која преса би ја препорачале до 2000 некоја? или па филипс, да додадам уште некое петстотче, вреди ли?
јас ја имам оваја до 210 степени е и можам да кажам само пофални зборови косата ми стои права до следното миење...
Ја имам оваа уште од пред неколку години и морам да ја пофалам предобра е . Косата е права се додека не ја измијам Има до 215 степени ама за права коса е феноменална
вчера вечер си ја испеглав косата со филипсот со јони, и одма после тоа се потпрев на перница... по пола саат-саат станав и косата на краевите ми беше како прекршена... ама сабајлето па ми беше права (и онака имам права али па ја пеглам чатпат). е сеа прашањето ми е дали е до пеглата или влакното или што? џабе ли ја горам косата...
Па има пегли што даваат сјај на влакното т.е тоа е мислам до плочките а за прекршување секако ќе ти се прекрши,а ти имаш права и сакаш само за сјај? Можеш само така површно да се испеглаш горните прамени и да ставиш силиконски капки.
Денес си ја земав филипсот со јони,па ајде со здравје да си ја користам утре вечер ќе ја пробам па ќе пишам мислење
После првото користење морам да кажам дека од пеглава сум ПРЕЗАДОВОЛНА! После пеглањето косата ми беше сјајна,мека и што е најбитно не ми беше наелектризирана,а тоа порано ми беше најголем проблем.Значи исто како да сум искочила од фризер.Јас иначе имам виткана коса и порано стално кога ќе ја испеглав после неколку саати ми се виткаше,ама сега не е така.Кога бев прееска искочена ми заврна и очекував косата веднаш да ми се навитка но си остана скроз права Исто така морам да кажам дека мене косава ми е бајаги оштетена ама после пеглањето метилот не доаѓаше толку до израз.Се на се,преубава пегла
Пресата за коса ми е стара некаде 3 години. Сестра ми ја доби за матура. Марката и е Дајмонд. Мислам чинеше на времето околу 3000 денари, али супер сум задоволна. Ко што имам виткана коса одлична е. Не ми ја гори и скубе косата, а и плус и дава некаков сјај и нормално супер ја исправува. Се надевам дека барем уште летово ќе потрае. Емоционално се врзувам за такви ствари.
имав прекрасна кадрава коса и постојано ама секој ден по 2 ја пеглав и косата веќе ми е како исушен прас уфф аман лелеллл грозно
знаете ли каква е таа преса што ја прави косата брановидна. пратете ми слика да видам каква е и каде ноже да ја најдам