серија. Анимирана DC серија која го прати животот на Харли во Готам после нејзин раскин со Џокер. Али води јавен живот, шо значи сите ја знат дека била со него, па тој сепак пробва да ја манипулира. Најдобра другарка ѝ е Ајви која пробва да ја тргни од него. 9.5/10 The Mandalorian - пак, би рекла дека оваа серија лани ја гледав, а гледам во гледани серии за 2020 ми е. Па во последното мислење дури и во ''returning'' сум ја пишала зошто веќе има втора сезона. Импресионирана сум, тоа крева оценка. Star Wars spin-off, слушавте тогаш за бејби Јода мимојте претходна зима. Е тоа. Убо е. 9.5/10 The World According to Jeff Goldblum - ова не го предлагам дека е нешто прејака серија, ја предлагам дека е со Џеф. Е сега, интересно е, секоја епизода е ориентирана на различено нешто, пример сладолед, патики etc. Па учиш како се прај нештото, како се бираат вкусојте, па мајстори најдобри во таа област ама некако е ептен лесна, шармантна серија и можи на некој ќе му се допадни ма ане е мој cup of tea ама има висока оценка само ради Џеф. Нема да лажам, го обожавам. 7/10 Pennyworth - еј од ова баш видов дека имам нова епизода! И се издравав. Исто, прати живот на DC лик, јас сум сепак DC fangirl. Алфред Пениворт е уствари батлерот на Бетмен. Ама тука дејството е кога тој е млад. И секси. ОК! Ќе пробам да не претервам дека сите актери се секси ама шодапрамтребадамидојди. 7/10 Messiah - шо бе ова ја прекинале? Така бар прочитав негде. Ама не знам каде. Интересна серија. Се работи за личност која шета и сите го гледаат како проповедник. Секоја религија башка го толкува, а тој вели дека збора за сите религии. Прај работи кои личат на чуда, ама после прај работи кои можи лесно да се пробијат или шо ги прават магионичари денес. Дали е лажен месија? Дали е вистински? Хм? Интересно сериивче, навистина. Ако е вистина преќината, би ја прегледала за да можиме да се разделиме. 7.5/10 Anne with an E - НАЈДОБРА, ПРЕДОБРА! КОЈА ЈА НЕМА ГЛЕДАНО ДА ЈА ГЛЕДА ОБАВЕЗНО! Од кога го извајв ова од патот, можам да кажам дека се работи за девојче Ан, кое е сираче и е посвоено од брат и сестра кои се стари и им треба помош дома. Ама на крај го сакаат девојчето, го гледаат како свое, го растат и серијата го прати нејзиниот живот. Ама е толку силна серија! Збора за секакви теми, особено теми кои не засегаат нас жените на толку величествен начин, толку соодветни према времето во кое се одвива дејствието ... wow. Ако некој ме праша, без сомнение велам дека ова ми е омилена серија. 100+/10 How I met your mother - секогаш некоја вака лесна серија гледам во позадина на сите други кои ги бинџам, годинава ја почнав со оваа и ја изгледав во рекордно време. Мислам нема кој не знај, група на пријатели, Тед пробва да се жени и им објаснува на неговите деца од иднината како се запозна со мајка им. И да, алтернативниот крај е вистинскиот крај. Чирс. 8/10 Breaking Bad - професор во средно со поранешен негов ученик и зависник „готват“ и дилат. Сериозно многу добра серија, малку тешка ама длабоко препорачувам. 9/10 Better Call Saul - ова е спин оф на серијата точно над неа. И искрено, далеку подобра во мои очи. Барем јас поќе ја уживав. Се работи за адвокатот кој се јавува во Брејкинг Бед - Соул Гудмен и како стигна да биди тој голем адвокат, лукав, нечесник, снаодлив. Онака е ... гледајте. 9.5/10 Unorthodox - I can't even ... серијава како вчера да ја гледав. Се работи за еврејско девојче, или жена која бега од својата реалност и семејство, мажена со сила, во брак без љубов и секс. И таа бега далеку, надвор од државата, да ја најди мајка ѝ која избега од таму одамна, ама не можеше да го земи девојчето со неа. Па таму се открива себеси, работи што ги сака, работи што другите жени смеат да ги прат, а таа не. Онака, солзи да рониш и да гледаш. 9/10 Hollywood - се работи за група на млади луѓе, но центарот е кон тие кои сакаат да станат актери и да се пробијат во Холивуд и како се одвива(ло) се таму. Дејството не е во денешен ден. Па имаш проституција, уцени, блекмејлинг, премногу изневерување. И е многу queer серијата и тоа ептен ми се допадна иако беше честа критика од кога догледав шо читав. 9/10 Peaky Blinders - ми се допадна дејството, ликовите ама попрајте ме ако грешам, пребавна е серијата. П Р Е бавна е. Дејството се врти околу едно, dare I say, мафијашко семејсетво и како успеваат да добијат моќ, да ја користат таа моќ, и така се во круг. Особено дејството е околу Томас Шелби или пресекси актерот - Силијан Марфи и причината зошто догледав до крај иако ми беше досадно. 7/10 Преспав - знам дека поќето гледавте Преспав како шо излегваше, ама јас прв пат ја бинџнав пролетва. И ми е едно од најуживачките бинџувања на онака, вистина, лесна серија. Нема шо да ви кажам друго, сигурно ја знајте ама се одвива во пансион/ хотел шоидабеше и ликојте шо се таму. Типична драма. 8/10 Stargirl - е само уште една серија со суперхерои или во најмала рака базирана на стрип зошто тој тип на серии ми се омилени серии. Ама серијава за тин херој мислам дека е најдобра со најдобар пристап до сега. Ептен добро се пристапува како Кортни почнува да се открива себеси и нејзините корени, како се снаоѓа, како учи. Ептен, ептен добро обработена серија. 9/10 Tabula Rasa - серијата се одвива околу жена со амнезија која пробва да си го вклопи животот, делче по делче. Таа е затворена во психијатриска болница и како што се сеќава се одвива серијата. Вервајте, неќите поќе од ова да кажам. Гледајте. 9/10 Cable Girls - леле едно време не можев да се одделам од серијава и барав слични. Се работи за жени кои работат на „првите телефони“ и поврзуваат буквално каблиња за да можи луѓето да отстварат телефонски повик. Една од нив го лажира својот идентитет, има lgbt репрезентација па дури и полигамна врска, има откривање на љубов, пријателство, малку криминал, малку драма, сепак шпанска серија е. 8.5/10 Making it big - ако сте по серијали за готвење, ова е мини серијал од Tasty инаку. Можи да се најди и на Јутуб. Било кое јадење го зема Алвинче, и го прај големо. 8/10 High Seas - кога реков барав слични серии на Cable Girls, точно на ова мислев. Дејството се одвива на отворено море, во брод, се случува убиство и има истражување. Како Агата Кристи книга има вајб ама .. ама .. далеку подраматична пошто #шпанскасерија Годинава се навратив на моите детски сериски корени, а тоа е - шпански серии. 8/10 Skins - ова беше само едно носталгично патување за мене зошто последно серијава ја гледав во средно. Ликовите ми се драги. Секоја епизода е концентрирана на различен лик, тин драма е ама teen drama done right. Ги прати учениците во последните две години на училиште и после идат нови деца. 10+/10 After Life - е една од најубајте серии кои ги имам гледано во животот. „Црна“ комедија е, и прати живот на вдовец кој постојано сака и пробва да си го одземи животот, ама секогаш нешто му треба на кучето и оди да се грижи за него. 10+/10 Ratched - по некое време почнав да слушам лоши гласини за серијава и не сфатив зошто. Прекрасна серија, прати живот на жена која прави буквално се за да влези и да работи во психијатриска болница, во време кога е срамно да се наоѓаш таму, да се лечиш и слично. Во исто време таму се носи убиец, сериски мме да не беше, и таа се концентрира на него - дали е јаден, капен ... па после се открива себеси и некои делови на себе кои никогаш не ги размислила хехе. 8.5/10 Cobra Kai - boooooi!!!! Да е здрав и жив другар ми само шо ми предложи, истата вечер ја пробав. Али му вервам за серии. Со душа чекам да чукни Јануари да добијам нова сезона. Ви текнува на Karate Kid? Епа еден вид продолжение е. Уствари истите ликови се тука, мислам на Даниел Русо и Џони Лауренс. Е сега се, нормално, стари и имаат деца и фокусот е на нивните деца и пред се на Џони и како тој доживеа Кобра Каи и зошто пак го оживеа. 9/10 The Haunting of Bly Manor - нејзиниот претходник, the Haunting of Hill House ми стои во топ 5 најдобри серии кои сум ги гледала. И влегов со огромни очекувања за оваа и за жал, се разочарав. Не е толку лоша серијата колку шо јас имав високи очекувања за неа. Ама е сепак добра, навистина. Се работи за опседната куќа, заглавени души, и пред се, љубовна приказна е главен фокус. Така да ако сакате крипи љубовна приказна со духој - go for it (Јас: плукам по серијата. Исто така јас: Не само шо ја предлагам туку и давам рејтинг 10/10). 10/10 Merlin - е само уште една серија која беше одење по носталгичен пат за мене. Се работи за Мерлин, најдобриот волшебник на сите времиња ама кога беше млад и кога Крал Артур уште не беше крал и како го штитеше и ја криеше својата магија за да не му е погубен животот. 8/10 The Queen's Gambit - сериозно предобра серија, во ден ја голтнав и одма ми одвлече внимание кога ја ставија на Нетфликс. Ања е прешармантна, сосем залсужена улога и чинам на долго и на широко ја имате коментирано серијава по темите и нема шо многу да додам накратко. Ама се работи за девојче, кој расти во жена АХАХХАХАХАХ и е надарена. Игра шах. Препаметна е. Победува. Руши рекорди. Исто така, внеси зависност во миксот, сирак е, мајка алкохоличар. Вака само како зборчиња мислам дека објаснуваат многу, без да спојлнат. Предобра серија. 10/10 Blood of Zeus - е анимирана серија каде Зевс се колни на Хера дека нема да ја изневери пак. И исто така Хера се крева на војна против него пошто има yet another bastard. Е серијава, ликот на тој бестрд го прати. 9.5/10 Honorable mentions: Dracula, Star Trek: Picard, Luna Nera, Omniscent, Freud, Containment, Alias Grace, History 101, Midnight Gospel, Taboo, Katy Keene, Cursed, Good Girls, Hoops, Biohackers, Emily in Paris, The Alienist.
Интересна серија, не очекував дека ќе ја гледам, има 12 епизоди. Ми беше препорачана, од љубопитство повеќе ја почнав, ај да и дадам шанса. Е тука е лежи зајакот, зошто кога ќе ја изгледате првата епизода, ќе се залепите и за останатите како лепак - мене ме залепи Тематa е сексулно насилство, но во целата серија има и доста добар хумор и супер музиче, одлични ликови и добра глума. Серијата е прилично сурова и реална, од друга страна пак е забавна, но и доста едукативна. Ќе се изненадите од работите кои ќе ги дознаете гледајќи ја.