Јас мислам дека прерано созреав. Многу работи,ги гледав\м поинаку на мои години за разлика од мои врсници. Никогаш не сум била во шема,како што се моите другарки.Незнам едноставно некои работи што тие ги прават мене не ми се интересни,не се чуствувам како тинејџерка,се чуствувам како повозразна.Незнам можеби и домашното воспитување влијаае во ова,незнам навистина.А и сега сум во такви години што можам и сешто да мислам.Поради тоа мое прерано созревање,никогаш не сум била приватена од другарките.Моите ставови секогаш биле поразлични од нивните.
Колку имам научено за животот додека моиве врсници сеуште учат... не само врсници, туку и постари од мене. Им се чудам на паметот. Или јас сум многу созреана или тие не се. Тоа што уште во основно размислував повеќе и подобро од другите се должи на мојата интелигенција, а што се однесува до созревањето, тоа беше резултат на еден немил настан. Од 14 години бев на некој начин оставена сама на себе. Одеднаш почнав да се грижам за себе но и за цело семејство. Од тогаш почна тој процес кај мене. И тешкотиите вредеа, се сакам ваква каква што сум денес. Можеби ќе бев мало ранливо и слабо маче сеуште, но јас сум сега тигар кој умее да се бори и снаоѓа во животот. Веќе знам што е животот, ги знам сите процеси во него и што и како функционира.
Уште од многу мала ги разбирам работите и свесна сум за многу повеќе од што е нормално. Обично тоа се смета за добра работа, но понекогаш знае сериозно да засмета во животот. Ама тоа е, неможеме да бираме.
Факт е дека прераното созревање е последица од некои обично несакани ситуации во животот.Јас сум прерано созреана бидејќи кога бев помала пред неколку години имавме сеемен проблем кој не траеше кратко, секојдневно бев сведок на непријатни и потресни случки и постојано имав многу посериозни размислувања и гледишта за животот. Во училиште нешто што им беше смешно дури и на наставниците мене не ми беше а камоли некоја шала од некој врсник.Премногу е лошо да се чувствувате како да сте во тело на дете а со мозок како веќе возразен човек. . Сега како поминуваат годините се трудам да не бидам премногу сериозна а и веќе не сум, сепак сум тинејџер и сакам да имам убави спомени од овој период. Но се се решава .Мора да верувате дека само со позитивни мисли може да се има позитивен живот.
само луѓе со проблеми со самодоверба/его би си дијагностицирале сами на себе дека се зрели/интелигентни/без нив фирмата неможе да работи сликата(т.е. сегментот) е полесна за сваќање кога не се гледа цела food for thought
Тешки и болни моменти, болести, смрт во фамилија на рана возраст најчесто влијаат на побрзо созревање.
Јас самата избрав прерано да созреам по своја волја. Родителите можеби требаше да ме спречат но касно е за што би било кога би било. До мојата 10 годишна возраст се соочив со 3 преселби од едно место во друго. Додека се навикнав на околината и запознавав другарчиња моравме да се преселиме. За сиромаштија да и таа беше присутна но јас не сум ја почуствувала толку многу благодарејки на моите кој сите желби ми ги исполнувале и ништо не ми фалело. Последната преселба мене лично ми беше најтешка почнав од 0 во ново место каде никој и ништо не знам. Моите за жал постојано беа на работа баба/дедо немав и сама растев и се чував. Тогаш и ги направив најголемите грешки. Финансиската состојба многу се подобри и тоа ги мотивира повеке да работат и да бидат повеќе време надвор од домот. На 12 години јас имав другарки со кој излегував. Уште на 13 години имав мувачи...Почнав да пушам цигари. Почнав и алкохол. Имав прва "озбилна врска" која траеше 1 ипол... него го лажев и варав. Моите знаеа дека имам дечко уште во основно и не ми забранија додека на сите останати "другарки" им бранеа. Финансиската состојба дома беше супер. Се ми беше дозволено. Станав зависник од цигари а секој викенд редовно пиев аллохол. Многу пати се вракав дома пиана и усмрдена на цигари. Ја претрчав младоста уште на 15 години... ае каам многу за се. На 16 се стабилизирав. Се повлеков од таа околина што ме опкружуваше. Единствено нешто што сакав е уште една преселба далеку од се, но тоа не се случи. Сега веќе на 18 размислувам зрело. Имам искиства и лекции. Не правам исти грешки. Сега имам вистински другарки и дечко кој го сакам најмногу од се. Се каам многу за се што самата си направив.
Да надополнам дека исто така тука игра голема улога и животот кој ќе го имаш и после тоа кога на пример некој ќе загубиш во фамилијата. На пример децата кои се деца на самохрани родители созреваат според мене многу побрзо од нивните врсници. Ама сè зависи тоа исто така и од тоа од каква фамилија потекнуваш. Ако е добро ситуирана фамилијата тогаш се помали ударите од животот врз детето.
Не знам на што точно се должи прераното созревање. Најверојатно сплет на околности, гени, и сите пречки кои те пречекале на животниот пат. Како и да е, кај мене истото се случи. Прерано созреав психички и физички. Поминав низ некои работи кои длабоко ме повредија, а за кои нема да зборувам. Прераното созревање секако има доста предности како и недостатоци. На пример, јас секогаш без позрела во начинот на размислување во споредба со моите врсници. Поголемиот дел од времето молчев и само ги анализирав луѓето и нивните размислувања. Не им се отварав лесно (сѐ уште не), затоа што поголемиот дел од нив не ме разбираа. Затоа што никогаш не бевме на иста бранова должина... Тоа што бев позрела сега ми помага да ги проценам ситуациите и луѓето. Тоа е она што го сакам кај оваа појава. Но, исто така многу е тешко да бидеш разбран од околината, како што спомнав и претходно. Понекогаш тоа психички те истоштува. И покрај тоа верувам дека тој со кој ја делиш истата енергија т.е тој што треба вистински да те разбере, ќе го направи тоа. Останатите секако нема никогаш да продрат до тебе.
Исто. Кај мене сметам дека се должи бидејќи бев лишен од многу работи и добра кои моите другари ги имаа а јас не. Секогаш молчев, не барав повеќе бидејќи знаев колку имаме. Исто така и загубата на член од семејство.. Мене пак ова во ништо не ми помага туку ми одмага бидејќи секогаш сум црна овца во стадо во секој поглед (стил, начин на размислување, осетливост и ред други работи).
Па така некако. Никако не наоѓам заеднички јазик со мои врсници додека тоа не е случај со постари. Секогаш гледам поозбилно на работите а не на шала како остатокот.
Истото е кај мене. Многу добро те разбирам, затоа што и јас така на моменти се чувствувам. Ама немој така да се чувствуваш! Биди горд на тоа што прерано си созреал и што ја поседуваш способноста да гледаш поозбилно на работите. И покрај тоа што си загубил член од семејството. Верувај, таквите луѓе се ретки. Ни јас никогаш не успеав да пронајдам заеднички јазик со моите врсници, додека со возрасен човек можам да разговарам со часови и за најдлабоките теми. Биди си уникатен и исфрли ги тие мисли од глава!