1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препукувања по митинзи... Чии зборови повеќе тежат?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 26 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве една тема за да не се полни со оф топик `Стопена е разликата помеѓу Вмро Дпмне и СДСМ`.

    Виножитке, можеш да ги префрлиш мислењата :)
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    зошто ?? пак ќе се караат по форумов
     
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Кога станува збор за партиските митинзи, говорењето од трибините ја има единствено таа цел да го оцрнат политичкиот противник што е можно повеќе. Па тука ако е потрбно се копа до деветто колено за да се најде нешто валкано, се клеветат, се монтираат/креираат/конструираат процеси, и баш им е гајле за народот. Ке им ги фрлат скандалозните обвиненија со цел да го спасат Македончето од предавникот на Македонија па после они нека се препукуваат до бесвест.
    Зборовите се на се им се иста тжина...
     
  4. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    http://www.youtube.com/watch?v=7-uy3Ay-zEM
    Значи, во последните секунди од клипот можете да слушните дека вели „слуги на БЦ“, а на митингот во Кратово, се изрази „малку“ поинаку, при што, тој дел е цензуриран.
     
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Не сум партиски определена(рано ми е) и не одам на митинзи.
    Ама често гледам вести, особено сега пред избориве, интересни ми се ораториве како го лажат народот и како се препукуваат меѓусебно.

    Де едниот излези Бранко, де другиот кај си сега Грујо.

    Вака на митинзите, онака на блиц кога ке погледнам на вести многу ми е интерен Бранко Црвенковски. Јак е со зборови и знае другиве да ги симне за земја и да ги исмее, особено алудирам на Грујо, кој му е секогаш в уста :D . Затоа и Грујо не сака да излезе пред Тв во емисија со Бранко, ке го направи да се чувствува како маково зрно.

    Додека Грујо ми е досаден и секогаш менувам канал кога ке се појави на малите екрани, а :!: знам да се изнасмеам и на Љубета (Бошковски), неблагодарното суштество. Многу ми се воздигнува, се мисли дека тој ке победи на изборите, арбе збори за својата партија во суперлатив.
    Јас знам дека кога дојде од затвор доста луѓе го поддржаа, го сакаа :^) , ама до толку да се прецени човекот па да основа партија + неговата партија да има најмногу гласачи :o
    (човечештосепрекрстува)

    Другиве не ми се интересни, се‘ едно исто, ние нема да смениме име, ние ке вработиме 965324 лица, ние ова - ние она. Ало бре луѓе, мислиш од Македонија ке направат рај! |(
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Да да Бошковски ептен ја претерува-на секој митин изгледа како спремен за тепање.
    А и сите оние клевети, навреди од типот "Лопатару еден" и сл. се само за да го срами интелектот на Македонските граѓани.
    Овој како да не е со сите од кога го извлекоа од Хаг-којзнае што се не има претрпено.
     
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Се согласувам.Многу вулгарно зборува,реченици полни лично упатени навреди.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мене брат Љубе ми е многу смешен. Не за навредите, туку тонот на кој што зборува, чиниш поезија чита :lol: :lol: Еднаш кога рече Николче-Диктаторче, ама со она нагласок на р :lol: :lol: Абе, ваков онаков ама мислам дека има народ што го поддржува, а многу се смеев уште пред да почне предизборната кампања, на ТВ го даваа нешто како статија за него и снимки "Човек со народот", оди по селата, ама незнам од каде ги наоѓа тие села, јас се чудам дали и на мапата ги има, и им ветува брда и долини :lol: :lol: :lol:
     
    На Doris-Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    мене дефинитивно највеќе ме смее Ѕинго :lol: :lol: :lol: хаха
    колку ми е смешен тоа е чудо некое :rofl:
    Грујо сирот се обидува да го копира Бранко во ставот и држењето говори, ама за жал не му е ни до колена
    Бранко прича за себе, веч видено нешто, мн добро лаже чиниш на моменти сам си верува во тоа!
    а да... да не го изоставам Ѓорчев, малиов го глеа Грујо ко божем овој е Господ!

    И сите говори се слични меѓу себе, овие плукаат на влатса, другиве на опозицијата! Досадни се веќе стварно!
     
  10. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Посебно смешен ми беше брат Љубе кога кажа ''Бирајте дали сакате со кинеските или украинските автобуси да ве транспортираме од Илинденска до Идризово...БАААНДО КРИМИНАЛНА'' :rofl:
     
    На enca.69, Doris-Sk, Mygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    А што беше фрката за Брат Љубе, овие од вмро дпмне викаа дека они му плаќале адвокати и таму незнам што додека бил во Хаг, како демек они го извадиле од таму. Ај кој знае накратко нека ми појасни :wasntme:
     
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    најповеќе тежа зборовите на мојат аомилена политичарка РАдмила Шекеринска таа е најикрена и најреална, ја обожавам. ИДОЛ МИ Е!
     
  13. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Па нему таму му судеа за воени злосторства врз човештвото (тамошни вежби кои се одвиваа под негова или команда на Јохан), кога ненамерно беа повредени и убиени луѓе, а беа испратени адвокати кои беа платени од државата зашто беа убедени во неговата невиност што изгледа и се докажа.
    Толку знам-најглавното накратко ;)

    Срамота е да лажат неуки селани кои единствено ги посетуваат пред избори за да манипулираат со нив.
    Нив најбитно им е да ги добиваат НАВРЕМЕ субвенциите и да имаат ЗАГАРАНТИРАН откуп на производството а не да слушаат одмазднички препукувања и навреди за противникот па овие кутрите мора да аплаудираат.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Абе, вистина Брат Љубе се фрлил во публиката на митингот во Прилеп? :o :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Најмногу ме изнервира дури и мене тоа што Амбди Бајрам го кажа незнам на кој митинг беше...дека ќерката на Б.Црвенковски водела љубов со синот на Љ.Бошковски ... како и да е, толку лични работи не смеат да се кажуваат на митинг, пред толку народ...т.е.пред цела Македонија зошто сите слушнавме на вестите... Што има кока колата со ќерката на Бранко?! Најголемата глупост кажана на митинг ..според мене .
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Ејј ти мислеш тоа стварно се случило? :o
    Па тоа сигурно го кажал, оти немал што друго да каже.
     
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Не почнав да размислувам дали се случило или не, ама ми постана човекот уште погаден пошто почна да меша баби и жаби.. Па нека си го вреѓа Бранко слободно како и цело време што прават едните врз другите ама нека не му ја меша посебно ќерката...јас да бев на нејзино место многу мизерно би се почуствувала пошто слуша цела Македонија...глупости на квадрат. :lol: :lol:
     
  18. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    Многу ретко на некого воопшто му тежат зборовите...
    се сведува на тресење глупости...кој како стингал...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ничии не тежат бидејќи во жарот т.е кога се ближи крајот посебно веќе нема ни внимавање ни достоинство во она што се кажува и се повеќе се употребуваат вербални удари под појас т.е. нискости од типот лични навреди, бледи употреби на скептични надмудрувања итн пропратени со некои за мене комични гестикулации и некој налудничав сјај во очи. Тогаш сите ми асоцираат на кобра пикната во ќоше па што мудро таа може да направи па да хипнотизира пред да загризе - значи д сејм е ефектот.
    Наравоучение - кој сака да има и натаму убаво мислење за политичкиве ни актери нека не гледа кампањи, јас гледам и слушам чат - пат бидејќи одамна го имам погребано убавото мнение за нив, а некогаш ми се извор на забава препукувањата, само не ми натежнува вагата на страна на симпатии кон некој кој бил поголем или помал кловн притоа, ионака мојот глас го добива програмата на партијата, а овие забавно - рекреативни шоу програми се лош маркетинг, ама па некој би да гледа сеир, друг да се поистоветува со некој си според него олмајти лидер или локален моќник вотевр итн мотиви за следење има многу и се различни, ама тежината на препукувањата не поместува ни прашинка во вагата на определените, а и неопределените нема да ги фасцинираат сигурно палп фикшн сценарија, барем се надевам дека повеќето нема, :?: ...
     
    На LivingGlam, Phyramide и julie77 им се допаѓа ова.
  20. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Аха, да бе Груевски од свој џеб извади за да му плаќа на Љубе. Ејјјјјј овие од власта треба да разграничат дека буџетските пари се пари од народот и пари на народот. Па затоа во иднина нека не поштедат од автобуси купени со државни пари на кои ќе пишува ,,донација од Владата на Р.М,,. Која црна донација бре, кога ќе извадат од нивните џебови и ќе купат нешто, нека се фалат дека е донација од нив, зошто вака се смешни. Влатко Ѓорчев случајно да не двоел пари од својата плата па да се фали по митинзи дека они му плаќале на Љубе?!?
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.