каде можам да најдам преси од филипс денес секаде барав и немаше и ако сакате да ми кажите која цена се ??
Ги купив...Од Техномаркет за 3100 ден двете во сет...И презадоволна сум,штом мојата коса ја исправаат значи секоја друга може...Иначе до 15 јануари беа со 20% попуст ама јас не го искористив...
Јас користам Adler преса со керамички плочи,и задоволна сум.Нит ја гори косава,нит знае да ме зезне.Секогаш подолготрајно ( е сега кога ми е мирсна косата не) трае и косата ја мазни убаво.Задоволна сум!
Јас му купив на дечко ми (тој редовно ја пегла косата) и е многу задоволен И јас сум Еднаш ја имав заборавено мојата преса па се премачив да се пеглам со неговото мини, ама зошто ми е долга косата тоа, иначе супер загрева и ја прави косата Ми се чини дека е подобра и од големите Јас ја купив во продавница за бела техника, дали беше 10 или 15 евра беше, не сум сигурна ама вреди за секој цент.
Ја имам веќе пола година, можеби и повеќе и ептен сум задоволна. Косата ми е долга и тешка за исправување, но доволно е да поминам еднаш или два пати по должнина и дополнително уште еднаш - два пати кај краевите и готово, права е. Стои таква додека не ја измијам. Што е ептен важно, не ја гори косата. После пеглање е уште подобра, посјајна. Само пофални зборови за пресава. Моделот не го знам точно, ако некоја од вас ја интересира, пишете ми лп и ќе ја побарам кутијата.
Дедо ми е на т мобиле и со секоја платена сметка добива поени и може да си избере подарок....И го замолив да ми ја земе rowenta elite и морам да кажам дека сум навистина презадоволна,не е баш нешто скапа ама супер е и претходно ми ја пофалија
девојки ми треба итен одговор доколку некоја има користено или познава некој кој има користено преса на марката NEO?? знам дека е кинеска не слушам некој позитивни искуства се мислам дали да ја купам оди во сет со фигаро т.е 2 различни фигара како додатоци, не ми е за пеглање него за виткање имам преса на ремингтон
и јас исто ја пеглам и ја виткам косата со кинеска преса ама многу ретко,затоа што ич не се квалитетни ама ако веке си решила купи си и силиконски капки за да не си ја уништиш
http://www.conrad.com/medias/global/ce/ ... S_1000.jpg да не ја има некој пеглава и како е задоволна ? ке ја купувам сега па сакам да слушнам и вие што мислите дали е добра и дали добро ја исправува косата бидејќи мене ми е прилично виткана ,имам локни
И Браун имаат вакви модели,со широки керамички плочи.Јас ја имам и сум презадоволна.Исто е германска фирма,како и Филипс.
јас можам да пробам да ти ја порачам ама скапи се околу 7000 некае колку што знам само од дистрибутери
Девојки, прочитав дека имало некои нови пегли со титаниумски плочки, ако користи некоја од вас таква нека сподели искуство
Сестрами си зема преса Гама од кај нејзината фризерка ма не беше толку скапа околу 5000 мислам дека ја зема
Јас!! Ооо преубави се..одма ја прават косата..лесно и брзо..и плус тоа одма се загреваат а стојат топли за долго време така да не треба да стои цело време во штеќер..Многу се убави
Jас мојата си ја имам од 2005 за именден ми ја дадоа.Ама барам нова и ако можи да се менуваат плочните..Некој да препорача такава преса?