1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Препукувања по митинзи... Чии зборови повеќе тежат?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 26 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Не ги скрати народот, туку сдсмовците само побараа предвремени односно Б.Ц. и Шеќеринска, а Груевски ги дозволи, се сожали на нив, греота. Он ќе добие подолг мандат, они губат повеќе само ај нека се обидат :)
     
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Нема да можеа ништо да направат сами, без огромниот број на незадоволни граѓани кои ги поддржаа.
    Нели?
    А баш он и не сакаше ама изгледа го притиснаа на последната средба со Американците, за да се задржи мирот во земјата.
    И за тоа требаше да го подучат.
    :lol:
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Незадоволни граѓании.... СДСМОВЦИ. |(
    Јебига,тоа е.
     
  4. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па баш и не ја гледам А1 често, но затоа го гледам народот околу мене.
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ајде, ајде на 5 јуни ќе видиме кој ќе коси, кој вода ќе носи, по 5ти пат :lol: Ајде дотогаш да ги смириме страстите, да ги чуваме за тогаш ќе треба да ги разгориме кој од среќа, кој од тага :lol:
    Оффф таман се одлучив, пак коа те читам не можам да преќутам, аман ако си опкружена со сдсмовци слободно приклучи им се па бар да знаеме етикетирана си а не се праиш вака-така неопределена а уствари мххх |( Е баш тие највеќе го јадат.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па што дека биле СДС-мовци. Ти стварно си чудна. Па и оние кои не биле партиски определени затоа што не можеле да најдат работа без партиска книшка ќе се приклучат кон нив. Ете така се губи власта која не знаеја како правилно да ја користат.
    Фактот е тоа заради погрешната политика на народот му се смачи, без разлика на СДСМ-овци, други, или неопределени сите го креаа гласот во еден и посакаа да стават крај на овој идиотизам. :clap:
     
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.462
    Пол:
    Женски
    Мразам митинзи :puke:
    Кој собрал повеќе народ, кој донел повеќе автобуси, кој поделил повеќе маички...
    Моето мозоче не функционира на тој принцип, никој нема да ме натера да облечам "дезенирана" маичка и да мафтам со знаме, никој нема да ме натера да аплаудирам на туѓи глупости.
    Целиот тој циркус наречен МИТИНГ ми е одвратен.
    Јас сум вечен опозиционер, сакам да мрчам, сакам да критикувам, сакам да си кажам што мислам. И кој и да е на власт , јас сум мрчаторче. Не сакам да мижам и да ќутам пред некого.
     
    На LivingGlam и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епа ако го кренеш и ти на гласачкото ливче а го креваш тука а си неопределена а најмногу се буниш, автоматски престануваш да бидеш неопределена. И не те сфаќам, повеќе се буниш од сдсмовците, а ти на 5ти нема да гласаш. Бог да чува !
     
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Се сожалил Груевски? Типично детско размислување. Е драга моја Плавушке, ако Груевски почекаше и владееше уште една година, немаше да знае крајот кај му е. Како што почнаа едни по едни да протестираат, со секој нареден ден на власт Груевски само повеќе ќе изгубеше. Делумно затоа прифати избори, а делумно и затоа што Американците свикаа :) Само што кога ги прифати изборите Вмро не се надеваше на вакво развивање на ситуациите во државата. Не се надеваше ни дека Љубчо ќе се врати, не се надеваше ни дека Љубе ќе има масовни митинзи, не се надеваше ни дека од неговата матична партија ќе се изродат уште две партии, онаа на Стојанче и бранителите и онаа на Филип Петровски. Не се надеваше ни дека СДСМ ќе се солидаризира, ни дека народот ќе престане да се плаши.
    Како и да е, добро ви ја разгореле самодовербата на вчерашниот митинг, одеднаш станавте силни, а пред некој ден кога кажуваа дека во Кавадарци и Битола немало народ на митинзите, нкаде ве немаше. Ама тоа е, напишав и претходно, токму за тоа се фрлаат пари за такви митинзи и се носат луѓе од цела Македонија.
    А гледаш, само на форумот овде јавно си кажавте дека сте биле на митинг, сега за сега само три форумџики и пази ама сите сте малолетни. Па се прашувам колку малолетници имало во толпата пред влада, ако овде на форумот сите што биле се малолетни?!?
     
    На milky-candy, JuLleE и SunFlower94 им се допаѓа ова.
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Боа,ај најди и болдирај ми кај сум кажала дека сум била на митингот вчера,може? ;)
     
  11. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ако форумов ти е репер кој бил на митинг а кој не бил, алал да ти е подетско размислување немам видено. И да, само 3 сме малолетни што пишуваме тука, другите не се замараат со вас да ви објаснуваат, ќе објасни Груевски на 5 јуни само ние будали, ама ќе престанам и јас, кажав се што имав да кажам. Само 3 сме на форумов да објаснуваме тука засега, колку има што не ви ни пишуваат, а колку има нерегистрирани на форумов, колку има што не користат интернет, тие сите се многу постари од нас ! Еее да само 3 малолетнички сме, другите се постари кои не пишуваат. А после ќе барате работа во администрација кај истата Влада по која плукате и ќе се правите фини на работа, а откако ќе излезете надвор се најлошо. Или воопшто нема да има работа за вас. Е нема да може, и како во време на сдсм што се испопримија на работа се сдсмовци а вмровците беа шиканирани, за време на вмро баш само вмровци нека се примаат и многу ми е мило за тоа, зошто не може да фрлаш со камења по тој што ти дава леб !
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Кај прочита дека нема да гласам.
    Ако се уште не сум определена не значи дека нема да одлучам и нема да гласам :rofl: Во тоа е и убавината на неопределените што можам слободно да ги критикувам, да им ги анализирам однесувањата па да си одлучам за кој ќе гласам. Ти цело време панично ми ги форсираш погрешните дела на ВМРО и сакаш некој да направиш наивен со твоето погрешно сваќање на работите, а јас само те корегирам и ти укажувам на тоа дека можеби и не е се така розево. Аман прибери се...
    И зашто постојано ми го вртиш муабетот, јас ти кажувам како што е а ти СДСМ та СДСМ.
    Ццц
    Малоумна логика!
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    http://www.youtube.com/watch?v=uD1DO3P4_1g
    Мене жал ми падна за човеков. Инаку Виторија дај гласај жити се, ти неопределена жено како е тоа можно да си неопределена а да гласаш ? Господе, проста логика со самото тоа се определуваш. Или определена си кога ти одговара, а кога треба да се каже најлошото ти си таа неопределената офф. На гласање определена, а инаку таа е неопределена. Ццц.
    КАКО НЕ МУ Е СРАМ НА БРАНКО ТАКА ДА КАЖЕ ? Идиот. :@ |(
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.656
    Допаѓања:
    161.710
    Епа тоа бе девојче,тоа се руга тука.Финтата е да не ги сакам и да знаат дека не ги сакам,ама утре ако конкурирам за работа во администрација,ако ме бива,ако имам се она што треба да ме вработат.Тоа е чесно,капираш?!А не книшка да имам и да ги гласам.Разумемо се сад?!
    Кој ти дава леб бре?!Јас ти давам леб!Со данокот што го плаќам!Лично јас и цела Македонија!И доста гледаш за свој гз,за бедните ми 18 000 што ги отупев!
    Ама тоа е,неспособен народ вака се радува.Зошто ако економијата е заживеана,кога приватни фирми ќе бидат доминантни на пазарот,а администрацијата ограничена на 60 000 вработени,нема да можат неспособните да се вработат.
    Не знам до кога нема да ви биде јасно дека државата и партијата не се фирма,не се способност,не се бизнис,не се за личен интерес,ами за сечиј! Ако сакаш за свој гз и си способен,оди отвори фирма или вработи се во приватна фирма и ринтај за да се докажеш и покажеш и чесно да си го заработиш лебот.А не,нема каде,ааа у администрација.Платичка редовна,ти плаќаат се,осигуран,вамте-тамте,викенд не работиш,празници не работиш,крал бе крал.Безработен народ се тепа за администрација.
    Туку ај,арно кажа,малолетни сте,не пишувајте за џабе.Мали сте па ќе сфатите.

    Да го ругаш тој што леб ти давал...ма има да го ругаш бе,ако гледаш дека е нечесен!А не,на ти трошкички,леб,вода и ќути и трај,има да се презими да се стави нешто у клун,за комшијата Митре многу ми е гајле што се грее од 7 до 10 вечер за да му е топло и тој и жена му не јадат секој ден за децата да има,пошо тој е од СДСМ.Ало бе...основното човечко не ви работи.Свесни сте?!Не сте венчани за партијата...онаа што ве венча со Господ и црквата,тоа што ве тера да го правите,не ви го пишува ни во библијата,ниту таа религија се залага за тоа.Лицемерие!Пљук!
    Не туку се инаети,туку заземи став,веќе штом си возрасна да имаш мислење за политика,барем пресуди сама што е во ред,а што не.Не за партија да се залагаш,туку воопшто,според твоите морални вредности и критериуми!
     
    На LivingGlam, Theodora и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Е браво бе дете, многу убаво вака млада, а со вакви отровни мисли те задоиле.
    И ти слободно подржувај вработување со партиски книшки, слободно лижи нечии задници, само пази немој вака коментирајќи и толку ватрено бранејќи ја власта утре да добиеш таква клоца во газот да незнаеш како се викаш и тоа баш од твоите вмровци!
    Ајте сега поздрав оди во кревет на спиење, зошто немаш право на глас, а и попаметно изгледаш кога молчиш ;)
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.089
    Допаѓања:
    9.861
    Пол:
    Женски
    Поарно ќе лижам партиски гз,отколку да живеам од чесност и да немам пари за леб.Снајди се па живеј,кај нас во државава е така,без разлика кој е на власт.
     
    На Rozich, Plavusa.17 и MacaLove им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ова со чесноста и гордоста како Али Риза...не од овој,не од оној.Епа тоа е.
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Општо не поддржувам вработување со партиски книшки ама така било во време на сдсм знам луѓе вмровци што беа бркани од работа за да дојдат на нивно место од сдсм. Така прават и вмро, па нека прават! Очигледно ти си таа која не ги разбира работите, на денешен ден или си лево или си десно, неопределените ретко живеат убаво освен ако немаат свој сопствен приватен бизнис! Со среќа во животот, само не знам до кај ќе стасате јас лично мислам до нигде. И никој не вика да се лиже гз, јас само викам дека определените во случајов вмровциве најубаво живеат, на работа се примени многу од нив а можеби не го ни заслужуваат тоа место! А, како да не било така во време од сдсм. Јас не знам што очекуваш ти Боависта, не знам ни дали си определена со книшка, ама знам дека ако си најверојатно ќе си чекаш да дојде време од сдсм па да те бутнат некако на работа, а ако немаш книшка веројатно ќе чекаш некој да почне да ти го цени квалитетот, или ќе си започнеш приватен бизнис. И кога ќе можам, реков и поназад книшка не вадам најверојатно, за да лижам гзови и ќе завршам факултет и ќе си чекам и барам работа ПРИВАТНО, а ќе си гласам, ама факт е дека и неписмени се вработени со книшка вака-така поубаво живеат (од двете партии зборам!) и си работат за солидни плати државно од некои дома што си дремкаат и коментираат на форум.
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Подобро гледај те си го школото, образувајте се и бидете здрави ментални луѓе со свои морали и принципи ... Шетајте, забавувајте се, уживајте, дружете се најважно ... не делете се по никоја основа.
    Оставете ја политиката на другите кои освен тоа ништо друго не ни познаваат во животот. Страшно е колку е затруена и младинава тука со ова. :x
    Багуфче ме разочара со твојов став. :|
     
    На girl1985, milky-candy, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    A ако победи СДСМ нема ли да летаат сите од ВМРО од работа а на нивно место своите со книшки да си ги запослаат?Каде е разликата помеѓу двеве партии,значи сите кои се партиски определени се тоа само заради вработување.Се додека е вака ќе си пропаѓа Македонија.
    Една од причините што се согласи Груевски на предвремени избори е што помина законот за гласање на дијаспората си има обезбедено веќе сигурни преку 200.000 гласа,сигурно тие од дијаспората нема да гласаат за СДСМ.
     
    На MacaLove му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.