На GRUNDIG пеглите се најдобри, најефикасни, јас имам таква веќе 4 години и сите ми велат леле мн е убава прв пат вака добро да ми се исправи косата, ги препорачувам на грундиг
Ја имам ама исто како да ја немам оти ептен ретко ја користам. Косата ми е многу чуствителна и врвовите ми пукаат, косата ми паѓа и затоа не ја пеглам оти недај боже без коса ќе останам некој ден.
јас имам од Gама. супер задоволна сум. а како шо ја гледав фризерката, има сега преса од Фonex, И оваа е добра, само што fonex е 100 пати подобра оти може добри локни да се вадат.
Јас имам Rowente. Ја имам скоро година ипол, а може и повеќе. Супер е, до сега сум задоволна како пегла...од 130-230 степени може да достигне =)
https://www.galaxus.ch/img/t-1-64-6F32F ... htener.png Најдобра е, ја користам цела година и стварно сум задоволна, по мене и многу другарки земаа иста, ми ја испофалија
Девојки сакам да ве прашам за мислење од искуство ваше или на некој ваш познаник за пресата за коса ADLER AD 261. Ја пеглам косата максимум 3-5 пати годишно и стварно не ми се фрлаат многу пари за преса. Сакам да има керамички плочки и регулатор за температура затоа што најчесто користам 140 степени. Оваа што ја гледам во Нептун е супер според описот, а и цената и е одлична, па пред да ја купам нема лошо да дојде и некое мислење од страна. За оваа станува збор •Бели керамички плочи; •Моќност: 45W; •Брзо загревање; •Прилагодување на температурата: 80 - 230 ˚C; •Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ ИСКЛУЧУВАЊЕ; •Индикатопрна светилка; •Вртлив кабел, •Модерен ергономичен дизајн
Користам Грундиг преса за коса и не сум многу задоволна. Ја користам некаде 2 и пол години, 1600 денари за платив али не пегла убаво,ја кубе косата и не се прават локни бидејки е коцкеста. Оваа е. Нека помини одреден период па ќе земам нова, во план ми се Филипс или Ровента.
Ја имам на Северин, ја зедов 1899 денари заедно со уште три преси за коса и 2 додатоци. За овие станува збор:
Ја немам користено оваа преса, но ми се допаѓа тоа што го читам во карактеристиките. Така да, ако си одделила пари, земи ја и немој да се мислиш. Разгледај дали има некои искуства на интернет, јас за мојата така се одлучив, од неколку прочитани рецензии кои случајно ги најдов.
имам филипс керамичка пегла и кога се пеглав пред некој ден видов дека на тоа плочката останале некакви кафеави траги како мокра коса да сум пеглала и да се залепило па со што би можела да го истругам а да не ја оштетам
Јас имам оваа пегла за коса и сум презадоволна. Ја купив пред неколку години во Нептун и се мислев за фирмава. Не беше баш и многу ефтина и чинеше 3800 денари. Сакав од Филипс, но продавчката ми ја посочи неа како една од подобрите. Не зажалив што ја купив и баш е квалитетна.
Пробај со Cif да ги поминеш плочките, мислам дека ќе излезе нечистото. Јас мојата ја чистев со ова средство пред некое време, се исчисти без проблем.
Еве ја мојата Филипс преса со јонизатор, ја земав пред неполна година од Нептун, не ја купив на слепо затоа што веке ја имав испробано и беше единствена пегла дотогаш што ми ја скротува косата, патем одлична е за виткање. 5/5
^^ Другарка ми викаше дека немало врска за пресиве со керамички плочки сепак ја оштетувале косава, сега ме стави во мисла дали да набавам.. Ваше искуство?
Ако имаш потреба од преса, набави си.Секој има свое искуство кое е пожелно да се слушне, ама сопствената информираност е најпресудна. Не е проблемот во сигурноста на керамичките плочки, туку во употребата на соодветен спреј, крем или лосион за заштита на косата од топлина, висината на температурата,сува коса и честотата на употреба на пресата.Се што се користи несоодветно може да биде штетно.
Ја сум некоја од среќничките што има идеално права коса и сите ме прашуваат дали ја пеглам а ја гордо им кажувам НЕ ! туку сакам да си купам пегла за да ми дава и некој сјај и да е уште поубава