Мислам дека е негде од прилика 1800 денари, али е супер преса, немам никакви забелешки а ја користам 5 години
Дали некаде се менуваат плочките на пресиве? Имам Филипс, стара добри 6-7 години, одлично функционира, ама плочките се доста излитени. Еве ваква е:
Од секогаш пеглањето за мојата коса беше невозможна мисија , имам испробано мноогу преси за коса, но ова последнава за ништо не ја менувам си ја врши мноогу добро работата, зборувам за пресата на rowenta Elite optiliss 230. Ја зедов пред некој месец, 1500 денари
Remington имам јас..мнооогу сум задоволна,веке долго време ја користам,не ми ја оштетува многу косата,со керамички плочки е,се подесвит температурата од 150 до 240 мислам.. Ви ја препорачувам
Девојки препорачајте некоја добра преса. Имам многу виткана коса така да секоја не ми врши работа. Старата ми беше онака просечна ама и таа се расипа
Јас ја имам Rowenta Ellite (има слика погоре во темата) јас користам околу 2 години и многу сум задоволна од неа многу убаво ми ја пегла косата, има керамички плочки и не ја гори многу косата ја користам и за виткање и многу убави локни ми прави, топло ти ја препорачувам
Каде да си купам?... Па и на попуст плус во нептун имаше скоро попуст можеби уште има или провери во сетек ке најдеш мислам под 1000 денари
Кажете ми каков спреј користите за коса,нели за зашита од пеглањево да не се расцветува , и како се користи , пред пеглањето или?
Јас користам од L'oreal, се вика Studio Silk&Gloss Hot Straight Cream. Го нанесувам пред пеглање, по малку на секој прамен пред да го поминам со пресата. Имам приметено мала промена - после пеглањето краевите се помеки и не се толку остри на допир.
http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=196751 Некој да не ја има оваа? Сакам да ја земам. •Преса за коса •Тенки црни керамички плочки •Термостат со 11 позиции •Температура до 230 степени •Автоматско исклучување за 60min •Систем за заклучување •Брзо загревање Што мислите?
Јас ја имам може 2 години, за пеглава од мене има чиста 10+ , многу добро ми ја исправува косата а и добро ми ја витка
Девојки , на колку степени ја исправувате косата?Пред некое време купив пегла од Boch скоро 3000 денари ја земав , има копче за кератин , ама само 200 степени има .Немам некоја си виткана коса , права ми е , ама па зошто да има 200 степени , а изгор ја платив.Ваше мислење? :/