Инспириран од темата Преработени песни кои се подобри од оргиналите, а и општо од преработките кои ги слушам секојдневно, се решив да ја отворам темава. Тука ќе ги постираме преработените песни за кои мислиме дека не го достигнале квалитетот на песната која ја преработуваат. Еве јас ќе започнам прв. Тоа што ја прави оргиналната песна толку добра, е тој хипнотизирачки ритам кој е доста користен во електронската музиката од страна на европските диџеи во почетокот на 2000-те, а тука е изоставен. Ремиксов звучи ептен basic и преслушан. На овој ремик, недостасува ремикс за да звучи убаво. Иако сакам ваква музика, секогаш кога ќе ја чујам ми доаѓа да ја исклучам и да го пуштам оргиналот и да се распеам на цел глас.
Прво што ми дојде на ум: Преработка Оригинал Што и да кажам не може да го долови овој ужас Штета што толку голем хит доживеа ваков cover.
Не дека преработката е лоша, ама дефинитивно дава скроз различен вајб, ја нема таа емоција како кај оригиналот од кој се ежам Преработка Оригинал
Мислењево ми е од 2015. Речиси пет години ја барам обработката што си ја постирала. Но, се сложувам, оргиналот звучи многу подобро.
Симпатична преработка, но повторно ни блиску до оригиналот. Генерално, со додавањето на електронско звучење само ги расипуваат песните. П.С. одлична тема
Преработка Оригинал Повторно јас, на разочарување на обожавателите на едм. Се зезам, сакам електронска музика, ама очигледно не повеќе од хип хоп. Преработка Оригинал Е сега за вторава песна... Богами за ова мислење ќе ми се налути и my 15 year old self шо се отепуваше слушајќи го каверот... Ама не знам, ваљда ни се свиѓа музика што прави да се чувствуваме some type of way во моментот. Верзијата на birdy е баш смирена, тажна, непребол по симпатија, дечко, whatever, баш за тие тинејџерски години кога се што ти се случува го доживуваш х100 зголемено, а на bon iver е некако позрела, raw, и баш онака да се издереш се што ти лежи на душа.
Не можев а да не коментирам.Преработката не звучела како оргиналот?Па и не може,а и не треба да звучи како огриналот.Секој различно ја доживува секоја песна и различно може да ја отпее.И тоа е убавината на ваквите cover-ри,да ја слушнеме истата песна во различна верзија и на подруг начин испеана.
Понекогаш преработките на некои песни се далеку попопуларни од самите оригинали, или зашто се преработени во жанр кој моментално е во "тренд", оној кој ја преработува е доста популарен, или пак едноставно станува вирален хит преку ноќ. И секој има право да ја сака едната верзија повеќе или помалку. Башка, има многу добри оригинали кои заслужуваат повеќе внимание кои поради икс причини не достигнале голем успех, а преработките макар било тоа еден ремикс стануваат хитови. Еве, нема кој не ја знае I will always love you испеана од Витни Хјустон, која е всушност оригинал на Доли Партон. Тебе повеќе ти се свиѓа едната верзија, мене другата, затоа се отвара тема, да се дискутира и да се дадат мислења.
Едноставно не. Гласот на Дуа воопшто не ми е милозвучен за песнава. А, и Алесиа има некоја посебна емоција.
@prominent Кога ја спомна оваа нова преработка ме потсети на една постара и една наша преработка на песнава на Стинг. Првава е реге, денсхал од деведесетите : Вторава е од Игор Џамбазов во рок,блуз фазон од пред неколку години : Мене преработкиве ми се на исто ниво со оригиналот на Стинг.
Не е преземена целата ама сепак не ми звучи убаво. А оригиналот е топ, огромен хит беше пред петнаесетина години.