http://static.sporilek.cz/img/produkty/ ... s-2560.jpg jas ja imam ovaa otprilika godina ipol i preeeeubaba e. So jonski generator, kerami4ki plo4ki, epten e ubava i kosata e mn ubava svilenkasta i ne se vitka posle peglanjeto. okolu 3500 den e ama vredi za parite
Јас имам преса на Ровента веќе неколку години,и пу-пу да не ја урочам уште работи како тек да сум ја купила. Многу добро ја пегла косата,и не ми ја оштетува до толку како другите преси.Норамлно може и да се витка со неа,ама јас ја користам само за довиткување зошто мене природно ми е во некои благи локни. Еве ја Јас на времето ја купив околу 3500/4000 во Нептун или Техно-маркет,незнам што е тоа доле во Рамстор.Сега сигурно е поефтина. Како и да е се исплати за парите.
Еј на оваа и го фрлив меракот, ама многу ми беше скапа. 3650 беше, а јас купив за 2 599, сега си викам дека сум се правела стипса за 1000 денари. Ама добра е и оваа, не се жалам, сепак горнава ровента ми е прва љубов.
Значи уште ја држи цената а? Ја па мислев некои нови чуда искочиле,на оваа цената паднала а види тии...А значи треба да си ја чувам како очите на глава,иначе пак треба да давам 3ипол илјадарки И со среќа да си ја користиш пресата,долги години да те служи. Кажи кога сакаш ќе ти ја позајмам оваа чим толку ти било мерак за неа
Епа баш заради тоа не ја земав, чекам да испаднат некои нови чуда. Оти ако ја земев вака скапичка, веројатноста дека со неа ќе се пеглав наредните 10 години е голема. Фала на понуда и да знаеш дека ќе си врзам во крпче. Кога може таа продавачката да се испегла - да ја пробала - можам и јас да ја изневерам мојата преса со твојата.
Нешто вака е, само не е овој модел. За Ремингтон доста евтино ја купи сестра ми. Претходно имавме дома од топ шоп, со керамички плочки исто ама ми падна и се одлепија плочките. После тоа не беше истата. Во секој случај, уште не сум сретнала пегла што успева да ја исправи и мојата коса.
си направив шишки па планирам да купам пегла (преса) како сакате наречете ја но овде читав разни мислења некои со јони што ти ја знам може да ми објасните тие какви се? помалку ја горат косата или? поздрав
Мојата пегла е Ремингтон, купена пред 3-4 години. Ја купив од Рамстор за негде околу 2.000 денари. Што навистина не е многу скапо. Барем не тогаш! Навистина е квалитетна пегла, не ја користам секој ден, така што не знам како би било за другите. Ми се допаѓа тоа што може да се подесува топлината и многу брзо се затоплува и во пакет дојде со торбичка која е отпорна на топлина и која е одлична за патување И со таа пегла и ја пеглам и ја виткам косата. Супер ми е за сега Иста е како оваа на сликата само го нема тоа чудно црно копче Иначе има керамички плочки и некоја си двојна заштита, керамички плочки и тефлон.
пресата за коса ја пензионирав летово , па жал ми беше, малку ли од сонцево се суши косава, уште јас да ја мачам иначе имам преса од браун и супер е, најбитно воопшто не ми куби коса. најпрво сакав од филипс да земам, демек подобри биле, ама другарка ми што има од филипс се жали дека многу и ја кини косата...
Мојата преса е severin. керамичка е, 40 ватна, до 200 степени а и не ми треба повеќе, не ми е ептен виткана косата и задоволна сум од неа сега за сега
Девојки сакам да купам пpeca за коса, но не знам каква. Препорачајте ми некоја, но да не е поскапа од 1500-1600ден, (засега толку имам заштедено ) од која марка да купам, кои се добри
Philips hp 8310 со јонизатор е. Негде околу 1600-1700 е. Некои 6-7 месеци ја имам и сега за сега супер е.
Јас имам од Grundig, ја купив пред една-две недели и ептен сум задоволна. Читав на интернет доста за неа, плус некои девојки од тука ја имаат, па речшив да ја купам и не зажалив. Ја купив во Нептун, 1600 денари.
И јас пред некоја недела ја купив пресата на Grundig и сум задоволна од тоа како ја исправува косата, и ми се допаѓа што е дигитална па може да се подесувана до кој степен да се загрева, според потребата и типот на косата.. Инаку јас ја купив во Cosmo (тинекс) за 1500 денари.
Стварно е супер пеглата.Обично имам проблем со пеглањето, ама оваа е стварно супер косата ми е права и не се прекршува како со другите пегли..
Zдраво ....јас сум нова на форумов,ама морав да се зачленам кога видов колку интересни теми имате..секоја пофалба.. инаку имам виткана коса, но со тек на годиниве како што ја пеглам ми се исправи.. A и ја изгорев , ама за убавина се се прави...поз