Predhodno koristev na Philips no posle 4 god koristenje mi se rasipa..dusata i ja izvadov.Sega koristam na Rowenta sf ja dobiv na poklon od sestra mi i sum prezadovolna .
Ја користам веќе 2 години и сум многу задоволна пред некој ден видов дека ја има и во Нептун цената и е 5.499 денари
Сакам од нептун да земам.. Grunding/ philips /rowenta ? Која, е подобра? На што треба да внимавам при изборот,освен на цената . сакам да пегла и за локни да ми служии
како да ја најдам,ја има во нептун? Колку ја зедовте? фала. https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=31_138_140&product_id=193772 1200 денари е или ко што пишува 36 месеца по 1200?
Да од Нептун ја купив јас. Лани, ова време, со иста цена беше, 1119 ден. И уште ја користам и сум задовлона од неа, како што напоменав и погоре. Не, вкупната цена е 1119 ден. со ДДВ. А оваа сума може да се плати и на 36 рати. Барем така пишува на страната, иако 1200 ден. да се отплаќаат на 36 рати, нема смисла. Ама пак се е можно. Можеш да ја земеш, јас ја препорачувам. А има членки кои исто така дале добри критики за пеглава.
Ај на здравје. Ми се јави мајка ми да ми соопшти дека непоправливо ми ја скршила пеглата за коса. Секако следеше урлање пет минути како сум ја оставила доле и позади врата... нејсе. Предлози за пегла до 2000 денари? Не ја употребувам многу и често, запеглувам само по потреба некое непослушно перче, а многу ретко целата, почесто виткам коса со неа, но и тоа е исто така ретко. Битно е да е керамичка, со подесување на температура, па по можност со јонизатор.
Бидна оваа. 1000ка повеќе од што планирав...ама немаше поевтини со јонизатор. Утре ќе ја пробам. Оваа како што пука до 230 степени, а јас немам трпение многу да ја тинтрам, очекувајте дека ќе ја пеплосам косава за многу, многу брзоооо...
Незнaм зoштo се кaaм зa пеглaвa. Дaдoв 1750 денaри мн пoвеќе oд кoлку штo плaнирaв. Ми се дoпaднa нa изглед,сaмo тaa јa гледaв другa не пoгледнaв. Хaхa сo јoни,керaмички плoчки и 210 степени. Сегa е дoбрa,виткa пеглa,не куби.. сепaк нештo ме ,,вoзнемирувa,,
http://www.technomarket.com.mk/products/09135447/rowenta-sf-3122 Дали некој ја има пресава и како е задоволен? Ич не се разбирам па дајте некој совет девојки Ми треба за виткање почесто
Одлична е, немој да се мислиш. Со Ровента никогаш нема утка, другарка ми ја има истата, ја имам користено и јас неколку пати баш за виткање и многу убаво и лесно се прават. И цената како што гледам - одлична.
Ме подзамисли тоа за јони и дали и се керамички плочките... не видов во описот да пишува за тие карактеристики..Сепак фала ти за советот се надевам нема да погрешам
Да ми препорачате преса за коса до кај 2000 денари максимум. Би ја користела за виткање и ептен ретко за исправање на некој прамен. Гледав една на Philips во Нептун околу 1200 беше. Ја бива или да не ги давам парите џабе? Не сакам да давам многу пари бидејќи пресава би ја користела од време на време и не знам колку ми се исплати да лупнам еден куп пари Предлози?