Совршена недомаќинка мене ми беше преинтересна. Како што читав само трилери во последно добро ми дојде малку промена. Инаку Шепнувачот од Донато Каризи е многу добра книга, секако за тие што читаат таков жанр.
Здраво. Можеби прашањево не е баш за во темава но не можев да најдам соодветна тема каде да го поставам. Од каде можам да порачам книги на Англиски јазик но од македонска страна и со соодветна цена каде што исто така има добар избор?
Академска книга, е сега цените не се баш ниски... Зависи какви жанр сакаш. Пример класици има и по 200 денари. Бестселерите се поскапи.
@Jovana555 Вo пдф на англиски ја имаш и тука Ади ЛаРу https://forum.femina.mk/threads/Фемински-κлуб-на-читателκи-this-is-how-it-always-is-laurie-frankel.16709/page-65
Ќе ви ја препорачам "100 највлијателни жени во светот". Книгата е со кратки биографии на најмоќните жени. Вреди да се прочита. Од политичарки до актерки, има широк спектар на жени кои оставиле траен печат.
Дали некоја феминка ги има прочитано книгите од Саманта Јанг: Улица Индија, На улица Шкотска, На улица Даблин и уште 2-3 слични книги? Љубовни се еротски. Мислење за истите? Се двоумам дали да ги купам..