Ееее да, да, да... сега ме потсети... и јас ја земав од Нептун исто 1600 денари, и тоа начекав кога Нептун затвараше (во нашата населба) и сите цени беа снижени.
И јас имам таква ама не сум задоволна од неа ич.. Косата ми е малце прекршена ама от кога ке се испеглам за 2 часа пак ке ми се извијат некој делови
пред 5години си купив на филипс 3200ден воопшто не бев задоволна ...па си купив од пазар за 200ден ја користам до ден денешен
Да не знае некој каде можам да најдам преса, ама баш преза не пегла , барав во неколку продавници и нема, секаде имаат само комплети пегла , фигаро и преса ...
Феминки ,ако може да ме инф.колку се движат цените на пресите за коса ,ама на пазар?Морам да имам дома ,бидејќи неможам за секој прамен да трчам кај фризерот иако е блиску до мене.Значи некоја што ќе ми врши работа одвреме-навреме,а не нон стоп да се пеглам и поефина да е.
Да јас ја имам и сум задоволна. Имам пишувано и порано за неа. Прашаj ако те интересира нешто подетално.
И мојата исто е брановидна , прекршена на некои места ма да вака у суштина ми е права и пресата ми е потребна само за некои прилики не ја пеглам постојано така да мислам дека ке ми одговара Ме интересира какви средства за заштита од топлина користиш ?
Имаш и од 150 ден, ама ризикуваш да ти пукне во рака во најдобар случај, или да те дрмне струја во најлош не се ич сигурни
Тие се оние гломазнине, белите... и не вредат за 10 денари, а не па за 150... доколку имаш пари купи си скапо ама квалитетно, што ќе знаеш дека вреди за тие пари и дека ќе ти трае...
Јас ја имам пред неколку месеци ја добив како поклон, мојата е бела и баш ја фалев овде. Не е многу скапа а вреди за секое денарче, одлично пегла и прекрасни локни прави. Јас топло би ти ја препорачала
Се мислам меѓу Браунот и Грундихот, сакам да ја користам и за локни. Гледам дека на оваа Грундих или како и да се чита, има кабелче што може да се врти, ама пак тетка ми го има Браунот и стварно прекрасно пегла. Хм... Спојлер
Doozy и јас имам ваква Браун верувај дека нема да се покаеш ако ја купиш хахаха.. Плус и оваа може да се врти кај кабелцето, ја користам веќе 5 години и ич не жалам што сум ја купила!!
Doozy мене оваа на Браун на сликава ми изгледа како подебела дека е, а и веќе кога ја има тетка ти види какви локни се прават со неа, испробај си. За оваа на Грундинг нема да погрешиш ако ја одбереш, јас и претходно кажав дека сум презадоволна, одлични локни прави.
Го користам спрејот за заштита против топлина од Syoss. Јас го купив кога бев во странство, ама во последно време имам видено производи на Syoss и кај нас па сигурно го има и ова