Дур сум у потрага по нови филмови и серии, ми дојде една ваква идеја. Значи, доколку имате некаква претстава за членката над вас и што би ѝ се допаднало, пишете.
Source Code, По можност да го симнеш од замунда или Rarbgtorrents, а не ко некој аматеур на интернет со 1000 вируси да го гледаш и остало. Еве и серија ќе предложам, Day Break, едноставна, 8 епизоди се мислам.
The Stranger Непозната девојка им приоѓа на поединци и им кажува тајни кои луѓето околу нив ги криеле долго време а имаат големо влијание низ нивниот живот. Иако на почетокот сите се љубопитни, па дури и гневни, во однос на пристапот на непознатата, набрзина се претвара во желба да се соочат со нивните најблиски. Серијата ја има на Нетфликс, но сигурна сум дека веќе има торенти и можете лесно да ја најдете. Топло ја препорачувам на секој кој е заинтересиран за трилери/мистерии. Имам уште многу предлози кои верувам дека ќе ве интерсираат, затоа stay tuned! А дотогаш, чекам и јас предлог затоа што само што ја завршив сегашната серија.
Дејството во Russian Doll ја следи жената по име Надија на своето патување како гостинка на честа на навидум неизбежна забава една вечер во Њу Јорк. Таа умира постојано, секогаш започнувајќи повторно во истиот момент на забавата, бидејќи се обидува да открие што се случува со неа.
Филм: Birds of prey Животот на Harley Quinn по раскинувањето со Џокер.Она и уште 3 жени се обидуваат да го спасат животот на едно девојче од новиот ,,злокобник” во Готам.
Без никакво објаснување 50 жени низ светот забременуваат и раѓаат деца за еден ден. Милијардерот Реџиналд посвојува 7 од нив. Сите тие имаат различна моќ, но сепак се едно големо дисфункционално семејство. По 13 години, се враќаат во својот дом поради смртта на Реџиналд, односно татко им.
Гледаннн. Ајде за тебе едно боза крими серијче Три домачици , што перат, печат пари. Толку. Ако ти е гледана серијата, тогаш ова нека оди во етер