Ја пробав пеглава за коса и сум презадоволна , многу убаво ја пегла косата и убав сјај ми дава сега уште да научам да ја виткам ама изгледа косава мала ми е за виткање со пегла. Инаку имам прашање по пеглање се користи некој спреј за коса или
По долго време барање преса гама, најдов на фб еден профил за фризерска и козметичка опрема од Струмица и таму ја има за 4200 ден, праќаат преку карго и има 1 година гаранција...се надевам дека се ќе биди во ред и ќе ја добијам за брзо
Moментално ја имам оваа од Филипс. Со јонизатор и подесувач на топлина. Презадоволна сум! Имам многу густа коса, во еден потез ми ја исправа!
Си земав пегла на филипс со керамички плочки и немам никакви замерки навистина пегличево е чиста десетка. Инаку загрева за 30 секунди до 230 степени , а нема никаде за регулирање на температурата па сакам да прашам дали може да се пеглам со таа топлина бидејки нема избор сама си загрева до толку а неможам да ја намалам ? Или треба на неколку минути да ја исклучувам да олади и пак да ја вклучам ? Блаагодарам
Јас имам ваква. Брат ми ми ја донесе од Германија. Убава преса, се регулира температурата, брзо загрева и ептен добро ја исправува косата, иако ми е густа, а и долго време стои права, не се веднаш прекршува.
Оваа не беше од Topshop? Или некој слична ... Колку што се сеќавам на Topshop ваква иста иамше. Лесна ли е за користење и ? И колкава е цената ?
Девојки, како сте задоволни од оние мини-пресите за коса? Мислам скоро видов некаде низ Џамбо или каде и да беше, секако немам намера да купам баш од Џамбо, но не знаев дека можат да се најдат. Јас и онака пеглам само шишки, па ваква „џебна“ преса за патување и разнесување натаму-наваму би ми била идеална. Како им се движат цените, какви перофрманси имаат и дали ги има и низ продавниците за бела техника? Патем, ако некоја веќе има таква, нека повели да ми каже како е задоволна.
Девојки има ли некој користено преса на пара? Колку ја оштетува косата? Бидејки е на пара претпоставувам дека не би требало да ја оштетува многу, тоа ми е битно, бидејки имам обична преса, но не ја користам ми ја оштетува косата и практикувам фенирање, па би сакала да ја пробам оваа на пара.
Јас имам една преса купена од Лидл, за 20 евра, многу е добра со регулатор на т итн ама мојава коса и така ми беше мн оштетена од бланшот што го ставав и ова уште толку ми ја дооштети , многу ми се рацвета ми фати метил и решив веќемсамо за посебни прилики да се пеглам
Мојата преса за коса е од Вицко, ја имам од прва година средно, значи 10години до сега и со оглед на фактот колку ја имам користено и ако ништо друго колку ја имам траскано по куфери, можам да кажам дека сум презадоволна и од квалитет и од се. Моментално не ја користам толку често, но сепак пресата сеуште функционира како нова, едноставно немам зборови.
Дали некој го има овој сет, Ровента преса и фен...? Сакам да го купам бидејќи и двете ми требаат,а вака заедно се многу ефтини...Посебно за пресата ме интересира дали ја исправува добро косата?
Јас имам ремингтон с2000 , ја имам веќе 5 години и сум премногу задоволна. Ја користам често и за исправување и за виткање. Секако дека косата се оштетува малку, иако користам заштита против топлина, но убаво ми ја исправува.
Пеглата за коса ми е од пред една година, но забележав дека едната плочка се мрда малце, прашањето ми е дали е можно целата да падне ? :geek: