Јас имам Панасоник со керамички плочи .. Едноставно НАЈДОБРА Е ! Сите мои другарки, братучедки ја употребуваат и сеуште е жива
а каде поточно во рамстор??? во маркетот?? баш сакав и фигаро и преса да се подновам, па понудава добро ќе ми дојде
јас сега баш сум во потрага по керамичка пегла за коса, па ако некој знае каде да најдам квалитетна и ефтина би била благодарна да ми каже фала однапред
Јас имам четири и пол години преса за коса од rowenta со регулатор за температура(до +200) со црни керамички плочки и дел за заклучување на пресата, а ја купив од Америка за 145 долари. Ама сега нешто почна да ме зеза, не ми работи баш најдобро, па планирам да купам нова, па ако знае некој каде има квалитени преси низ Скопје нека каже, нормално и цената да биде пристојна, бидејќи за оваа што ја имам платив премногу, но барем беше квалитетна. Инаку еве ваква е мојата преса
Од вчера имам преса Rowenta Attitude, и тоа подарок од дечко ми со нано керамички плочки и со регулатор на температура 1120-210 степени. Сакам да користам и некој препарат за заштита на косата пред пеглање. Претходно користев еден што е за заштита од сонце ама не е тоа тоа. Па ако користите некој таков производ споделете искуства
Веќе година може и повеќе ја користам пеглата од Hair Majesty - Diamond.. Ја пеглам косата секој ден, а понекогаш се случува и по неколку пати во денот и за чудо не ми е воопшто оштетена.. Со керамички плочки е и регулатор на температура ( до 220 степени ).. Ја има скоро сегде аа да и е 2000 денари.. али ќе ти се исплати
имаш и во Авон и во Орифлејм, јас мометално од Орифлејм ги користам. Исти се , ама баш исти , и во квалитетот и цената, така да кои и да ги земеш нема да згрешиш.
Најубави преси за пеглање на косата се од Га-Ма ама тие единствено можете преку вашиот фризер да ги порачате.Ептен убаво ја исправаат косата и убаво може да витка дека е танка пресата.Скоро сите фризери ги користат тие.
Веќе 7-8 години секојдневно!!! користам преса. Купена ми е во Бугарија и не е никаква посебна марка. Ама прави чуда!!!
Leleeee i jas mnogu ja peglam kosata ama decki iskreno ako pravime muabet i od zlato da e peglata pak ja gori kosata, dobro normalno ima razlika megu pegla od 200 den i od 1000 den ali kako i da e ja u posledno vreme pocnav da izbegnuvam pegla kolku so mozam (znaci se peglam 2-3 pati nedelno) a se peglav sekoj den, a inace imam pegla Ga-Ma i definitivno e najdobra
Само да се надоврзам на Iva-Mici: јас порано се пеглав после секое бањање, значи 2-3 пати неделно. Некогаш и секој ден ако сум имала бурни кошмари во текот на ноќта па кога сум станата косата ми била лом. Недела дена пред да тргнам на одмор и во текот на 20 дневниот одмор воопшто не ја употребував. Значи комплетно заборавив на пеглата за еден месец. Сега откако ќе ја измијам не ни чувствувам толку голема потреба да ја пеглам косата. Запеглувам по некое немирно праменче, ама тоа е се. Поентата ми е - не ја правете косата зависник од пресата, затоа што колку повеќе ја пеглате, толку влакното бара пеглање. Барем сега во летниот период имате можност после миење да ја врзете во репче, да направите плетенка, пунџа и еден куп други фризури за кое не е потреба пегла од 200 степени (па на таа температура дома торти и кифли печам)
точно , треба што поретко да се одбегнува пеглање, особено сега во лето , кога додатно се оштетува косата од сонцето. И јас порано кога имав дооолга коса речиси секој ден ја пеглав. Од кога ја скратив се поретко и поретко. Ако до толку сакате косата да е права, одвојте 15-тина минути и фенирајте ја. Така добива на тежина и сјај. Инаку јас сеуште не си купив нова преса за коса, а старата ми цркна...
na frizerite peglite najchesto im se od grcija a oni se falat deka im se od koj znae kade...istite pegli gi ima vo grcija i se mn poeftini od peglite kaj nas so se prodavaat vo prodavnicite
И јас го имав истиот проблем , зашто мене косата ми е многу цврста и нескротлива Но се распрашав и купив многу квалитетна преса со ќерамички плочки и ми се исправа се неа
Мојата е ваква и јас сум презадоволна од неа. Ја земав на саемот за мебел, тогаш имаше попуст и беше 2000 денари, инаку е околу 2500 ден. како и да е, земи си нешто поквалитетно, не се исплаќа да си ја гориш косата со неквалитетни пегли, а башка одма се расипуваат (барем јас такво искуство имам)
Девојки во српскиот JOY имаше реклама за една пегла која истовремено ти ја суши и исправува косата. Значи не треба прво да се суши па да се пегла. Не знам која марка беше, ама ме интересира дали некоја од вас ја има видено или прочитано за неа?