еве ја пресата што ја барам, одма се загрева и ми стои косата перфектно испеглана од миење на миење, знам дека мајка ми нема да се согласи да си ја купам ама дефинитивно се исплати затоа што еднаш со оваа а со мојата секој ден а плус мојата дупло поскапа иначе јас мислам дека во продавници на горење како и да се викаат е поефтина али неврмајнд
Remington е најубавата преса,ти ја прави поубава и од фризер,уствари јас од кога ја имам не ни идам веќе.Иначе ти стои цело време права косата и воопшто не се витка,а јас имам природно виткана коса.Поздрав.
А нешто преса за околи 500-600 денари, ама тенка и керамичка... се наоѓа? Ај ако знае некој нека ми пише, ми треба итно, а за повеќе пари давање не сум...
за ова новата ли збориш маша што се вика за брановидно виткање на косата?http://www.youtube.com/watch?v=oB9_BhkQAcA&feature=related
Јас ја користам пресата на Белиссима веќе 7 години сум презадоволна, преубаво исправува со оглед што на мене ми е брановидна и тешко се исправува и + квалитетот е на завидно ниво, од срце ја препорачувам
Па не баш за таа... јас барам преса некоја што ќе е тенка, за да ја користам и за виткање и за пеглање... Ама оваа е прекрасна... мммм и таква посакувам
Оваа ја имам јас Majesty од Техно маркет ја земав пред 2 год.Задоволна сум јас,убаво ми ја исправува косата.Вака комплет и јас ја купив во куферче,со четка и штипки за коса.Околу 2500 беше.
Подобра е керамичка преса, така ? бар што прочитав неколку мислења... Ми треба за вртење на коса не за пеглање , за марка ќе се снајдам ама незнам која е подобра, ваљда керамичка... логично
за овие пари нема да набавиш ама баш ништо пресите за овие пари се катастрофа косата не ја пеглаат има да се пеглаш повеќе ос 1 сат и пак на карј ќе ти се напрај хаос од влагата плочките се дебели и груби ја кубат косата ужас собериси пари и куписи убава преса ако несакаш да ја фрлиш косата од искуство ти кажувам пред неколку дена си ја набавив Severin пресата Германска марка поубаво нешто немам користено ја зедов 1500денари на намаление кој е за купвање да си ја побара нема да зажали косата е мазна како свила 15 мин ми се потребнида ја испеглам цела коса
Интересна понуда од Орифлеим, планирам да ја земам пресата (кликнете на линкот за целосната слика) http://macedonia.oriflame.com/2011/c16/aktivnost.jpg Еве и видео за тоа какви резултати дава http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=WfRWvz9wAcQ
Јас имам една црна од Орифлејм купено пред некоја година и беше ужас, најтрагично е што ниту еднаш не успеав да се испеглам со неа. Многу споро се заграваше, и требаа едно 20 минути сигурно, а после ниту пеглаше ниту виткаше. Џабе ги фрлив парите. Оваа незнам каква е, можеби е и подобра, но за тие пари можеш да си купиш некоја квалитетна од позната марка, а не од Орифлејм.
Немојте од Орифлејм, јас имам една и не знам зашто уште ја имам кога е само еднаш користена. Едвај исправува, а и тоа што ќе го исправи е како метла, плус на изгорено мириса Единствена разлика е што мојата е црна.
Мислам дека погрешно си сфатила. Цената на пеглата без исполнет услов е 2400 денари , а со исполнет услов е 239 денари, така да навистина се исплати да се купи. Ако ја купам ќе ви пишам дали сум задоволна.
Мене како ми се погоди, 7-ма година по ред користам иста преса, ја купив 500 денари од Зелен Пазар. пегла и витка беспрекорно, за ништо не би ја менувала.