Препукувања по митинзи... Чии зборови повеќе тежат?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 26 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Неса,па кажуваат бре што нудат, зарем не гледаш телевизија?
    И манифестот...се си пишува што нудат,што направиле,и си кажуваат.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    ај еве и јас да си кажам нешто ;) на грујо да му фуфкаше немаше да дозволи предвремени избори,и што ако Бранко ги земал Љубе и Љупчо (кои и така се нулта фактор), кога приврзаниците нивни дојдоа у вмро????
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Така така реков јас дека тоа со манифестот им е ептен налудничава идеа.
    Големо нешто не може човек напамет да го научи та мора Груевски на митинзи само да си читка од она што му го напишале.
     
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    И што ако чита?
    Во основно сме,па ајде мора се на памет да се набуба нели?
    Бог да чува,од толку работи,за најглупавата ќе се фатите.
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Од толку многу работи како да не чита Мацо, и доктор на науки да е не запамтува толку многу реформи. И стварно ко слеп за стап за најбаналната работа се фативте еј.
     
  6. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Си слушнала ли ти за природен ментален капацитет во кој говорникот има дарба НОРМАЛНО да комуницира, со јавноста, да искажува свои мислења и ставови. Да има свој аспект и свое гледишта на работите кои се случуваат и кои се ветуваат и слободно да се искажат. Некои изгледа тоа го немаат па го прават други за нив и секако најголем кошмар на таквите луѓе и им се дискутирањата и влегување во дебати и дуел разговори и емисии со неистомислениците.
    Сеа барем кога си на митинг пред верни поддржувачи можеш и да се опуштиш и да си кажеш нешто свое, освен ако не ти е страв дека ќе кажеш некој лапсус па да ти падне и онака веќе се понискиот рејтинг.
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Прво да ти разјаснам малку. Манифестот е програма за тоа што ќе направи власта во наредните години. Затоа во манифестот и да сакам не можам да ги видам реализираните проекти, зошто во него се запишани идните проекти. Друго, во Отчетот најверојатно се завршените проекти. Ете колку и самите подржувачи си ја знаете програмата.
    Ама тоа не е битно. Ова што ти си го навела е далеку од реформи и преродба. Дека реформите се остварени можеш да напишеш ако оваа власт успеала да ја намали сиромаштијата, ако се изборила со невработеноста, ако донела инвестиции, ако обезбедила влез и членство во ЕУ и Нато, ако успеала да го реформира и подобри здравството, а не во 21 век родилки да ни умираат, ако го реформирала образованието, кое ни е хаос невиден итн итн. Скопје 2014 не би го коментирала, се имам изјаснето за тој проект во истоимената тема, само ќе кажам дека Скопје 2014 е најголемата утка, која по сите можни анкети не е одобрена од над 70% од граѓаните.
    Со оглед на фактот дека имаш 17 години, дискусијата ќе ја запрам тука, зошто очигледно многу работи не ти се јасни, а и сеуште немаш право на глас :) .
     
    На milky-candy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    308

    Oн дозволил ? :x Или му беше наредено од Америка :)
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.599
    Допаѓања:
    121.628
    Пол:
    Женски
    Скопје 2014 е проект а не е реформа. Реформа е да направи нешто да биде подобро. Еве јас колку и да сум анти вмро вски наострена, ми се допаѓа новата илинденска, ми се допаѓа зонското паркирање, барем се воведе ред, ми се допаѓа законот за пушење. НО, едно големо НО. Зашто илинденска не е проширена до крај во карпош туку до Борис Трајковски, зашто за нова година се украсуваше само до карпош 1?? Затоа што градоначалник на карпош е од СДСМ. Е сега, зашто јас како граѓанин на оваа држава која плаќа данок и го полни буџетот да трпам некои неправди заради партиски реваншизми??? Зашто самиот Премиер не дели на вакви и такви. Па чекај бе чоек. И мои пари си фрлил в лавовите во спомениците. Ме прача ти мене како граѓанин дали сакам да се трошат така моите пари?? Извини, ама со тоа изгуби кај мене. разубавување на градот да, и на градовите во внтарешноста. Ама дај бе приоритет мајку му. Овде даваш десетици милиони евра за споменици и градби кои врска немаат со старо Скопје, а од друга страна скратуваш социјална помош на загрозени категории луѓе. Е па не иде. Среди социјала, среди образование, среди здравство, вработи народ покачи стандард па после колку сакаш ставај лопати, еве и јас ќе дојдам да ти аплаудирам.
     
    На Masnoli01, JuLleE, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Чудно како прво Грујо не сакаше да прифати избори, ама појде пустиот до Америка и кога се врати оп избори мора да има. Друго, да не беа битни Љбчо и Љубе немаше Грујо да ги моли граѓаните на Р.М својот глас да не го даваат за Љубчо и Љубе зошто бил глас даден за џабе :o
    И како трето, не преминува членството на Љубе и Љубчо во ДПМНЕ, тоа се само жални обиди на ВМРО и Сител да ги убедат луѓето дека е така, ама не е. Доказ - пребарај по нет имаше клип на славните преминувачи, кои преминаа од Обединети во ДПМНЕ, а уствари ги открија дека биле претседатели на месни одбори на ДПМНЕ :lol:
     
    На Blanca му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Е што направи Америка :?: Го советуваше Груевски дека е подобро да ги прифати предвремените избори да не се дигне народот на нозе? И тоа ли требаше да му го кажат.
    Предвремени избори има заради бојкотот на опозицијата која неможеше да ја толерира погрешната политика која ја води владата, и со големиот број незадоволни граѓани кои ги поддржаа.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.235
    Допаѓања:
    67.743
    Пол:
    Женски
    Ајде смирете тензија или отиде темава под клуч. Такви навреди не доликуваат и ако не можете да се воздржите воопшто не коментирајте.
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    10.205
    Пол:
    Женски
    Само сакав да кажам,прееска напишав еден пост овде но несакајќи ми се исклучи,а брзав.
    Енца,премногу ама премногу си пристрасна и не е убаво што целото ВМРО го нарекуваш просто,неинтелигентно,шугаво...Јас си признавам дека фамилијарно сме вмровска фамилија па не сум зела да плукам овде по луѓето кои се за СДСМ,ниту пак по нивниот состав,а најмалку граѓаните кои патуваат по автобуси на митинзи да ги нарекувам шугави или неписмени.Баш ги разбирам,можеби работа им зависи од тоа трчкање.
    Ти гледаш само на негативностите на владава ни наша,за тебе се е црно,а бело воопшто и нема.Ако правиме за така муабет,тогаш стварно не е фер.Боа е за СДСМ исто,но во неколку наврати ја имав видено дека коментираше и за некои добри реформи што ги има спроведено владава.Пробај малку да гледаш објективно,јас бев многу мала во времето кога СДСМ беа на власт па затоа и не помнам некои добри реформи од нив,освен лошите што сум ги чула уз муабет со некои постари.ВМРО можеби погрешија во многу работи,ама затоа имаат и добри закони од типот на компјутер за секое дете,бесплатни книги,бесплатен интернет кои мене многу добро ми влијаат како ученик.Тоа лошо е?Ја води државава во пропаст?За народов наш македонски само строго треба,со казни,за да се научи на ред.
    Кога сдсм беа на власт се` беше распуштено,размавано и затоа на народот наш така му е поубаво.Да фрлаш ѓубре без совест,да возиш пијан,никој ништо не ти вика,а сега има казни.Е има,и треба да има.
    ВМРО има многу негативности,ако гледаме реално,портокалова сум па признавам.Јас лично се навредив од твојов пост пошто сум од провинција и патував со автобус вчера во Скопје па сум шугава според тебе ваљда.Можеби погрешно те сфатив,не знам...
     
    На Masnoli01, solzuska, Stam и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Немаше потреба да ми објаснуваш што е манифестот на 3чекори од мене е, и добро знам што е политичка програма. Проектот Скопје 2014 не е довршен, на него мислев јас. Пишав во друга тема, кој може да гласа нека не се мисли ич за кој мисли за тој нека гласа, а само да добијам лична карта е на следните избори прва одам на гласање.И да, многу работи ми се јасни, да не ми беа немаше да стигнам со дискусијата дотука. Ќе се читнеме после 5 јуни, ако воопшто има некој од вас во темава. :^)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.008
    Е ова го мразам најмногу, ќе се читнеме после 5ти јуни... |( А што ако не излезе како што прогнозираш? Ај подобро молчи си и не биди толку сигурна затоа што не се знае што ќе биде. Што си ти, пророк можеби? Од каде јас сега да речам ќе се читнеме после 5ти јуни кога воопшто не ни знам што ќе се случи тогаш? Изборите се неизвесни, тоа да ви биде јасно, не се знае кој ќе победи, и не лупетајте било што предвреме.
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Сите тие работи кои ги спомнуваш компјутер за секое дете, или бесплатни книги одамна требаше да ги направат како што е ред во поразвиените земји за социјалните случаеви.
    Нооо ние сме далеку од развиена земја во која овие и слични работи се прават од корист за ете баш да се зборуваат предизборно, и тоа се прават врз грбот на граѓаните со огромни кредити кои со години и години ќе се враќаат а не носат ништо продуктивно на државата. Нели си била мала па како тогаш си пишала дека во времето на СДСМ се било распуштано, размавано... Очигледно како што сама тврдиш тоа си го чула од твоите кои се строго ВМРО-вски определени па мораат така да викат како што ќе им речат и да шират такви теории на младите. Важно е ти реално да ги согледуваш работите. И јас сум била мала но сигурно не било се така црно како што ти велиш дека сега е се бело.
    Јас се сеќавам на кажувања на дедо ми на пр. како секој месец на точно определена дата се знаело сека ќе си дојде пензијата, платата итн. Се си било со ред и на време.
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ќе се читнеме де, да прокоментираме кој победил што како ти да не прогнозираш што кажав во постот не пишав во овој пост Вмро ќе победи, иако го мислам тоа. Мое мислење, моја прогноза јас лично за мене знам дека така ќе биде. И да не бев симпатизер на Вмро, да глеав како другите се стопати подобри ќе речев за другите, ама не. Мислењето ми е тоа, и стварно ќе дојдам во темава и тогаш морам да дадам еден добар пост :)
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    10.205
    Пол:
    Женски
    Не реков дека сум чула од моите,туку дека сум чула од постари.А моите дома не се роботи кои кажуваат се најдобро за едните,а се најлошо за другиве.Си коментираат и тие и добри и лоши страни.Значи,не чув од моите туку чув уз муабет со постари.
    А што велиш,одамна требало тие реформи да бидат спроведени,добро кажа.Одамна,уште во времето на СДСМ кои не ги спроведе,па затоа ги спроведе новата влада на Груевски која патем кажано ја однесе Македонија во пропаст според некои од вас. ;)
     
    На Stam, Plavusa.17 и MacaLove им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Абе не е поентата што манифестот е на три чекори од тебе, поентата е што и тоа што е на три чекори од тебе, треба да се прочита, па тогаш да се дискутира :) А ти очигледно манифестот не си го ни прочитала, зошто ако го имаше прочитано или барем почнато, ќе знаеше дека во манифестот не се пишува за веќе остварени проекти, туку за проекти кои допрва ќе се остваруваат ;)

    Го прочитав постот на Баге и баш ме чуди зошто и малолетниците ги водат на митинг кога тие немаат право на глас? Се билдаат бројки на посетеност или што е работава? И да, ова се однесува на двете политички партии :)
     
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Епа сеа не е фер да ми цитираш одредени делови од постот кои одат само во твоја корист.Погоре јасно пишува дека твоите родители се ВМРО-вски определени.
    Сакав да кажам дека ја доведоа во таква сиромаштија државата и народот што мораа да почнат бесплатни книги да давааат на учениците. Од тоа сега има потреба а не од времети на Б.Ц.
    Замисли тоа да не го направеа? Ццц а да не зборам што во предизборна кампања се фалат со изградени патчиња наместо фабрики.
    Треба да се ограничи она што е од основна потреба за граѓаните (асвалтиран пат во 21 век) и МОРА да го направат, и продуктивни планови (изградба на фабрики, влез во ЕУ и НАТО итн) кои ќе бидат од корист и на сите граѓани не само на сиромашните кои немаат партиска книшка да се вработат па им поделуваат бесплатни книги, и не само оние кои во нивното ВМРО-вско маало ќе се возат по асвалтиран пат. Корист за сите и корист за државата. Ете такво нешто немаат да понудат во предизборната пропаганда. Освен вечните ветувања...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.