Женски да ве информирам дека во Нептун има акција од Филипс со купен депилатор од Филипс добивате 20% попуст на нивните пегли и фенови. Бев во потрага и по едното и по другото па така да понудава ми дојде ко кец на десетка. Со денови се изначитав искуства вклучувајќи ја и темава за сите можни пегли кај нас што се продаваат до 2000 денари. Ако на некој му биде од помош најфалени пегли до 2000 ден. беа овие: Спојлер philips hp 8333 Цена 1.995 ден. philips hp 8310 Цена 1.899 ден. rowenta sf 3012 Цена 1.599 ден. И белата, розевата и црната пегла со циркончињата на Grundig. Розевата 1699 ден. црната и белата 1895 ден. Од сите овие најдобра е првата philips hp 8333. Ја земав пресата на Philips hp 8344 која по редовна цена кошта 2799 ден, а со 20% попуст 2239 ден. Пресава има на едно место се она што го барав за разлика од горенаведените каде ако има едно па друго нема. Нема да се правам циција за 200 денари кога ми се укажува таква шанса и си ја зедов. Ќе видам допрва како ќе се покаже, дали ќе испадне толку феноменална како што ја фалат (за пеглава најдов само еден единствен негативен коментар сите останати беа презадоволни дека е навистина квалитетна пегла која исполнува се што ветува.) Philips hp 8344 • Керамички Silky Smooth плочки • Температура од 130°C - 230 °C • Јонизирарча технологија • исправување и виткање на косата • користење само на сува коса • Брзо загревање 30sec • LCD температурен монитор • Автоматско гаснење по 60min • копче за заклучување • димензиите на плочите се 25 х 95mm. • должина на кабелот е 1,8 метри. • ротирачки кабел • можност за закачување (кругчето на кабелот) • футрола • гаранција 2 години • при дефект замена за нова • редовна цена 2.799 ден, со 20% попуст 2239 ден.
Исто има намаление на грчкиот фри-шоп на гевгелиската граница, па на кој му е блиско или е пак на минвање може да види. Не гледав многу само заприметив дека пеглите на Филипс беа околу 30 евра , малку поефтина од кај нас. Инаку јас си ја земав оваа , од кај нас, за многу поволна цена, а ептен сум задоволна засега , бидејќи имам кадрава коса, а не ја фенирам пред пеглање. Со оваа лесно и брзо се исправува.
Дали знаевте дека од Лукоил има наградна игра? Со 5 купончиња се добива производ за пола цена од основната цена на производот. Имаше и преса Ремингтон мислам дека е како оваа во мислењето погоре. Па ако има некој земено да кажи мислење, препорака?
Ама едно купонче се добива за сметка над 2500 денари а и играта трае до крајот на септември а почната е уште многу одамна
Јас ја имам оваа веќе 5-6 месеци и сум ептен задоволна, загрева до 220 степени и пегла убаво а и стои доста долго фризурата. ( јас имам ептен виткана коса )
Знам дека е од одамна ама сега ми текна да побарам мислење Јас имам две такви пополнети односно 10 купони вкупно па се мислев дали вреди пресата да ја земам за 900 ден мислам дека беше на пола цена од 1800.
Вреди! Мојата е од Лукоил, ја земав пред месец дена , може е и повеќе. Јас имам ептен виткана коса и густа, а не ја фенирам пред пеглање, само обично ја сушам со фен, потоа ја пеглам. За половин час сум готова со оваа пегла.Инаку да 900 денари е.
Имам дома Ровента Елит воошто не ја употребувам, а еве погоре прочитав дека има задоволни форумџики..Работам во фриз.коз. студио и имаме професионална пегла на неа пишува Gama Italy чини околу 4-5.000 ама косата стои права ко пушка до следно миење.. поздрав
Знам дека темава е за преса..но не можам да најдам соодветна тема па рашив тука да ве прашам..дали некој знае како се движат цените на фигаро и каде имаа ? Благодарам однапред
Веке 2 год користам преса на ГАМА и сум преезадоволна. Пресава е сон. Одлична е за оние на кои како мене тешко им се исправува косата.