jas koristam remington presa za kosa i sum prezadovolna..plus i ne mi ja ostetuva tolku kosata kako drugite presi..http://www.remingtonproducts.com/womens ... -Iron.aspx
Jас користам преса за коса на позната марка филипс и сум презадоволна, меѓутоа скапа е ја зедов 4200 ден. еве ваква е....
А дали знаете каде може да најдам преса ама не за исправање на косата туку за тостирање, како тост што ја прави?
Kаде што се продаваат пресите има и такви, кои освен керамичките плочки постои можност да бидат комбинирани и со такви плочки. Kога ќе купуваш преса кажи му на продавачот дека бараш и такви плочки. Oбично одат како додатоци на некои преси. побарај во нептун и космо сигурно има меѓутоа обавезно потенцирај пресата освен керамички да има и такви плочки и ќе ти најдат таква.
Пресава е преубава,претходно имав слична ваква од grunding и сега земав пак иста марка ,но не се покајав преубаво пегла и не е скапа 1500 ден .....
Jas koristam presa MOSER mini , mnogu se tenki plockite i e idealna za pravenje na lokni http://22maj.com.mk/aparati-za-licna-ne ... dit&id=564
Дома веќе имам споменато имаме Remington Спојлер ама таа не ми е за влечкање насекаде, срце не ми дава Па за патување и за во студентскиот си земав лично моја што нема да ми е жал и да и се случи нешто цената и е 8евра, има керамички плочки и оние додатоците за вафлички. Е сега нема регулатор на температура како Ремингтонот, ама разликата во цената е 40е.
Имам користено секакви преси за коса од најефтино до најскапо и можам да кажам од искуство дека цената не обезбедува и квалитет.Сепак задоволна сум од пресите на remington и сега пред некое време купив преса на Braun и можам да кажам дека е најдоброто што сум го користела до сега.
Ај ако може тој што има преса северин со керамички плочки и што е задоволен од неа за виткање на коса да ми го напише моделот (шифра). Косава ми е мека и тешко се обликува затоа сакам некој со сличен проблем што ја има а е задоволен, и каде ги има, во техномаркет сега барав на нет немаше.
јас ја имам оваа северин... до сега се покажа доста добро, ја имам скоро 1 ипол месец, сум пробала и да се виткам со неа супер е за 1700 денари... има од 125 степени па до 250 многу си ја сакам!
Дали некој знае дали се убави овие преси сакам да си купам па не знам дали убаво пеглаат а иначе 2 преси се од нептун,ај ако има некој што ги имаа користено и знае дали се добри нека ми кажи еве ја првата GRUNDING HS 3830 •Преса за коса •Керамички плочки •Температура до 220C •Јачина 50W •Брзо загревање 30sec •LCD температурен монитор еве ја втората PHILIPS HP 8310 /00 •преса за коса •керамички плочки •salonstraight active ion регенерација со јони за сјајна коса без статички електрицитет •температура до 210 степени •брзо загревање 30sec
Пегла за коса Remington Здраво би сакала да прашам дали знаете каде може да најдам пегла за коса ремингтон...инаку сум од струмица и гледав на веб страните на нептун и техно маркет немаат само rowenta i philips имаат.... исто така ме интересира за тие rowenta дали се добри??? поздрав благодарам однапред....
еве ја мојата пегла ја зедов пред 1 месец и задоволна сум од неа, убаво пегла и мота инаку и јас имам многу мека коса http://www.google.com/imgres?q=severin+ ... ,r:16,s:35
И јас ја имам истава преса од severin и сум пре задоволна. За виткање не знам каква е оти си ја виткам косата со витлери или фигаро. А иначе јас ја користам година и 7-8 месеци и ко нова е
Јас имам слична на вторава и супер е и многу убаво витка. И таа пелга за која зборува Анелија исто е убава ја има другарка ми па за која и да се одлучиш нема да згрешиш
Спојлер Rowenta SF 1021 F0 мислам дека се вика, од нептун ја зедовме, 2.500 заедно со фен. Косата ја прави свиленкаста, совршена е. Кога ќе се испеглам со лепотицава, си го бакнувам секое влакно на косата.