Јас си ја пеглам еве вејќе 8 години косата..прво имав неквалитетни преси од по 500 денари, ама пред 3 години си купив BRAUN преса и сум презадоволна....а и не ми ја оштетува
До скоро време користев стар модел на пегла,ни фирмата ја знам ни ништо, ама сигурна сум дека повеќето од вас ги виделе по пазарот! Тие големите,тешки ко тула што се со големи плочки, ја купив од пред 12 години и верно ми служеше (само кабелот од време на време тато ми го поправаше) Ми пеглаше солидно (иако сите се жалеа дека не ги бива,мене ми вршеше работа)! Сепак можело и далеку подбро да ми биде испеглана косата, па секогаш кога немаше да бидам задоволна од моето пеглано фризурче си мислев дека не е проблемот во пеглата туку во мојата коса! Денес се поднови со нова преса за коса philips, па веќе и ја порбав и сум пре пре пре задоволна! Ја земав од Техно маркет 2100 денари! Се чудам како ли досега сум издржала со таа праисториска пегла кога сум можела да имам лесна и убава нова преса! Добра е, се надевам ќе ми служи подолго време!
Што марка ти е пресата и колку ја купи и од каде? Јас имам кадрава коса и сакам да си купам преса ама не знам каква.
Немам баш потреба од преса и не ја користам секојдневно бидејки косата ми е права, но кога одам некаде и сакам да се средам повеќе користам. Ја купив од Вицко и задоволна сум. Не знам точно колку пари ја зедов, ама не беше скапа...
Неколку години ја користам, и прилично сум задоволна, сакам малце да е појака некако не ми ја исправува косата перфектно право со оглед дека ми е виткана ама има и добра особина не ми ја гори премногу косата..
Имам ваква и сум презадоволна. Има значи нормално опции, на колку степени да е, ама најмногу од се ми се допаѓа што од страната има мали чешелчиња кои фактички ја чешлаат косата пред да се испегла. Веќе трета година ја користам и супер е.
Јас имам со керамички плочи и сум презадоволна,со едно тргање косата е штица,а има некои ти колку пати сакаш помини со неа пак косата нема да биде права,ама немора да значи дека е тоа и до пресата можеби имате коса којашто неможе да се исправи баш нај нај.
Сум користела мн. преси за коса али пред некој ден си зедов од Северин баш ваква како на сликата, и доста сум задоволна.
јас имам преса philips околу 2000 денари ја земав и стварно е многу добра, со оглед на тоа што имам кадрава коса, а оваа преса успевам да ја исправам и тоа убаво
Мојата преса е mabelle consept мислам така се викасе,не ја зедов скапо околу 1400 ден. сто знам не е лоса за сега...иако ретко ја употребувам,само за посебни прилики.Сепак има многу подобри преси,мојава не би ја препоруцила...
Имам TrueCeramicPro со керамички плочки од Топ Шоп и сум задоволна. Косата ми е малку кадрава и пресава одлично исправа но и витка. Плочките се со заоблени рабови и се прават одлични крупни локни, баш како што сакам Малку претерале на рекламава. Може некој друг да ме витка ке ме направи така + со препарати но задоволна сум и од резултатот што самата го постигам.
Дали некој знае каде ја има пресата на Браун со јони? многу е јака вака како што гледам,а и не се горела косата ич,сакам да си ја купам,еве слика
Женски како се движат цените на подобрите преси за коса. Не сум разгледувала слични работи од многу одамна, а ми треба итно преса ќе морам да си купам утре или задутре. Може некој да ми препорача кои се подобри, кој ќе лута узалуд низ Скопје И баш ми интересира цените како стојат, значи сакам квалитетна преса ама сепак да не е ептен солена цената ..нешто средина
Јас имам природно виткана коса ама ете пуста желба за права мазна коса па почнав да се пеглам со преса и многу ми се оштети,бев на фризер и се ишишав,ми кажаа да користам чичково масло и наместо преса да ја фенирам со некој добар фен (оние на пареа). Чичковото масло ми помогна,веќе врвовите не ми се толку суви но не знам каде да најдам некој добар професионален фен,има ли некој таков? Од каде можам да го купам? Ве молам за помош...
зашто така? и јас ја имам истата и презадоволна сум. се шишам на секои 2 месеци и косата ми е свежа секогаш. сепак од било која преса косата се гори-но колку толку сепак нели минимално е најпосакувано. пробај на 180 степени не на 200 така ми каза фризерката,бидејки ако имаш мека и тенка коса побрзо ти се гори,а мојата е теска и прегуста така да повеќе време и треба
Имам две пегли со јони, солено платени, не се лажете дека се јони па не гори. Јонските пегли ја прават повеќе свиленкаста, па ние си мислиме дека не гори.Гори и тоа како, топлина е. Оставете ја еднаш сама да се исуши, видете ги врвовите, па ќе видите дали не горело.