мојата преса е на СЕВЕРИН и навистина ми се погоди ми ја исправува косата и не се витка до следното миење сама се пеглам а имам долга коса и стварно ми се свиѓа никогаш не би отишла на фризер за да ме пеглаат ми се свиѓа вака
и не кажав дека мојата коса не може со било каква пегла да се испегла тешко се пегла со други пегли ама оваа ми се погоди
често ја пеглам косата, марката е grundig... но имам проблем, штом се испеглам додека да стасам до другата страна од косата, претходната страна ми е прекршена повторно, а не пак да излезам надвор, може од тоа што се потам многу на вратот додека се пеглам не знам како да си помогнам веќе ај ве молам за помош
Јас мислам дека имам над 10 преси дома и од една не сум задоволна...Со керамички или без, не можам да си најдам убава преса...
Јас ретко користам преса за коса, можам да кажам, дури и дека многу ретко сакам да ја сиправам косата, посебно не во овие летни горештини. Кога сакам да ја виткам косата и тоа за посебни пригоди како свадба некое спешл зилегување инаку не косристам, косата ми е кадрава, и доволно е само да ја измијам, да и ставам капки, пејна за коса и да ме фати ветер, веке имам фризура и не се грижам позз
Имам ваква преса, веќе долго сигурно 3-4 години... Ја купив доста скапо околу 4 и нешто илјади, но вредеа парите. Не со мали плочки туку поголеми односно пошироки, а иста должина. Косата која што е како грмушка дива и неправилна ми ја исправува одлично, дури и на 180 степени (има до 205).
Ти што си го поставила постот што ти рекол фризерот дека пресата му е од Турција, да не се шишаш у Каан, знам фризерот е Турчин.
Колку е оваа, отприлика ? Спојлер П.С. Може да се витка косата со пресава? Чудна ми е некако, затоа прашувам.
^ Другарка моја има ваква. 1800 во Техно Маркет мислам дека ја земала, колку што се сеќавам. За виткање не сум сигурна, види колку см е широка, па ќе знаеш
Од Vicko ја земав 1000 денари со керамички плочки.Секогаш после миење.Пред 3 месеци ја купив и задоволна сум.Имав една на гама 4200 денари.Ја дадов на братучетка ми мислев дека нема да ми запотреба ама не испадна така
еве баш оваа е на акција во нептун 1599 денари,за цената е повеке од добра! ааа да и има 2 години гаранција!
И јас ѝ го имам меракот на пресава, ама искрено - се мислам дали да инвестирам во добра пегла или да додадам уште некој денар и да си купам фен со додаток за исправување на косата. Фен секако ќе ми треба, а пресата ми е повеќе за да ја виткам косата. Многу ми се допаѓаат таквите локни. Мислам дека ќе земам фен, ама ако се премислам за пресата ќе пишам. Ама се сомневам, изгледа ќе си ја користам старата што си ја имам додека не дотрае.