Јас денеска си купив пегла за коса на Philips,мислам дека има гаранција и е околу 2000 денари.Може некој да ми каже ако има користено на Philips,да не е штетна или нешто слично?
Ја нема До душа,ја има на алибаба експрес, ама минимум 1000 парчиња ако порачаш http://www.alibaba.com/showroom/infrare ... -iron.html (со тоа што поим неам што марки се и сигурно се некоја кинеска направија) и еве тука https://hair.us.com/index.php/care-infr ... -iron.html А башка што за овие пегли ти требаат и третмани кои се употребуваат заедно со нив ко на пример течен кератин...а не само да ја поминуваш косата како со класичните пегли. А и најсупешно е ако не употребуваш агресивни шампони, средства за стилизирање и солена вода и сонце... Така што.. не ти се исплати пеглава, освен ако немаш салон,па да си го исплатиш влогов.
Вакво двоумење, троумење ли како и да е не сум имала кој знае од кога Бев денеска во Нептун се вртев, разгледував, прашував и пак на крај не се одлучив која да ја земам. Страшно многу се двоумам меѓу оваа на Philips http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=196481 И овие две на Grunding ма да повеќе сум за белата http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=197453 http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=197115 Овие на Grunding ми се допаѓаат тоа што имаат регулација на температурата а и многу убаво изгледаат со тие кристалчињата А, оваа на Philiphs ми се допаѓа тоа што е со јони и има директна замена во случај ако се расипе, ама па многу смотано ми изгледа, ме потсеќа на оваа неспособнава што ја имам дома па мислам ради тоа ме одвраќа да ја купам А, гледам доста е фалена Помош?
И јас се мислев за првата, ама кога отидов во нептун ме предомисли продавачката. Ми покажа друга од Филипс која е иста како таа, со јони но плус со регулација на температура. Па се одлучив за таа, и супер е покажа. Оваа е Едит : многу е тесна напред па може да се прават убави локни.
А мене што ми се погоди па една денес, ја прашувам меѓу овие три да ми каже која е подобра, нешто повеќе од она што го знам, таа ми вика секој си зима каква сака и според цената што му одговара е фала ти баш ми помогна Оваа твојава скапичка ми е малце, немам толку да дадам моментално Леле стварно не знам каква да земам а итно ми треба, се сликаме за апсолвентско табло и сакам да си ја направам убаво косата
тогаш земи си ја првата, сепак има регулатор на пониска повисока температура, и имам лично прашувано другарки што ја користат и била многу убава, јас искрено и малку се каам што ја земав оваа, во прв план ми беше таа ама , ме предомисли кокошката во нептун. Сепак, не се жалам, нема да згрешиш. Сепак јоните имаат значење, не се разлетува косата, и посјајна е.
Пред некој ден ја земав од Grunding розевата, луѓе јас од Германија имам купено 5 пегли за коса, ама вакво чудо од пегла досега немав сретнато. Имам кадрава коса, без претходно фенирање косата ми ја исправува со едно-две поминувања. Препорачувам 100%!
А ти планираш да си ја носиш неа на излегување или да си ја средуваш косата за излегување со неа? За марките нема да коментирам. Ова од технички аспект. Веќе кога имаш додатоци за менување доколку се случи некоја штета, нема да е лоша таа опција со што излегува дека имаш две преси. Иако веќе кога постои таква можност, не постои гаранција дека не може да се расипат и тие додатоци. Од друга страна е со јони, што е подобра опција. Другава нема додатоци, а регулаторот на топлина не е поребен претпоставувајќи дека секако нема да ја користиш со помала температура. И провери колкав период им трае гаранцијата, доколку воопшто имаат
Истово и дечко ми ми вика, ти ќе ја шеташ ли со тебе наоколу ама ете таква сум сакам да ми е убаво се, иначе имаат гаранција 1 година Ќе видам до понеделник што ќе одлучам . Фала на сите
Вчера отидов решена да земам една од пресите на Grunding, ама продавачката ме премисли кога ми кажа дека пеглите на Philips имаат 30 дневен тест период и доколку не сум задоволна може да ја вратам и парите ќе ми бидат вратени, и ја земав таа на Philips и не сум баш задоволна За пеглање дека пегла убаво навистина пегла, со едно-две поминувања имам права коса, и навистина јоните и даваат некоја мекост и сјај ама џабе ми е тоа кога за некои си два саати ми се прекрши и така остана се додека си легнав А, сабајлево кога станав беше многу повеќе прекршена, значи не извиткана туку прекршена Ќе и дадам уште една шанса денеска, ќе ја измијам косата па потоа ќе ја испеглам да видам како ќе се справи со ептен виткана коса, ама најверојатно утре ќе ја вратам и ќе земам некоја на Grunding И сакам да ве прашам нормално е после спиење косата да се извитка или ако е добра пеглата би требало да држи барем два дена ако не повеќе?
Нормално е. Зависи од тоа каква е косата во поглед на цврстина, колку, на кој начин и со што е третирана, колку е виткана... А и како спиеш Нормално е да се извитка барем малку. Ако не се извитка воопшто значи дека пеглата испушта преголема топлина и повеќе го оштетува влакното. Друго е кога е во прашање виткање на коса, а друг случај е кога се пегла.
Јас мислам дека ако не сакаме да испушта пареа подобро и да не се пегламе. Па фала богу затоа и купуваме од поскапите пегли баш за да стои повеќе денови, ако е за неиспуштање пареа подобро да не се арчат пари на скапи пегли. Веќе кажав кој ќе ја купи темнорозевата со циркони на Грундинг нема да зажали, испушта пареа и косата не трепнува.
Анастасијаки, јас имам таква преса за коса како првиот линк што ти е постиран, на Филипс, и е без програмерче, туку е со стандарт јачина. Ја земав пред 2 години може, поскапо од сегашнава цена и да не ја урочам ама е одлична. Косата ми останува права и после спиење, и баш ме чудиш со коментаров... Навистина е одлична преса, за брзо време го исправува праменот, само мене не ми се допаѓа што нели има јони и слично, ама како мирис на горење чуствувам додека се пеглам Затоа не ја користам често, 2-3 пати неделно (после миење коса) во комбинација со фенирање и имам фризура 7 дена. Значи за исправување, немам коментар, одлична е.