Единствената преса покрај многуте што сум ги користела е тенката керамичка, од Вицко - црна е по боја, но мислам дека нема некое посебно име. Барав пред некој ден иста таква за подарок, но не најдов... зедов од новата, исто керамичка - но за разлика од оваа што ја имам, оваа е со плоснат облик и со црвен декор. Но едно знам - мојата не би ја менувала за ништо на светов, бидејќи е двонаменска: перфектно исправува, но обликот овозможува да се формираат крупни локни (по потреба, нормално ) Како и да е, ако успееш да најдеш таква, знај дека си го направила вистинскиот избор
Знае некој кое е најквалитетно фигаро?Многу сакам да си земам она што е со повеќе намени ,какви се нема на пр во Тинекс изборот е огромен ,што би ми препорачале да е квалитетно сакам и повеќе наменско?позз
Ауууу, одма ја купувам! Цел саат одвојувам време после бањање само за средување на косата. Вака нема да има потреба прво да ја сушам, па да ја фенирам, па да ја пеглам, тинтири минтири. Само подобро да се информирам околу цена, квалитет и се остано, а ако некоја од вас ја има купено - нека сподели со нас импресии
ја најдов!!! може и на мокра и на сува коса да се употребува!! се вика: Remington Wet 2 Straight и како што видов на страната чини околу 30 долари. којзнае дали ја има кај нас....
јас си купив нова преса за коса филипс со керамички плочки 30 евра и многу убаво ја пегла косата, едвај чекам утре пак да се испеглам
Знае ли некој каде во македонија може да најдам фигаро дебело, значи поголемо од стандардното за крупни локни. Видел ли некој,негде?? Вакво нешто... http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... x=60&ty=36
Е фалаа, ај стварно ако видиш пиши ми те молам, и ако не ти е тешко види која марка е ,и дали е керамичка, и цена нормално. Леле ќе те измалтретирам,извини
гламур ако сеуште си немаш купено преса за коса истата ја видов на фри шопот беше 37 евра баш ја гледав и сакав да ја купам ама друга земав на филипс ама и оваа е океј ми се погоди
Купив од керфур некоја со керамички плочки и со степени...керамичките се подобри поубаво ја исправуваат
a oд која преса нема да ми се гори косата?со какви плочки? пошто слушнав како имало и такви од кои не се горела косата..
Од онаа со керамички плочки нема толку да ти се гори косата.Сакам да кажам дека помалку ќе ти се гори,не дека ич нема да гори.Јас имам супер преса,тато ми ја купи од Белгија за само 20 и нешто евра.Утре ќе видам што марка е па ќе ти пишам,сега не можам да се сетам.
izgleda samo jas ne koristam pegla za kosa no nekogas i jas sakam da se ispeglam no mie strav da ne si ja unistam kosata sakam da kupam edna taka nekogas da se ispeglam gledav vo tehno market takvi nekoi tenki mislam ROWENTA ako ne se lazam ama bataliv koa ne se razbiram koja e dobra ovde citam nekoja kupila so zastita so joni so neznam sto pa ajde devojki bidete fer kazete kakvi se tie pegli da se pocastam i jas so edna
Koristam presa za kosa na Vicko so keramicki ploci i mnogu sum zadovolna. Osven sto ja pegla kostata, mozes i da ja navitkas so presata zasto mnogu e tenka i se zagreva, taka da mi sluzi i kako figaro. Ova go otkriv otkako plativ 800den za vitkanje na kostata kaj mojata frizerka i koga vidov me vitka so ista presa ko mojata. I taka I plus toa poubavo se vitka otkolku so figaro zasto dava forma na nepravilni lokni
Definitivno najdobri presi se onie shto se koristat vo frizerskite saloni . Jas kupiv od eden frizer ,nemashe na lager tuku mi ja porachaa od nivniot distributer . Presata e marka " GAMA" i e edna od vodechkite marki . Koj nemoze da si najde dobra presa po prodavnicite neka se obide na ovoj nachin .
Јок бре, каква преса Ова мое чудо на глава не се исправува ни со обична пегла за алишта. Ете тие форумџики што ме имаат видено на слика се сведок, како малтешка пудлица сум во главата
Нема врска.Напротив,прекрасна ти е косата. Мојата е слична како твојата само што не е толку долга..И јас не ја пеглам..Кога ќе ја испеглам,како да не сум јас...
Девојки дали некоја од бас знае да ми каже...имам пегла Ровента и одлична е,само има една копце и на него пишува IONIC.Кога ке го уклучишкако да крцка несто внатре.Дали е се тоа јони кои ја заштитуваат косата и и даваат сјај или за нешто друго се работи?!