Препукувања по митинзи... Чии зборови повеќе тежат?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 26 мај 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас можеби не сум ја научила лекцијата,но ти се потсмеваш на погрешна Влада девојко.
    Оваа само ги исправа грешките на минатата,така да џабе се лупате од земја,СДСМ всушност го ставила тоа слепите да плаќаат.

    Јас бесплатни учебници сум имала само од братучетки,роднини,пријатели.
    На старо,или ново сум ги купувала.
    Друг бесплатен учебник не сум добила.
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па сама си викаш дека народот нема за леб, а они трошат државни пари за бесплатен интернет по руинираните селски школа.
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.088
    Допаѓања:
    9.861
    Пол:
    Женски
    Ако правиме муабет за одредени реформи,секогаш ќе има некој што нема да биде задоволен.Едни ќе бидат среќни заради бесплатен интернет,на други тоа ќе им смета и тоа е тоа.Не може секој човек во државата па и во светот да биде среќен и секогаш да има доволно пари,зарем не?
    Мене ми одговара бесплатниот интернет,тебе не ти одговара.Мене ми одговара законот против пушењето,тебе на пример не ти одговара,или пак јас го мразам проектот Скопје 2014,а ти не (под претпоставка) и слично.
     
    На Happygirl13 и MacaLove им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Жити се,кај реков дека народот нема за леб? :D
    Реков, гледам НЕМАШ за леб, имаш за интернет.

    Got it now? :lol:
     
  5. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Па јас никаде не сум напишала дека јас немам за леб, но вистина е дека некои луѓе (се повеќе) немаат за леб.
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Леле,и пак не ме сфати. :rofl:
    Нема врска,ај другите ќе сфатат. :rofl: :rofl:

    П.С И во времето на СДСМ немале за леб некои луѓе,ама,тоа е веќе суровоста на животот нели?
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Барем имаме некакви реформи ако нема народов леб тргнавме од мртва точка (не дека во време на Сдсм имал за леб). А тогаш ни леб, ни реформи НИШТО тапкавме во место, сега барем тргнавме.
     
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Ничии.
    Што тежи повеќе, зборовите на Бранко изговорени после 5 чаши виски пред да прави стенд ап комеди од политички митинг или оние на Грујо со тоа како кога сите не ебеле ВМРО била единствената партија што употребила кондом?
     
    На Happygirl13 и faye им се допаѓа ова.
  9. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.672
    Пол:
    Женски
    Луѓе едно треба да ви е јасно, колку и портокалово да гледате и колку и да не сакате да видите. Да одеше државата напред, да се спроведуваа реформите како што треба, да се намалуваше сиромаштијата и невработеноста, рејтингот на владеачката партија ќе растеше. Немаше да паѓа, како што паѓа моментално. Да, можеби и тогаш ќе имаше незадоволни, ама ќе беа во многу помал број. Денес поголемиот дел од народот е незадоволен. Протестираа тутунари, протестираа лозари, протестираа млекари, протестираа стечајци, протестираа лекари, протестираа универзитетски професори. И не ме убедувајте дека некоја си саличка од 5000 евра или 600 те канти се реформи и подобрување, зошто не се.
    Пишувате ви се допаѓа бесплатниот интернет. Епа додека вие безгрижно сурфате на бесплатниот интернет, многу семејства едвај врзуваат крај со крај, на многу семејства им се укинува социјалната помош и се оставени на милост и немилост. Епа ставете си го прстот на главата и размислете, што е моментално поголем приоритет - вашиот бесплатен интернет, двете плажи на Вардар и сите споменици од Скопје 2014 или минимални примања за барем дел од вкупноте 600.000 невработени во Р.М?!?
    Сето ова укажува на фактот дека оваа влада иако се најавуваше и претставуваше како економска и земјоделска влада, баш економијата и земјоделството најмногу ги уништи!
     
    На Theodora, JuLleE, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Така е, неможеш на сите да им угодиш зашто има и некои и кога им е убаво и кога им е лошо панично се инаетат за доброто на партијата и за лична корист.
    Мене ми одговара бесплатен интернет, но има и училишта кои уште немаат водоводна и канализациона соодветна мрежа, со покриви кои капат на дожд, и несоосветен наставен материјал и прибор. И знаеме за што се користат компјутерите во школо. Ми одговара и законот за непушење на јавни места-и јас сум не пушач, го поддржувам, и во никој случај да не се менува. Ама Ск.14 е нешто друго, добро е да изгледа добро нашата метропола но на пример зошто и со изгледот да не враќаат во историјата? Зошто Барокот кој не е соодветен за нашето поднебје, наместо тоа можеа да им дадат шанса на млади надежни архитекти кои ќе искреираа нешто модерно, соодветно, и со тоа да ја постигневме толку посакуваната туристичка посетеност во регионот. Вака само за потсмев сме. Сакам да кажам дека е во погрешно време и место, како да му се потсмеваат на сиромашниот и кутар народ со ваквите грандиозни објекти кои замислете тек ќе ѓи отплаќаат пошто се градат на кредит :fubar:
     
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: Имаше бе некои од партииве баш во СДК прочитав и вчера и денеска дека хаха пред врата им ставале кондом со логоата на двеве прешкртани и напишано заштитете се или нешто во тој стил :rofl: :rofl: само не знам дали ЛДП или кои цц
    И да ниту на едните ниту на другите ми тежат на овие избори.
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Тргнавме во историјата, уште подолу и поназад.
    Најголема стапка на невработеност, сиромаштија и инфлација.
    Џабе е инаетењето пред фактите. :lol:
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Кои факти,тие што си ги слушнала од А1 или? :rofl:
     
  14. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Така е и тогаш имало сиромашни, на кои навреме им стигала социјалната помош, но денес се трошат пари за да им се плати интернет на оние кои дома седат заради не можноста да се вработат, зашто има луѓе и кои не се партиски определени, па така социјалците се множат се повеќе, социјалната помош ја има се поретко и нормално е што народот ги побара овие избори за нешто да сменат.
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.655
    Допаѓања:
    161.702
    Народ што се шитка за 18 000 денари,нема свест за колективното добро,само за својот задник и деца,за мене не е народ,за мене е некое мекотело животинче,безрбетник.Од друга страна не сака да ги отвори очињата,да го активира мозочето.

    Ниеден збор не ми вреди.Ниту Бранковиот,ниту Грујовиот...ниеден,ама има едно нешто што тежи многу повеќе,е тогаш сите полтрончиња,патриотчиња,занесени човечулчиња ќе ги трескаат главите.Или може и тогаш ќе оправдате...кој знае.Да си поседиме,да си почекаме,ќе си дознаеме ама баш се...
    А до тогаш...мислете што ќе мислите за вашите бедни пари.Сите имаме родители,ама не сечии се продале за партија,а направиле живот,направиле удобност.

    Сум излегла два пати на избори и сум гласала според програма,според убеденост од она што го нудат,не сум гласала за партија,овој пат не излегувам или ќе излезам ама ќе го поништам ливчето,ниеден не ме убеди,во превод,кантар не ги мери глупостите накажани,а не вредноста нивна.

    Има еден куп други што гласале за вмро ама не се членови и не се офајдиле,мислеле за сите дека ќе биде добро,ама не...другите ко квалификација го вметнуваат во своето сиви,високо образование и партиска книшка од вмро и сдсм.Преку таквото!Знам неспособни и од ваму и од онаму,мојот глас е повреден,не сакам да хранам некој бедник утре у администрација!Сега у кладилница,утре у канцеларија,денес таксис,утре у канцеларија,денес на паркинг утре во канцеларија,секој ден дома насилник,малтретирач на своите вработени,пијандура,сто пати суспензиран,утре пак на работа во канцеларија,па и на подобра позиција.Ма марш!Без вредност,без морал,без грам памет!

    Мојот,вашиот глас повеќе тежат од било што изналупетано на оние бини.
    Ама морам да признаам...Бранко е добар оратор на кој му треба стишување на его и мала префинетост.Од секој аспект го бива интелигентно да врати и боди ленгвиџ и се...
     
    На LivingGlam, Theodora, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Дното е стигнато.
    Кај моите им дошло писмо,адресирано до нивната фирма..онака све формално и оп го отвараат и што ќе видат-флаер со Антонио Милошоски.
    Овие од СДСМ со нивните закаснати новогодишни пакетчиња крајно очајно.
    Само пред избори го сакаат вниманието на народот.

    А, па тотално офтопик,ама морам да ја спомнам Ленче Николовска.
    Оваа не е за министер,оваа е за судија.
    Како дели правдини,како е сигурна дека ќе ги исправи сите криви дрини тоа нешто невероватно.
    Сигурно во претходниот живот била некоја глумица.
     
    На faye, TheKiketoo, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Нормално, зашто ти се потрошија аргументите, заврши тоа што го знаеше на памет и докажав дека тука не е баш како што ти пренесуваат партиски определени медиуми. Затоа што не ти одговара вистината го вртиш муабетот на друга страна у стил абе Б.Ц. е крив.
    Јас си кажав дека сликата ја видов набрзина па почнав да си го пишувам одговорот.
    Ама ако мала си ќе научиш како изгледа да гледаш реално на работите.
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    О девојко, моите аргументи не завршија нема ни да завршат и доста ме предизвикуваш да одам офф топик. Јас знам многу повеќе отколку што си замислуваш и не следам медиуми баш не спомнав нигде такво нешто! Ти беше таа неопределената, така ? Ај молим те оди други фарбај, ти си определена и тоа како само не знаеш што каде пишуваш и кој каде лажеш. Епа ти си таа што избрзува, додека јас размислувам кога пишувам пост, не е само да го пишеш треба да се изјасниш во постот. Инаку за митинзиве, за секој различно, за некој тежи повеќе маалскиот муабет на Б.Ц. за некој извештајот за реформите и замислата за идните на Груевски. Тоа е тоа, секој со свои гледишта.
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Штета не стигнало писмо од неа со нејзин стил на пишување да прочиташ и да се смееш.
    Ја гледав пред некој ден ја даваа, како разговара со земјоделците. Да читаше дур зборува, можеби ќе тежеше повеќе, но не читаше, пак главно д’ткаше на секој збор ко неспремно учениче на час по природа и општество. Кажа што ќе направат, ама не кажа како ќе им го гарантира тоа што планира да направи. Но, општ проблем на партииве е тоа. За жал. Важно си збореше сеедно не ја снимаат камери него маалски муабет си прави, во стилот нели вие мене ме знаете од емисијава моја, си имаме ние зборено за ова :wasntme:
     
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    :rofl: Секако дека сум неопределена и си кажувам баш така како што е, епа сеа може избрзувам во некои одговори но тоа е затоа што јас си го имам својот начин на размислување и нема што да се мислам пред да го напишам. Друго е ако незнаеш што да вратиш па мора да се мислиш пред да одговориш барајки измислени аргументи од пред еден век за во времето на Б.Ц. или наслушнати партиски ставови.
    Пред избори е важно да ја гледаш реалноста и какво го оставиле местото оние кои се на власт и да се запрашаш зошто народот им го скрати мандатот и ги бара овие предвремени избори?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.