1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прерано созревање

Дискусија во 'Психологија' започната од Marissa24, 10 декември 2010.

  1. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми поради разделбата со татко и, мислам дека созреа многу побрзо од сите дечиња околу нејзе, дури премногу зрело гледа на ситуации и ги решава. Фала богу што е тотално откачено, диво, енергично, знае да се блесавиме и лудуваме, ама некогаш знае да ми постави прашање, или да ми даде забелешка што не ја очекувам ни од возрасен. Но спеак на мене и на татко и останува да и ја олесниме ситуацијата да ја направиме поприфатлива, за да може се да доживее по нормален тек без стресови. Но сепак знае да ме изненади многу..
     
  2. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    Јас сметам дека заради сплет на околности (не баш симпатични), созреав побргу од моите врсници. Почнав да размислувам на поинаков начин, за работи кои вистински вредат во животот.

    Дури ми беа смешни нивните размислувања, нивните детски однесувања, ретко кој можеше да ме сфати, да разбере како се чувствувам.
    Ми се смени гледиштето за животот 360 степени. И заради тоа, можеби малку се повлеков во себе, па станав поќутлива личност, не лудував многу многу, се дружев со сите, но гледав разлики во моето и нивното размислување.

    Сега сум си зрела личност, сеуште не многу зборлеста - онолку колку што треба, и многу ми е криво заради таа “затвореност’’ во себе, сеуште се однесувам со мала резервираност, сум била отворена - ме повредувале премногу, затоа и не дозволувам секој да допре до мене (иако тоа многу тешко ми оди, многу сум станала емотивна и ранлива, што не личи на мене воопшто).
     
    На alexa_dimoska и Serafima им се допаѓа ова.
  3. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш важев за фрик и асоцијален тип во класот. Бев најмала од сите а исто како да бев најстара. Но поради моите напредни сфаќања бев сметана за чудак и будала. Кога наполнив 13 години никој не ми веруваше дека имам толку. Сите ми даваа најмалку 10 години повеќе од тоа што бев :)
     
  4. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Исто и јас.
    Мислам дека сум прерано созреана.
    До моите 14 години растев со мајка ми и сестра ми, и со татко ми кој го гледав многу ретко. Мајка ми зафатена со работа, татко ми исто, јас и сестра ми пораснавме сами.
    Се сеќавам на нејзиниот прв збор, на нејзиниот прв чекор.
    Тоа што имав да се грижам за некого и тоа што бев одговорна за сестра ми е една од причините поради која мислам дека созреав порано од своите врсници.

    Токму тоа созревање понекогаш го обвинував поради тоа што бев одбегнувана или навредувана од страна на другите. Но кога сега ќе погледнам назад ~ сум била опкружена со патетични самобендисани лигави мочковци кои засекогаш ќе останат да живеат во заблуда. Горда сум на ова што сум. Ете така. :)
     
  5. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Ова не е проблем. Ова е привилегија иако понекогаш се јавува пoд потешки емотивни околности. Барем јас така го сфаќам. Не ги разбирам оние кои зборуваат како ако некое дете е понапредно од неговите врсници (во смисла на начин на размислување и сериозност) тоа го сфаќаат како негативна појава. И мене често ми го зборувале ова порано (а и сега некои замараат), како сум пројавувала однесување својствено за повозрасен, но јас попријатно сум се чувствувала така и во никаков план не ми било да се менувам. :)
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Иста сум...Мислам дека тоа се должи на тоа што јас пораснав со возрасни. Мојот брат и братучедка со која живеевме во исти двор се околу 8-9 години постари од мене и тие уште од мала ме научија како треба и од нив гледав бидејќи тие беа и сеуште се наистина добри личности и доста стабилни. Братичедка ми имаше брат, тој беше најстар од нас но за жал почина. Бев мала и тоа многу ме погоди, па започнав да гледам по сериозно на работите. Почнав да ги сваќам вистинските вредности на животот. Никој ме ме терал сосила но јас се трудев да бидам најдобрата во класот и успеав сакав да ги направам моите родители горди. И додека другите деца се трудеа да лудуваат мене тоа ми беше некако глупаво , додека другарките се трудат да се расфрлаат со пари и да се трудат богати да испаднат јас иако немаме недостаток на пари сепак сакам да сум економична. Секогаш размислувам за мојата иднина и со учење се тругам да си обезбедам подобра, бидејќи свесни сме каква е состојбата во светов. И да се познава и по самиот разговор со човек колку е созреан. Имам една другрка која нон стоп прави тоа што и јас, си размислувам јас за иднината, правам некои муабети и таа почна ама се познава кога човек незнае што зборува и кига зборува и знае што зборува. Секогаш сум им била пример во класот и секогаш ме слушаат бидејќи само јас размислувам за последиците и моите идеи се најреални и добро проценети. Од кај ми е тоа незнам...
    А да и додека другите ги сметаа за убави и напредни оние со големи гради и газ и додека се прчат по школо, јас секогаш сум гледала карактер , сум се трудела да не оговарам и кога некој ќе оговарал сакам да го прекинам, но поради наводно оговарање сум скарана со една другарка поради едни љубоморни и искомплексирани личности, но неможам со нив да се замарам, не вредат. Дали е наследно сето тоа или стекнато од некоја икс причина стварно незнам и од што се јавува таа разлика во размислувањето кога сите сме одгелувани скоро еднакво :?:
     
  7. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Созреаноста не доаѓа од книгите. Книгите и прочитаноста се само мал дел од овој процес.
    Ете земете го примерот со момчето од Србија кое останало без родители и на 17 години наместо да ужива во животот се чуди како ќе го преживее наредниот ден. Зарем тоа дете има од некаде пристап кон литература? А верувам дека размислува посозреано од 95% од децата од неговата генерација. Зборот ми беше, дека не е битна литературата за станеш позрел, туку околностите кои за жал најчесто се некои лоши настани и работи кои му се имаат случено на детето, како што имаат набројано повеќе примери членките во погорните мислења.
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Оф, Боже, се би дала за некако да се ослободам од товарот наречен прерано созревање. :sweat: Може ви изгледа од страна како убава особина, но верувајте дека не е. Убаво пишала Јојоба, растеме со внатрешна празнина. Искрено, најискрено, одбегнувам да ги читам темите за Детство и такви работи од минатото, ми се плаче кога гледам. Им завидувам на безгрижните, што не им е гајле за утре, што не им е гајле ни за денес уствари.... Си вегетираат, си чилаат, а јас како падната од друга планета. :drunk:

    Да знаеш кога да заќутиш.
    Да знаеш кога да не искоментираш ништо, ами само да помогнеш.
    Да знаеш да се грижиш самата за себе.
    Да им бидеш како мајка на сите останати околу тебе.
    Да гледаш да не западнеш во поголеми глупости и срања од тие во кои си моментално.
    Да се преправаш оти не си чул нешто, туку само да го прифатиш и да продолжиш понатаму.

    Мене искрено, сега ми е океј, да речеме. Единствен ,,проблем,, ако може така да се нарече, е што како изминува времето, уверена сум, 99% дека мојот иден партнер ќе биде барем 10 години постар од мене. Тоа е што е, смешно е кога повеќе се разбирам со постари луѓе отколку со мои врсници. Мене ме интересираат едни, дечки на 20 години имаат сосема други погледи од мојот.

    Ама сега ми е океј, во основно и средно не ми беше баш, посебно не во периодот втора, трета, времето на самопронаоѓање и самооткривање. Се преиспитував зошто мене не ми е интересно тоа што го прават другите, зошто, што, како, јао. Сега си знам и која сум и што сум и зошто сум. Ако ми понудат, на сето незадоволство од прераната зрелост, мислам дека сепак не би прифатила да се сменам со некој безгрижен и вечно дете. Јас сум си таква каква што сум, минатото од кое се трудам да избегам ме направило тоа што сум денес. Иф дат ис д прајс ту пеј... Уел... Веќе сум ја платила. :)
     
    На Lemonade, LilBaby, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^ Како јас да сум го пишувала :)

    Ги гледам моите врсници и едноставно не ми е ниту интересно ниту „шема“ а најмалку пак убаво тоа што го прават. Такви биле околностите, бев притисната од сите страни, премалку внимание па сето тоа ме донесе до прерано созревање. Почнав да го билдам мозокот, сама да размислувам и носам одлуки.. Сега е поинаку, но што фајде кога веќе сум пресозреана за овие години. Знам да одлепам, да трескам зелени и слично но немам допирна точка со мојата генерација, на моменти се прашувам дали проблемот е во мене! Но не е, и тоа ми годи затоашто да не било се она низ кое сум поминала, сега ќе бев како нив, хор атеншн, фејсбук је мој живот итн.
    Друштвото пак ми се состои од луѓенца со и над 18 години. Неможам со генерацијава моја да најдам заеднички јазик. Ретко да се најде некој начит и комуникативен, но и тој испаѓа :drunk: ..
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  10. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Поради големите интелектуалци во фамилијата, да, имав маалски денови во кои си уживав, но сега...
    кога ќе добијам многу за учење едноставно неможам да престанам, неможам да си
    кажам НЕ...
    Пробувам да се опуштам и да се однесувам како безгрижно детенце, но
    не ми оди... таква сум...
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    исто и јас може да се каже созреав рано и детство кај мене како да немаше. Јас никогаш не правев глупости како другите мои врсници. Никогаш не сум помислила да пушам цигари, да пијам алкохол, да бегам од часови, и се научив на одговорност, а дека тоа прави проблеми во љубовта, да точно е. Мене секогаш ме сфаќаа дека многу бирам, а суштината е дека сум рано созреана и си барам дечко по мој терк, а не некое детиште. Сакам сатбилни , одговорни луѓе. Моите не беа такви. И јас многу се мачев. Ако не добиев стипендија немаше да се школувам на факултет. Потоа веднаш почнав да работам , и ден денес со мои 26 години јас имам 5 години работно искуство.Паралелно сум работела на 3 места(едно работно место со 8 саати и на 2 места хонорарно, нешто како тезги) , кога како сум имала време. Не се жалам. За разлика од мене моја другарка со нејзини 27 год, нема пари за на кафе да излезе затоа што пребира работа и мрзлива е. Досега сум била црвст карактер и така сакам да продолжам. Ако еднаш покажеш слабост, другите ги искористуваат слабостите.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  12. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Иако имам 14 години не се однесувам како дете одд 8 години.
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Па благодарение на моево минато, т.е. на мојот живот сум посозреана од мн мои врснички.
    Зашто ко мала уште непојдена на школо морав да сфатам зашто другиве деца имаат по двајца родители а јас еден само.
    Плус самиот живот со баба ми и дедо ми, доста ме исчеличи.

    И не не се жалам и не ми е криво што сум ваква напротив набилдана сум уште повеќе. И сега поминувам низ период на билдање, на она созревање зашто се соочувам со работи нетипични за моја возраст. Ама ако го гледам тоа како некој плус во животов.

    така да ова, не би требало да предизивика никаков проблем. :)
     
  14. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Колку повеќе проблеми имаш толку побрзо ќе созрееш.Кој осетил на кожа знае. ;)
     
    На eliesaab и Inna5 им се допаѓа ова.
  15. sasha123

    sasha123 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    i jas go imam toa cuvstvo.. nekogas me nervira.. sekoj pat kako i da postapam gledam na posledicite nekogo da ne povredam.koga bev vo vrska so maz mi (koj mi bese i prv decko) nikogas ne se osmeliv da go izneveram dodeka drugarkite ne se zamaraa flertuvaa i se zabavuvaa so dr momci jas si sedev nastrana i ne sakav da rizikuvam ozbilno si gi svakjam rabotite i sakam cista smetka dodeka drugarkite od druga strana mi velea deka sum slab karakter deka nemam srce da izneveram a jas poinaku gledav na rabotite si planirav vrskata da premine vo brak, ne me zanimase pijancenjeto zurki zapoznavanja flertovi neverstva...
     
  16. Queenie

    Queenie Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Од една страна е добро,но од друга страна е лошо :\\\ јас имам 14 години ама се чувствувам како да сум неколку години постара од моите врсници,поинаку се однесувам иако сум тинејџерка-не излегувам,не пијам,никогаш не сум пробала цигара,многу сум молчалива и секогаш размислувм за тоа што е правилно и за последиците од нешто Поради ова се осеќам многу осамено,немам некоја блиска личност на која можам да и кажам се што ми лежи,врсниците не се дружат многу со мене ама најмногу се тешам со тоа што имам многу добри оценки(не сум бубалица).Некогаш пак можам многу да се повлечам во себе и да плачам цел саат зошто немам некој кој ме разбира..ама не можам и несакам да се сменам(не сум имала некои тешки услови за живот)
     
    На curlygirl и biggirlsdontcry им се допаѓа ова.
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    За жал тоа прерано созревање мене ми се случи од тешките работи кои се случија во мојот живот, и едноставно самиот живот ме натера така да се однесувам. И нормално секогаш бев чудак за некои мои врсници.
     
  18. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Ова ми го имаат кажано мои врсници, а и постари од мене БЕЗБРОЈ ПАТИ.А тоа мене многу ме нервира. Ми викаат дека сум сериозна, дека сум премногу паметна за мои години. И незнам дали е така, најмалку за себе можам да судам. А незнам зошто би било така. Водам нормален живот, добро и покрај тоа што финансиски моите родители не се многу силни, јас како девојка пред која е животот и со многу талент би требало да го сменам тоа барем за моите деца. Но сепак не ми е скратено од многу работи, не ми е совршен животот, но никаде нема совршено. Навистина не го разбирам тоа, не го разбирам и не, и незнам дали ќе го сфатам ова некогаш. Зошто ?! Зошто така мислат? Како ли делувам на луѓето? Навистина незнам. :Down:
     
  19. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Го пропуштив лудиот тинејџерски живот поради ова. :tmi:
    На моменти посакувам да се вратам неколку години наназад и да доживеам некои работи кои тогаш не ги доживеав. Како и многумина израснав во семејство кое едвај сврзуваше крај со крај, немаше луксузи, немаше одмори и патувања, многу детски желби останаа само желби но сепак не ги окривувам родителите бидејќи знам дека се труделе да ми го овозможат најдоброто што можеле. Голем дел од врсниците не ги разбирав а уште помалку пак тие ме разбираа мене. Условите во кои израснав си го направија своето. Признавам дека не бев многу забавно друштво во лудите години па често тоа ми создаваше проблеми во комуникацијата. Имав периоди на осаменост кои мислам дека уште толку ми наштетија и ми ја разнишаа самодовербата. Отсекогаш гледав премногу сериозно на љубовните врски па тоа дополнително ме кочеше. Навидум излегував и се забавував како и сите други но моите излегувања не беа проследени со љубовни авантури, алкохол, правење драми и сл. Секогаш размислував за последиците пред да направам нешто.
    Можеби од една страна тоа беше позитивно бидејќи секогаш знаев како да се штитам себеси. Знаев како да не западнам во проблеми, како да ги избегнам лошите друштва, научив да ги проценувам луѓето и со само неколку реченици муабет да откријам какви личности се и донекаде какви им се намерите. Знаев и научив се освен како да се опуштам и да живеам за моментот. Како минува годините врсниците се повеќе и повеќе се свртуваа кон мене бидејќи во мене гледаа стабилна личност која секогаш може да им даде добар совет без да ги осудува. Се се средува со текот на времето но изгубеното не се враќа.
    Сега веќе како возрасна и изградена личност на моменти чувствувам дека сакам да го надополнам изгубеното. :rofl: Да, на моменти откачувам и свесно правам лудости но сепак е се свесно.
    Значи исто ама не е исто... :)
    Всушност, сите работи кои ги доживеав ме научија да ги ценам малите нешта, ме научија на вистинските вредности во животот. Сега се трудам да бидам задоволна со тоа што го имам. Се трудам да не очекувам премногу и да се заштитам од разочарување. Се обидувам да не се замарам премногу со ништо бидејќи се е минливо во животот а наша задача е да уживаме во него колку што можеме повеќе. :rock:
     
    На Marjan007 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Јас од многу помала сум зборувала позрело и се чувствувам како поголема од врсниците и ако некој ме праша нешто одма знам да одговорам а да сум толку сериозна неееееееее се смеам како ретард бетер Џим Кери сум како мало дете :D