Јас имам ремингтон и многу сум задоволна, ја имам веќе 5 години скоро секој ден ја користам и како нова е, ако ја земеш нема да згрешиш.
bosch нешто hair proffesional пишува многу добро ја исправува и има керамички плочки и многу долготрајно ја исправува. Еден ден се избањав се испеглав и 4 дена ми траеше и после се избањав(се разбира 4 дена не песе како првиот ден ама сепак беше права
имам јас преса на Philips нешто SalonStraight Pro XXL, има керамички плочки.. многуу сум задоволна, до сега сум сменила многу ама оваа ми е најдобра,а косата ја исправува за многу брзо време и трае со денови..
Braun ES1 Straightener. дефинитвно најдобра преса за коса. Имам виткана коса и оваа преса ја прави права во еден потег без да треба да га фенирам косата претходно. И најважно, не ја гори косата . А нее скапа воопшто до 2000 денари е.
Купувајте пегли со јонизатор, особено оние што имаат виткана или брановидна коса, многу се подобри од керамичките,а скоро и нема разлика во цените.
Имам преса на Северин и од сите досега што сум ги имала најубаво ми ја пегла косата , единствено не сум задоволна тоа што после кога ке ја испеглам косата ми мириса на изгорено од неа, ептен ужасен мирис Дали мислите дека тоа е знак дека пеглава не одговара на мојата коса бидејки многу ми ја гори па затоа ми мириса така косата, додека од другите пегли не ми е така... Дајте ми совет што да направам, да ја сменам или пак да користам некој освежувач за коса т па ако знаете некој таков препорачајте ми...Поздрав
Јас се решив дека конечно ќе одвојам пари од штедната книшка и ќе потрошам за добра пегла, со јони. Случајно се погоди да пробам една таква пегла, и неверојатно добро пеглаат. Следниот ден косата ми беше иста како претходниот, права и мазна. Сакам да проверам во техно-маркет, да најдам некоја, ама не повеќе од 2500 денари.
Има и за околу 2000 такви пегли, не само во техно-маркет, провери и во зградата на стара карма, само другиот ќош, продавницата е за бела техника bosch се вика.
Grundig германска мислам дека е, задоволна сум, добро ми ја исправува косата, мислам дека беше околу 2000 денари
Јас би ти препорачала Ремингтон пегла за коса.Баш пред некоја недела гледав имаше и во Тинекс супер до 2500 беа повеќе модели,а во техно маркет сигурно има повеќе избор
Jас имам обична преса за коса таа ја користам само за шишките.А косата си ја пеглам со обична пегла за алишта и ми држи 2-3 дена зависи колку пати ќе ја поминеш Поздрав
Јас сега си купив од рамстор SEVERIN пегла беше 1000 денари и е преубава презадоволна сум ја имам 2 недели испушта пареа не ми мириса на изгорено инаку имам многу сува и оштетена коса ама кога ке ја испегла со новата пегла преубава ми е и си користам силикоски капки ми е ТОП моја препорака ти е оваа ем не е скапа премногу а врши голема работа доволен е еден потег и тоа дебел слој на коса се загрева за 2 3 минутки за 10 мин си испеглана (јас имам долга коса под рамена и за 10 мин сум спремна)
Јас имам пегла од Hair Majesty марка, од оние новите што се, Diamond. Пре, пре задоволна сум... На самите керамички плочки има сребрени точки, ја прават сјајна косата и полесно оди пеглањето. Со дисплеј е и можеш да си ја местиш од 120 до 220 степени. Не би ти препорачала на 220 да се пеглаш зашто ти ја прави пепел косата и ти труе на изгорено. Јас прво се правев на 200, но сега кога ми порасна полесно ми се пегла и ја ставам на 130 степени. Ми ја прави пре сјајна и мека. Со среќа...
јас имам преса од grundig ја земав пред две години околу 2 500 беше и морам да кажам дека е многу добра се загрева за една минута и има регулатор за температура
користам керамичка преса , но незнам длаи е квалитетна бидејќи косата ми е многу оштетена , изгледа заради претераното користење...сепак се трудам пеглањето на косата да го сведам на минимум само тогаш кога навистина морам .. за викенд или за некоја свадба ( обично за свадба ја виткам ) пресава не е кинеска , ако беше сега немаше да имам коса на главата ми ја донесе татко ми од Скопје , пресава е по боја светло плава како да знаеше дека сакам таква
Мојата преса е најефтина пред некој ден си ја купив од Базаро 140ден,мала е ама за пеглање шишки е одлична Јас и така не ја пеглам косата бидејќи ми е права ама си ја земав пеглава поради шишките затоа што по сабајле ми се катастрофа
Не користам преса, еднаш се имам испеглано со моја од мајка ми и два пати ме имаат испеглано, не ми стои лошо со права, ама најмногу си се бендисувам со ваква каква што ми е, за ништо не би ја менувала. Инаку знам дека пресите многу ги уништуваат косите и ги горат, така да не е препорачливо многу пеглање.
Јас користам преса од Grundig и сум многу задоволна. Убаво ја исправува косата, бргу се загрева (за околу минутка), има керамички обложени плочки, цената многу прифатлива со 3 години гаранција. Ми се допаѓа што доаѓа со торбичка отпорна на топлина. И има повеќе степени на топлина од 120 до 240. Колку што имам приметено не ми ја гори многу косата. Aма сепак јас не се пеглам често, а и кога се пеглам секогаш употребувам средство за заштита против топлина, па не би знаела да кажам какви би биле ефектите при почеста употреба. А сега за на крај слика од мојата убавица: