Препукувања по митинзи... Чии зборови повеќе тежат?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 26 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Ахам малку по малку почнувам да ви ја сфаќам вмровската логика. Да, нека цркнат сите сдсмовци зошто биле против власта. Нека цркнат сите неопределени зошто несакале да ја подржат власта. Ма нека испоцркаат сите, нека останат само вмровците и тоа по можност нека ги испонаместат сите на директорски позиции. И? Сите ќе бидете задоволни и среќни претпоставувам.
    Ама, ама за жал власта се менува. И што ќе се случи кога ќе се смени?!? Дали и тоагаш истово ќе го пишувате? Не, тогаш ќе ја свртите капата и ќе мрчите како не ви одговара ова или она.
    Ама тогаш ќе го добиете одговорот - БАРАВТЕ -ГЛЕДАЈТЕ.
    А сега одете и продолжете да подржувате партиски вработувања!

    ЕДИТ - Плавуша, не се секирај ти толку за мене, јас сум вработена и тоа не по заслуга на оваа или онаа влада, туку благодарение на приватниот сектор, така да јас немам потреба да чекам да се смени власт за да се вработам. Ама ти драга моја, дај боже заврши факултет, па чекај едните нека те запослат, па другите нека те отпуштат, па пак првиве нека те запослат, па вториве нека те набркаат итн итн. Впрочем тоа за тебе е ок, нели? Барем така се изјасни во претходниот пост.
     
    На Phyramide, JuLleE и shiningstar им се допаѓа ова.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па изгледа ти си таа која сега ги чита постовите набрзина, за што поскоро да обвиниш дека и јас сум од кај вашата ноќна мора Б.Ц.
    Убаво си пишува дека не сум СЕУШТЕ политички определена што не значи и дека нема да гласам на избориве доколку се уверам дека идеологијата на некоја од партиите е токму она вистинското.
    А ако критикуваш не значи дека си СДСМ-овка туку ете не се согласуваш со некои постапки на владата. Па фала богу 21 век е можеш да искажеш критика, а друг случај си ти која со своето инфантилно однесување ја покажува наивноста за манипулација, и неможноста да ги гледаш работите какви што се без никаква резерва.

    Друга работа е гревот од снимката како што го нарекува Црвенковски.
    Од кај си толку сигурна во веродостојноста на снимката.
    Јас како што прочитав погоре-човекот е партиски војник-вработен како механичар или така нешто во основно училиште, тежок пијаница од кого нормално побегнало семејството а децата фино лепо си студирале во Канада. Ете затоа ти кажувам оти во денешно време не е се како што изгледа. Мене ми е греота ама од кај да знам дека е вистина се до детал. Па и ради Б.Ц. се развел. Ццц, :tmi: :fubar:
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Е баш во претходниот пост пишав дека јас ќе си барам работа приватно, затоа што знам како е во државното. Читај повнимателно следен пат :)
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    10.205
    Пол:
    Женски
    Кој став?Мојот вмровски став? Ако се однесува на тоа,тогаш се изјаснив јас и порано зошто сум за таа партија и не планирам да се повторувам по стоти пат.Јас мислам дека ти гласаш за СДСМ па никогаш не сум ти рекла дека сум разочарана од тебе заради тоа.Секој има право на свое мислење.

    А пак доколку станува збор за претходниот пост,за партиската книшка,тој став исто не планирам да го менувам.Кај нас во државава ЗА ЖАЛ се работи на тој принцип без разлика кој е на власт.Ако дојде сдсм на власт многу од ВМРО ќе бидат избркани или сменети на пониска функција,а нивно место ќе дојдат функционери од СДСМ и обратно.Тоа е тоа,во такво место живееме.
    Од чесност не се живее,Џули.Еден ден морам да мислам на фамилија,морам да работам негде,а не сакам да се фалам но имам добри предиспозиции за завршување на факултет,а со диплома да работам во продавница или конфекција не планирам,а ниту сакам.Подобро привремена работа во администрација додека трае мандатот,отколку тоа.Не дека ги понижувам луѓето што работат на такви места туку јас не сакам таков живот и тоа е моето мислење што не планирам да го менувам.
     
    На Rozich и MacaLove им се допаѓа ова.
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Ццц леле ОДВРАТНО :puke:
    Девојче опамети се оти со ваков став цел живот ќе "ЛИЖЕШ ГЗ"
    И тоа не само на политичко поле :rofl: :rofl: :rofl: :lol:
    Сега ти е времето да си ги изградиш вистинските морални ставови.
    Ццц греотка, ај знаев за постари ама и волку млади со ова извитоперно мислење?
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Свесна сум дека ќе бидам офтопик и веројатно за некоја минута ќе бидам избришана.

    Но морам и сакам да кажам едно, односно да ги прашам оние колку толку силно ги поддржуваат без очигледно каква и да е реална и аргументирана основа интересите на некоја партија, сина, портокалова, црвена, каки боја, која и да е - абе кога се родивте да не ви пишуваше во изводот од матично име, презиме, датум на раѓање и ПАРТИСКА ОПРЕДЕЛБА?! :^)
    Жими све сега го извадив мојот и гледам - богати па нема информација за партиската определба.
    Бог да чува чукање во гради џоа Тарзан за Џејн. Тој барем ја има Џејн. На вас партијата што ви е? Алфа и омега на егзистенцијата?

    Стварно не можам да се изначудам, ама стварно на што ја трошите вашата енергија. Не потенцирам никој, кој се пронајде - нека се пронајде и нека си го стави прстето на главчето.

    Бог да чува. Ќе речам уште еднаш. И јас после ќе се гордеам со мојата држава. Епа со вакви фаци - да ми простите не фала. И после Митко крив, и Перса исто малце е крива во лактите и колениците. Бурек со цреши од врба!

    Блазе си и на државата. Не мора да се плаши за својата иднина кога има ваква младина. Стварно.

    И избориве не се фудбалски натпревар па да се чукаме повторно у Тарзан стил у гради „лилаааа моите победија, танананааа“ и тука правите гест со прстите на нос. Изборите се репер, почетна точка за една нова иднина. Се додека ги разбирате како натпревар Манчестер - Барса се дотогаш државичево ни мало, нема да мрдне нигде. Ќе си постои на брдовитом Балкану и ќе пишува:
    Си беше еднаш една држава, чиишто жители беа Вмровци и Сдсмовци.

    Тристо пати да се удрам по чело, пак нема да ве разберам. Мајке ми. Се разочарав, ама крајно.

    Ајт.
     
    На girl1985, Marilyn-Monroe, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    10.205
    Пол:
    Женски
    Ич да немаш гајле ти за мене,јас како сакам во животот така ќе се снаоѓам.Мое право е дали ќе извадам партиска книшка или не.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ти,Виторија,ќе продаваш на пазар цел ден од јутра до сутра,за 10 000 ,или ќе се шмугнеш негде со книшка и ќе земаш голема плата?

    Мислам дајте...на крај краева тие со книшка не се шугави бре.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.714
    Допаѓања:
    162.368
    Багуфче,мислеше на тоа дека ти пре ќе лижеш гз,отколку чесно да работиш или да не работиш,да гладуваш,а не дека гласаш за вмро (ох,ноу,не можеш,немаш 18)
    И вам близок муабет,утре ќе рикате за дечковците што ве изневериле,ама пошо вие имате нивоу и гордост,нема да им простите,иако биле пијани и ете бе,се десило,ама ве сакаат вас...ахам!Ниво,гордост фуче брате...

    Нека се префрлат постовиве во темата проституција и завршувам на темава.Не садам краставици со мали деца.
     
    На girl1985, JuLleE и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Остајте ја Виторија она е фината, добрата, неопределената а сепак гласа, најпоштената итн. а уствари којзнае што е вистината, само ај тука на форумов секој си пишува само, а ситуацијата којзнае каква е.
    Лилит што имаат врска дечковците со партиските книшки ? Знаете да бришете мислења, а кога одите офф топик се простува на модераторите. И срамота е така да викаш за Багуфче да оделе мислењата во проституција! :puke:
     
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Баш за да престане таа ситуација треба да се избори народот.
    Ај замисли некој твој близок да мора во иднина да ги тртпи овие понижувања и слични.
    Јас сум само објективна.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.714
    Допаѓања:
    162.368
    Па ако бришат и мене ќе ме бришат.Никој не брише без врска и јасно е ко ден дур траат избориве нема да може една тема во овој подфорум асално да опстои.Сакав да ви доловам со зборови и ситуации кои вам ви се блиски на годините и не е офтопик,ама логиката слабо а?!
    Не реков за на Багуфче постовите да ти појаснам,не ме вади од контекст и размисли за што зборувам.

    Свашта...безобразие.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    За вработувањава со книшка. Истото ама апсолутно истото го прават и едните и другите, впрочем сите влади кои до сега владееја. Пак и Заев самиот го имаше изјавено во оној клипот што се зезам, макар што искрено кога ги слушам не ми е многу за зезање, кога и едните и другите го прават истото.... но Заев рече ќе се вработува
    И многу ми е жал што морам да користам ВМРО-овски материјал. Но, доволно кажува што и тие ќе прават ако победат. И точка. Нема кој да ме убедува.
    http://www.youtube.com/watch?v=r77BiYN0ggo

    Комшија мој, во време на Љубчо се вработи во влада. Не беше член на ВМРО тогашна, ама имаше врски во влада и така и влезе. Станува збор за човек со искуство и квалитетен, си имаше тој работа и пред тоа, но ете му понудија да го вработат таму и си прифати. Што и како било не знам, сепак е комшија, не можам се да знам. Кога дојдоа СДСМ во време на Бучко, го симнаа две скалила подолу од она што беше. Тоа инаку е спротивно на законот за државни службеници, бидејќи само едно скалило надолу е дозволено. И го симнаа бидејќи беше вработен во време на ВМРО, а немаше книшка човекот и се уште нема! Човеков секторот кај што работи го спаси од затварање во време на Љубчо, бидејќи сакаше да скрати, а испадна тој сектор денеска да игра прилично битна улога. Кога замина СДСМ дојде ВМРО на Грујо, тие го симнаа и подолу, го направија ко да е тазе примен со врела од печатење факултетска диплома иако човекот е со дебело искуство нашибано во задникот. Ама ова е жилаво човече, колку што јас го познавам. Па на суд си тужеше, па си доби пари, значи за сите години од Бучко, од ВМРО сите разлики во платата, која инаку за сите години ќе ја примал ако бил на местото на кое бил во време на Љубчо. И требаше да го вратат на иста позиција, но не го вратија.
    И овој човек е во администрација значи работи преку 10 години. И искрено не го сметам за помалку битен од оние во приватен сектор, а напротив страшно жилаво човече, штета што такви нема повеќе. Администрацијата тогаш ќе цветаше веројатно, а не да и ја кројат капата партиите според книшката.

    едит: па ова е што плаќавме сите. од наш џеб плати на луѓе кои беа обезправени, од вмро, од сдсм, а кои немаа право да им го прават тоа. значи плати, плус камата. Тоа се прилично пари жртвувани и од едните и од другите.
     
    На faye му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Тоа што јас гласам за некоја политичка партија не ме прави нејзин член. Гласачкото ливче колку што јас знам не е пристапница за членство!
     
    На Vitorija, FBI, faye и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Клуч. Ќе се расчистува од оф-топици.
     
    На faye и baguf4e им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.